Понекогаш помислувате дека треба сè да правите сами? Да наоѓате соодветна шминка, фризура, да купувате производи за убавина и нега… но, некогаш немате ни време ни нерви за ова.
Модерната технологија секојдневно ни го олеснува животот. Истото важи и кога станува збор за нашата надворешна убавина. Овие неколку апликации им помагаат на жените ширум светот да го негуваат својот изглед и да блескаат секој ден.
SEPHORA + PANTONE COLOR IQ
Наоѓањето соодветна нијанса на пудра за вашето лице не е баш едноставна работа. Толку многу нијанси и можности, а со погрешен избор ви следува пудра која не е соодветна за вашето лице, ни според текстурата, ни според типот на кожата, а ниту пак според тенот. Секоја кожа е посебна и треба да се негува на соодветен начин. Sephora + Pantone Color IQ ви помага да ја решите дилемата. Засега апликацијата е достапна само во продавниците на Сефора.
INSTYLE HAIRSTYLE TRY – ON
Секојдневно следиме примери од црвениот тепих и некогаш навистина би сакале да украдеме некој изглед од познатите. Апликацијата InStyle Hairstyle try-On ви помага да откриете како фризурата која ви се допаѓа би одговарала на вашето лице. Има стотици фризури кои може да ги пробате, а самата апликација става акцент на најновите трендови.
UV SAFE TIMER
Апликацијата UV Safe Timer e одлична помош при сончање, особено за оние кои имаат чувствителна кожа. Според тоа какво заштитно средство користите, тајмерот ќе ве извести кога е време да нанесете повторно, за да не добиете изгореници. Алармирањето е базирано на типот на вашата кожа и на УВ индексот на местото каде се наоѓате.
LANCÔME MAKEUP
Оваа апликација ви помага да испробате различни мејкап изгледи, а дополнителна погодност е тоа што можете да мешате и комбинирате бои. Со Lancome Makeup можете лесно да откриете кога имате доволно шминка, а кога премногу.
HAIRCASTER
Иако сè уште не е достапна за сите, девојките кои навистина внимаваат на секој детаљ поврзан со нивната коса и фризура со нетрпение ја очекуваат оваа апликација. Од Haircasterнаутро добивате информации за тоа какво време се очекува во текот на денот, колкава ќе биде влажноста на воздухот, силата на ветрот и очекуваната температура, и како сето тоа може да влијае на вашата коса. Со други зборови, ви кажува што да направите со вашата фризура според временските услови кои се очекуваат во текот на денот.
SEPHORA TO GO
Сè ви е дадено како на чинија. Sephora to Go ги истакнува најновите трендови, мејкап изгледи и козметички производи. Најновата верзија дури ви нуди и огледалце за да се гледате себеси како ја нанесувате шминката, и да се споредите со видеото прикажано како туторијал.
(превземен текст)
-Колку ги користите овие апликации за убавина?
-Кои телефони ги поддржуваат овие апликации, т.е што е најосново што треба да има мобилниот за да може да ги користи овие апликации?
-Дали мислите дека се навистина корисни пред се?
Ако знаете некоја апликација плус, споделете ја во темава.
(ако е темава дупла се извинувам)