- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.399
- Поени од реакции
- 38.955
Скопска пивара и неправдата кон 34 годишен електричар Томе Стојановски и трагична последица
...на социјални мрежи ми испадна пред очи една животна приказна на еден чесен работник во Скопска пивара во екс Ју Македонија, па мислам дека и по толку време може да биде актуелна за некој ако му пукне филмот од денешнава партизација и вработување со непотизам, откажување на сите механизми кои би требало да биде заштита на работникот, како синдикална организација и разни невладини здуженија кои се грижат за човекот и неговото право и здравје на работно место.
...34 годишниот електричар од Горно Коњаре се вработува во скопска пивара. Вреден и чесен, станува прв синдикалец но брзо влегува во конфликт со социјалистичките чауши во фабриката. Набргу бива избркан и од работа и од партија. Еден февруарски ден во 1966 година, Томе за последен пат влегува во фабриката, со полн пиштол.
...вреден, работлив и чесен до степен на наивност,Томе бил член на сите можни младински и сениорски комунистички организации, член на работничкиот совет на претпријатијата во кои работел а во Пиварата за брзо време станал претседател на синдикалната филијала и се` би било феноменално и патот кон Марксовиот рај отворен доколку Томе поради својот карактер не дошол во судар со реалноста во која раководството на фабриката било склоно кон малверзации.
... неправилностите во работењето на директорите изразено во протекција на `подобни` вработени, вработување на роднини и нивно поставување на помалку напорни работни места како и промовирање на местото кое по сета логика му припаѓало на Томе – воделе кон неочекувана кулминација.
...Томе како синдикалец често ги критикувал и повикувал на одговорност раководните лица на Пиварата кои што биле градски моќници во тоа време. Веројатно Томе бил вистински поклоник на самоуправувањето но што му вредело тоа кога во Јануари 1966 бил отпуштен од работа. Томе верувал во системот и го покренал прашањето на неговото отпуштање пред општинскиот партиски комитет, потег кој не само што не му помогнал туку и довел до негово исфрлање од партијата!
...Томе имал во план да оди на суд за да докаже дека е во право – кога до неговите уши стигнале гласините лансирани од неколку фабрички кодоши дека наводно спиел на работа, ѕиркал во женските вецеа, дека бил нервно растроен и уште многу слични муабети кои до срж го навредиле Томе.
...дното било допрено во последните денови од работниот однос, кога не наишол на подршка од своите колеги кои приватно го подржувале, но јавно си молчеле за да не се замерат со управата.
...се што му останало било многу гнев и пиштол Збројевка во популарниот калибар 7,65мм, така Томе на 10.Февруари 1966 се вратил во пиварата за последен пат под изговор дека треба да се раздолжи околу алатот, па во алатницата очекувал да ги најде двајцата кодоши за кои разбрал дека го клеветеле, инженерот Владо Христовски кого го усмртил веднаш со еден истрел во главата и техничарот Божо Дапчевски кој бил убиен на идентичен начин.
...после тоа Томе го продолжил трагичниот пат кон управната зграда каде што го пронашол директорот Киро Ванински кој излегол да види што се случува – и добил три куршуми from point blank range, а четвртата жртва бил секретарот Љубо Додевски во кој ги испукал преостанатите три куршуми во канцеларијата.
Бамммм, баааам, баааам

...Томе излегол надвор, го оставил пиштолот на земја и изјавил нешто како `Јас своето го завршив, направив тоа што требаше да се направи „ Повикајте Милиција.` ја сочекал милицијата и без отпор заминал во притвор.
...ликвидација на четири особи била нешто незапаметено за тоа време, сиромашно со тешки злосторства и серијски убијци, феномени кои ќе се појават многу подоцна, со транзицијата, а уште пошокантно било тоа што Томе не бил делинквент или на било кој начин поврзан со криминал и насилство.
... на судењето кажувал дека сакал со оружје да се бори против бирократијата и чиновниците кои го загорчувале животот на секој чесен човек, тврдења кои воопшто не му помогнале, па бил осуден на смрт со стрелање, покасно по многу жалби случајот стигнал и до врховниот суд на Југославија кој неочекувано му ја заменил смртната казна со доживотна робија.
...со затворената врата од ќелијата во Идризово се затворила и приказната за Томе Стојановски, но трагичната приказната завршува со преиначувањето на смртната казна за Томе Стојановски во доживотен затвор во Идризово, благодарејќи на неговиот адвокат Филота Фила (татко на Тома Фила од познатото влашко адвокатско семејство од Битола).
... но, во коментарите на Јутјуб има и други детали од луѓе кои го познавале или преку родинин или лично, според нив, некаде на почетокот на 80-тите Томе бил пуштен од затвор заради рак на белите дробови и не му давале уште многу живот, но, заминал да живее во едно струшко село, собирал лековити билки и целосно се опоравил од болеста, а сите го паметат како добар и чесен човек, а во други коментари се вели дека Томе не е веќе меѓу живите.
... не е позната понатамошната судбина на Томе, ако тогаш имал 34, денес би имал околу 90 години , дали има некој од Струмица да знае дали е сеуште жив?

Последно уредено: