Џ
ЏинЏер
Гостин
Еве една тема за настанот со кој се гордееме ние Паланчаните. 
Секоја година, традиционално, на празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) се одржува народен собир во манастирскиот комплекс „Јоаким Осоговски“, во чест на овој светец и заштитник на Крива Паланка. Собирот има масовна посетеност од луѓе од сите делови на Македонија, но и голем број гости од други држави. Во текот на овие два дена, колку што трае собирот, се одржуваат и голем број пропратни манифестации, како Меѓународниот фолклорен фестивал на народни игри и песни.
А за оние кои не се многу по фолклорот- годинава за првпат се одржува и рок фестивалот Јоу фест (27.08), кој исто така очекуваме да прерасне во традиција.
Нема многу да кажувам и раскажувам. Тие што биле, знаат како е. На тие што не биле, топло им препорачувам да дојдат да видат. А ако еднаш дојдете, сигурно ќе посакате пак