Франција со "европските вредности" и ромите со нивната декада

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Франција им ги уништува приколките на Ромите и им дава пари да си одат дома


Француската полиција продолжува со растурањето на нелегалните населби од приколки и шатори во кои живеат Роми, речиси сите од Романија и од Бугарија, пишува Дејли меил.

Во најновата акција, која потсетува на „војната“ против ромските емигранти, која во летото 2010 ја водеше тогашниот претседател Никола Саркози, околу 500 полицајци ја размонтирале ромската населба во Сан Прест, источно предградие на Лион. Саркози и неговата десничарска влада заминаа во историјата, а новите социјалистички власти очигледно ја продолжуваат истата политика кон Ромите.
Полицајците упаднале меѓу приколките и ги отстраниле од плацот, кој го зазеле Ромите. Некои од приколките биле отшлепани, а некои едноставно уништени на самото место, како што биле уништени и растурени шаторите што ги подигнале Ромите.

Полицијата на крајот собрала околу 180 Роми, вклучувајќи 50 деца и бебиња, а за нивната судбина допрва ќе решава француската држава. Досега практика било полицијата во полна опрема за разбивање демонстрации да ги испрати Ромите на авионски лет до нивната матична држава.
Еднакво немилосрдна акција на растурање ромска населба француската полиција извршила и во понеделникот во предградие на Париз, од каде што биле иселени 70 Роми, меѓу кои и 19 деца. Дејли меил пишува дека вакви акции на присилно отселување во Франција се случуваат речиси секој ден низ целата земја, а полицијата во упадите користи чадни бомби и кучиња. Акциите се еднакво ефикасни колку што се и контроверзни.

Француските власти се толку решени повторно да не ги видат Ромите што еднаш ги испратиле во матичната држава што покрај трошоците за патот, им даваат по 300 евра за возрасни и 100 евра од дете.
Оваа помош ќе ја добие и 34-годишниот Љупчо, кој жената и петте деца бил исфрлен од Сан Прест. Кога ќе тргне кон матичната Бугарија, тој ќе понесе со себе 1.100 евра, подарок од француската влада, пишува Ројтерс.
 
Ако ромите илегално престојуваат во Франција не гледам причина зошто да не бидат иселени. ЕУ може само на нас да ни се заканува со укинување визна либрализација и еден куп санкции поради азилантите, а не може на Бугарија или Ромнија... они веќе се во нивниот круг.
 
Нека ги вратат сите Бугарчиња назад, дома. Да си ги ранат.
Убаво прави Франција. И сите така треба да направат. Исто и за напливот на црнци од Африка. Сите по еден кајак и цурих назад. И ние косоварите треба да ги вратиме вака. Секој на свое место. Кога веќе има само штета, а аир никаков. Чист трошок.
 
Така и треба, на кого му треба шлајмот од народ да ги собира во својата земја кои талкаат насекаде и престојуваат нелегално притоа прават и други нелегални работи. И кај нас овие азил што бараат и се хранат на државна сметка додека ги чуваат тука треба под итно да се пратат во нивните земји назад, доволно е само да им платат пат за други работи нека си се снаоѓаат сами.
 
Ако ромите илегално престојуваат во Франција не гледам причина зошто да не бидат иселени. ЕУ може само на нас да ни се заканува со укинување визна либрализација и еден куп санкции поради азилантите, а не може на Бугарија или Ромнија... они веќе се во нивниот круг.
Друга е поентата на нас цело време ни солат памет како треба да се однесуваме спрема тој спрема оној а тие што тоа ни го проповедаат не виделе они како се однесуваат, кај нас една прикола да беше скршена и избркани , имаше Хелсиншки, Обсе Еу и кој уште не да ни држи лекции за демократија , човекови права хуманизам и триста тракатанци. Значи кај нас бараат да се понашаме европски а они може да се однесуваат варварски. Европските вредности се толеранција,солидарност,соработка инт, па ме интересира кој вредности се застапени тука, нели се они во Еу и така секој граганин на еу има непречено движење и слобода, и можност на граѓаните да живеат каде сакаат. Зошто не им го обезбеди тоа право за кој они се залагаат? Зошто спроведуваат расна и етничка дискриминација? А нас не учат да бидеме европски и да не правиме расна и етничка дискриминација. Ова само ја потвррдува дволичната политика на Еу.
 
Убаво прави Франција, нема што.

Само да се случи истово сценарио во Македонија, тогаш цела Европска Унија ќе ни се качи на врат како Македонија не ги почитува правата и слободите на малцинствата, ќе се пишуваат протесни писма до Брисел и до целата меѓународна заедница, ќе се организираат протести, ќе ни се закануваат дека нема да влеземе во ЕУ затоа што не ги почитуваме меѓународните права и слободи.
Чудна работа овие ‘‘европскиве вредности‘‘ некаде важат, а некаде не :свиркам:
 
Убаво прави Франција, нема што.

