Пивара Скопје ќе „кастри“ 50 работни места

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Пивара Скопје ќе „кастри“ 50 работни места

pivara-skopje-kje-kastri-50-rabotni-mesta-100394.jpg

Една од водечките компании во Македонија, Пивара Скопје АД најави кратење на 50 работни места во рамки на планот за организациско преструктуирање на компанијата.
Местата кои ќе се укинат се од дејностите и услугите, од кои компанијата планира да се ослободи во наредниот период.
„Водејќи сметка за социјалната сигурност на сите кои се вклучени во овој процес и во согласност со политиката и традицијата за корпоративна социјална одговорност, Програмата за преструктуирање предвидува можност за финансиски пакет од 24 нето плати по вработен“, се вели во соопштението на компанијата, во кое се додава дека наведената сума е значително поголема од онаа што е дефинирана со законот.
Воедно се истакнува и можноста дел од вработените да бидат преземени од фирми со кои ќе се склучат договори за извршување на услуги или нивно преквалификување.
Компанијата на ваков чекор се решила поради тековните предизвици на светскиот и домашниот пазар. Тоа било поводот за почнување процес на организациско преструктурирање што треба дополнително да ги зајакне целокупните перформанси на компанијата и да ја обезбеди нејзината одржлива иднина.
Паралелно со овој процес, Пивара Скопје информира дека продолжува со интензивни вложувања во производството на пиво и безалкохолни пијалаци, каде што само во изминатата деценија беа инвестирани над 50 милиони евра.
Целта на овие два паралелни процеса, интензивните инвестиции и континуираното зголемување на продуктивноста и ефикасноста е да се обезбеди одржлива иднина на компанијата и да се одржи нејзиното силно позитивно влијание на заедницата на која и’ припаѓа, велат од компанијата.

Извор: Kajgana
 
Бојкот на пивото! Ајде да протестираме.
 
Се чуствува кризата веќе готово.Ова со отпремнинава и со прераспределбата на кадар ќе ублажи малце ама колку ќе видиме за некој месец..
 
Па ќе крати кога пивото за к.. не им го бива.Фала богу има избор на пива што вредат нешто.Кенбах на пр.

Скопското ако не чини не знам кое друго македонско пиво чини, оди филмај се со Амстелот во рака (n)
Едит - Кратењево на работниве места се случува од вакви како вас што го форсираат извезеното, небаре тоа е поубаво.
 
Крали Марко пијам јас скопско не, е и затоа ќе кратат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Еее браво.Најјако пиво во МК било Скопско.Добро што не сме 1982 па да го има само тоа како понуда во маркетите.Сега барем имам избор и можам да си купам квалитетно пиво.А меѓу Лашко,СтароПрамен,Туборг,Карлзберг,а и битолско Кенбах,Скопското е шит.
 
Еее браво.Најјако пиво во МК било Скопско.Добро што не сме 1982 па да го има само тоа како понуда во маркетите.Сега барем имам избор и можам да си купам квалитетно пиво.А меѓу Лашко,СтароПрамен,Туборг,Карлзберг,а и битолско Кенбах,Скопското е шит.

Ќе ти кажам ја кое пиво е најдобро, најдобро е ладното пиво. Сите пива се прават на ист начин и не гледам зошто толку ти е лошо Скопското.
 
Скопското е шит.

Ова е оти Скопјанишчата ви го сркет ензерото со лајца за беспари?

50 луѓе ќе останат без работа, а вие за вкусовите расправате.
 
Ова е оти Скопјанишчата ви го сркет ензерото со лајца за беспари?

50 луѓе ќе останат без работа, а вие за вкусовите расправате.

Е не бе нема да останат, коа на пивофестот во Скопје, Прилеп и Охрид се ставаат странски пива во фрижидерот, како амстелот и ред други...No sense.
 
скопското е тапа пиво исто како и прилепскиве, најдобро македонско пиво е битолско и кенбах. Овие 50 го кркаат заради битолска пивара, мада треба да си го подобрат пивото а не да кратат на вработени
 
Скопското ако не чини не знам кое друго македонско пиво чини, оди филмај се со Амстелот во рака (n)
Едит - Кратењево на работниве места се случува од вакви како вас што го форсираат извезеното, небаре тоа е поубаво.

Скопското не е тоа што беше, има периоди во годината каде што е неподносливо а има и подобри домашни, на пример Кенбахот ама сепак тоа е субјективна работа. Иначе подобро да пијам странско пиво него неквалитетно, на пример Битбургер од КАМ.

За веста: Ова е класично outsourcing, значи луѓето се одпуштаат но преку трети фирми пак ќе работат иста работа, нормално за пола помала плата. Еее, кога веќе најуспешните фирми почнуваат со вакви работи што останува за помалите? И сепак би им предложил да вложат повеќе во квалитетот на нивните производи, на пример на Скопското пиво. Фала Богу има избор на пазарот.
--- надополнето: 12 септември 2012 во 19:04 ---
Ова е оти Скопјанишчата ви го сркет ензерото со лајца за беспари?

50 луѓе ќе останат без работа, а вие за вкусовите расправате.

Па види, потрошувачите одлучуваат. Има тука и улога цената ама очигледно Скопско губи потрошувачи и тоа не само на поефтини пива туку на подобро би рекол. И јасно е дека поради вакви утки на компанијата прво најслабите вработени или најниските, како сакате, ќе бидат шитнати.
 
скопско ако сака да опстои мора квалитетот да си го подобри а и цената, а радлерот да не зборам чист промашај
 
Наместо да бараат начин како да се постават на пазарот поради конкуренцијата, они ќе отпуштаат работници.
Знаев ја дека ќе им се намали потрошувачката чим почнав да пијам Кенбах :icon_mrgr:
 
Точно 56 вработени изгубија работа. Инаку се работи за тие што работат во безалкохолниот дел, не го мешете пивото тука. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom