Мистичен
Човек
Ескалира состојбата во државната телевизија. Се собраа и отпуштените работници и дел од сегашните вработени. Сите се револтирани. Обвинуваат дека Гордана Стошиќ и нејзиниот менаџерски тим се виновни за распаѓањето на МРТ.
„Ја испративме со посмртен марш, од сите телевизии каде досега работела ја испратија со музика никогаш да не се врати, 35 години работев овде, сега сум без плата, нема кој да ми ги храни децата, како да ги плаќам сметките куќата тоне и нема спас, погрешен човек ставија во МРТ”, изјавија поранешни возачи во МРТ.
Протестираа само мал дел од сегашните вработени. Повеќето гледаа сеир од прозорците. Синдикатот одби да зборува за состојбата. Оние најхрабрите не криеа дека МРТ тоне.
„Се се темели на едно незнаење, а можеби и не сакање, да пропадне МРТ тоа е жално за државата, а најмногу за граѓаните одиме со уништена програма за да земеме пари и претплата. Јас сум претставник од доелите што ги формираше, неуспешно, срцев болесник сум дојдов по сини картони нема”, рече вработен во МРТ.
Утринава едно минутен прекин на радио програмата, вработените го предупредија менаџментот дека ќе мора да ги исплати заостанатите плати, хранарини, придонеси.
„Во 9:30 направивме прекин, како предупредување за штрајк, колегите се известени и синдикатот, и натаму ќе се преземаат мерки”, вели вработен во македонското радио.
Главната директорската фотеља во МРТ е празна. Стошиќ е во Турција далеку од случувањата.
Членовите на управниот одбор интензивно состанчат, денеска е исплатена една хранарина на над 1000 вработени. Кризата во државниот сервис се продлабочи постизборно, пари снема, менаџерскиот тим се разбега кој по одмори, кој со оставки.