Само да се случи истово сценарио во Македонија, тогаш цела Европска Унија ќе ни се качи на врат како Македонија не ги почитува правата и слободите на малцинствата, ќе се пишуваат протесни писма до Брисел и до целата меѓународна заедница, ќе се организираат протести, ќе ни се закануваат дека нема да влеземе во ЕУ затоа што не ги почитуваме меѓународните права и слободи.
Чудна работа овие ‘‘европскиве вредности‘‘ некаде важат, а некаде не :свиркам:
Браво бе девојко ја кажа поентата заради која и ја отворив темата:)
 
Еве во контекс на лицемерието и „вредностите“ одлична колумна денес за Сирија:
Неефикасен колективен систем на безбедност
Сирија – очи ширум затворени
A8FAEC2031E3E94C8C19BDE307B267B0.jpg

Kрвопролевања, убиства, жртви, страдања, глад. Веќе осумнаесет месеци во Сирија се случува конфликт. Според меѓународното хуманитарно право, кое има цел да ги спречи страдањата и да ги ограничи методите на војување, притоа воопшто не навлегувајќи во причините за конфликтот, сирискиот конфликт може да се дефинира како немеѓународен. Kонфликт чии страни се државата и органите застапени од државата од една страна, какви и да се тие, диктаторски или авторитативни, и од друга страна недржавни ентитети, како на пример бунтовниците против режимот на Башар ал Асад.

Kако и во сите останати конфликти, за жал, и во овој страдаат невини луѓе: жени, деца, стари; домови се разурнати, фамилии се разделени. Kорпусот на хуманитарно право дава заштита во конфликт каде што ретко се знае кој што прави и каде што постојат масовни кршења на човекови права. Потребата од негова зголемена имплементација и спроведување од сите страни на конфликтот е повеќе од евидентна. За трагедијата и иронијата да бидат уште поголеми, овој конфликт не е ниту прв ниту последен во низата. И ние бевме сведоци на крвопролевање, кое ни се врежа во колективната меморија и ги означи тинејџерските денови на мојата генерација, можеби не во толкав размер во РМ колку што тоа беше случај во другите делови на бивша Југославија, но сепак остави психолошки траги врз една цела генерација.

Настаните во Сирија, иако далечни, пред с` поради географската дистанца и различноста со нашиот регион, никако не смеат да н` остават рамнодушни. Доколку политички се анализира целокупната ситуација, може да се забележи дека постои одредена комплексност затоа што се инволвирани многубројни актери и истовремено се присутни повеќе елементи. Сепак, постојат два основни аспекта; односно од една страна - причините за конфликтот, а од друга страна - како да се минимизираат неговите последици и заштитат жртвите. Оттука нема да зборувам дали ова е соодветен начин за постигнување системска и политичка промена, затоа што врз овие прашања влијаат различни фактори, а и поради фактот што временската дистанца е таа која ќе даде одговор на сево ова. Текстот ќе се осврне на вториот аспект, односно на одговорите или реакциите за минимизирање на страдањата на невините жртви и спречување масовни кршења на човековите права.

Дефинитивно ситуацијата во Сирија е претпоследната во низата обиди за рушење на диктаторски режими во арапскиот свет. На пример, диктатурата во Тунис преку граѓански бунт и револуција се замени со повеќепартиска „демократија“, при што скоро се донесоа доста регресивни закони во однос на родовата рамноправност. Во Египет слично, но значајно поинтензивно, со силна граѓанска револуција и отпор, беше срушен авторитативниот режим, кој привремено беше заменет со претставници на војската, за потоа на власт да дојде происламски избран претседател. Либија исто така се побунтува. Прашањето на легитимитет и автентичност на овие движења веројатно ќе биде одговорено во блиска иднина, кога од дистанца ќе може да се евалуира нивната улога.

Разликата на случувањата во Сирија, од сите останати споменати, е во тоа што насилствата се со огромен интензитет и се временски пролонгирани. Дополнително, граничните области со Либан, каде што има голем број сириски бегалци, се исто така зафатени од борбени дејства меѓу оние што го поддржуваат Асад и оние што се борат против него. Додека, пак, сличност на сите овие е што меѓународната реакција беше задоцнета или воопшто не постоеше, со исклучок на Либија каде што НАТО влезе на голема врата и застана на страната на бунтовниците, со што го потпомогна паѓањето на режимот. Имено, НАТО се инволвира заради потребата од имплементација на резолуцијата 1973 (2011) донесена од Советот за безбедност на ОН, која побара земјите-членки на ОН да „ги преземат сите потребни мерки за заштита на цивилното население исклучувајќи каква било странска окупација“. Прашањето е дали оваа резолуција авторизира воена интервенција на НАТО во Либија во толкав обем и мера или не. Од самиот текст не може да се изведе заклучок.

