Твојов муабет ме потсеќа на една стара парола: „Тито -- тоа сме сите ние!“ Можда е могуќе, мада сумљам дека е така, највише поради скепса. Еве што за ова вика науката: постојат многу шабански инкарнации, меѓутоа само 4 се докажани како вистински: Шабан Бајрамовиќ (најбољата инкарнација, односно правиот оригинал), Шабан Шаулиќ (солидно второ место), а третото (за спотер) го делат два пеливана: Шабан Сејдиу и Шабан Трстена. Сите други се псевдошабани, криптошабани, или шабаноиди.
Сега гледам дека отодовме оф топик. Он топик: одбраната на дипломска работа е интегрален дел од турбо фолк панорамата. Оттаму, бовчалоците со виски, накит и пиче се легитимна компонента на славеничката иконографија. Ред е да се прослави дипломирањето со сите сили и средства, и да се покаже чија куќа јаде мрсно. А ако логистиката дозвољава, огномет од регионални размери е сосем адекватен за ваква пригода, како и десетдневно крстарење по Медитеран за димломецот (ол инклузив пакет). Јас за мојата дипломска у стредно тапетарско имав (за моја голема жал) само мал дел од горенаведеново. Сепак, интимно најдраги ми се честитките на БТР од роднини и пријатели кои беа емитирани во ударен термин одма после вести. Со честитките мило ме израдува лично г. Цирко.