И во Либија, како и во случајот со бивша Југославија, беа констатирани повреди од страна на НАТО, но во првиот случај Меѓународниот суд на правдата се изјасни како ненадлежен по тужбата на Србија против сите земји-членки на НАТО, поединечно. Во однос на Либија, не постои последователна евалуација на евентуални кршења на меѓународното хуманитарно право од страна на НАТО, и оттука ниту пак можност, а ниту интерес за преземање какви било дејствија за утврдување негова одговорност. Но, сево ова не е исклучена опција.

Во Сирија, покрај осумнаесетте месеци крвопролевања и разни повреди на човекови права, с` уште нема излезна точка, туку ситуацијата од ден на ден с` повеќе се влошува. Меѓународниот одговор на убиствата иницирани од Асад е со доста слаб интензитет и е диспропорционален на насилствата што се случуваат. Обединетите нации заедно со Арапската лига, го пратија поранешниот генерален секретар Kофи Анан во улога на преговарач со режимот на ал Асад, за да го поттикне да го почитува мировниот план. Но, Анан призна дека се соочени со исклучително тешка и безизлезна ситуација, каде што воедно недостигот на меѓународна соработка е забележителен.

Загрижува и фактот што пред некој ден шефот на набљудувачката мисија на ОН се повлече од својата позиција поради изјавата на новиот претставник на ОН, наследникот на Анан, дека е исплашен од големината на задачата во Сирија. Советот за безбедност на ОН како по обичај е блокиран поради начинот на едногласно одлучување во донесување резолуција, согласно поглавјето 7, кое нуди можност за остри мерки против државите што го загрозуваат меѓународниот мир.

Оттука, дали меѓународната заедница намерно е слепа или заврзаните раце се причина на разноразни пазарења. За време на нападите врз СР Југославија, канадската влада, под покровителство на меѓународната заедница, донесе извештај под наслов „Обврска за заштита“, со цел да го оправда бомбардирањето на НАТО врз Kосово, во недостиг на резолуција од Советот за безбедност на ОН. Kаде е сега овој документ? Или, пак, употреба на сила, или како што милуваат да речат нашите западни чувари – хуманитарна интервенција се применува селективно, односно кога постои интерес. Па нели претставува обврска? Е, па, господа претставници на меѓународната заедница и организации – лицемерството е очигледно на вашите бледи ликови, додека во моментов гинат и страдаат невини луѓе. Прашањето ми е што ќе сторите вие во врска со сето тоа?
Јана Лозаноска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CD095CE27CBBBC47A0504DD14F36275C
 
Друга е поентата на нас цело време ни солат памет како треба да се однесуваме спрема тој спрема оној а тие што тоа ни го проповедаат не виделе они како се однесуваат, кај нас една прикола да беше скршена и избркани , имаше Хелсиншки, Обсе Еу и кој уште не да ни држи лекции за демократија , човекови права хуманизам и триста тракатанци. Значи кај нас бараат да се понашаме европски а они може да се однесуваат варварски. Европските вредности се толеранција,солидарност,соработка инт, па ме интересира кој вредности се застапени тука, нели се они во Еу и така секој граганин на еу има непречено движење и слобода, и можност на граѓаните да живеат каде сакаат. Зошто не им го обезбеди тоа право за кој они се залагаат? Зошто спроведуваат расна и етничка дискриминација? А нас не учат да бидеме европски и да не правиме расна и етничка дискриминација. Ова само ја потвррдува дволичната политика на Еу.

Двојни стандарди на ЕУ. Зар уште не се помиривме со тоа? ЕУ ја има моќта да манипулира, а ние ја немаме таа среќа да играме од нивна страна.
 
А да ги примиме ние кај нас во Македонија, ионака веќе си имаме искуство со бегалци и раселени, тогаш може ЕУ ќе ни рече ‘‘ БРАВОООО ‘‘ и ќе не пофали дека доследно ги почитуваме европските вредности:свиркам:
 
Јас после толку години, се уште не сфатив кои се тие европски вредности? ЕУ има заеднички вредности? Не разбирам, демек солидарноста е исклучиво европска вредност, не смее да ја има во Австралија? ЕУ имаат измешани приоритети, од една страна даваат огромни суми на пари на Балканот на организациите за еманципација на Ромите, а од друга страна се крајно лицемерни и си играат пинг понг со нив меѓу себе. Крајно несериозна политичка унија, затоа и се случуваат вакви работи, затоа евроскептицизмот расте. ОК, како економски концепт сосема го разбирам нејзиното постоење, ама од политички аспект има повеќе дупки од улиците во Кисела Вода. Дали се обидуваат да станат паднан на САД? А ако е тоа, ќе си ја цитирам мојата Тачерица: Америка е изградена на филозофија (Уставот, Bill of Rights), Европа на историја и затоа кога се прави нешто треба да се земат историските околности и услови, а не само да дрднаат за европски вредности.
Европски вредности...
Се уште чекам да ми даде некој конкретна дефиниција за тоа што се европски вредности.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom