20 ГОДИНИ АРМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Веќе почна во јавноста,да се пуштат муабети за подготовка
на годинешнава јубилејна прослава - 20 години АРМ (18 август)

Но дали не треба да се спомне и следново:
Периодот од 1941-1943 година е период на активна вооружена борба
на НОПОМ и претходница на создавање на регуларната Македонска
војска.Така на теренот на Втората ОЗ на планината Караорман во
месноста „Славеј“ на 18 август 1943 година е формирана првата
регуларна воена единица батаљонот „Мирче Ацев“.Во составот на
батаљонот влегоа следните НОПОМ:„Даме Груев“,„Димитар Влахов“
и борци од Првата ОЗ.
Раководството на батаљонот го сочинуваа:
Командант ...........................................- Наум Т. Веслиевски - Овчар
Заменик комамдант...............................- Мите Трповски - Војводата
Политички комесар............-.Стоилко Ивановски-Даскал-Планински
Заменик пол. комесар....................................-Трајан В(Б)елев - Гоце
Веднаш по формирањето на 11 септември 1943 година батаљонот
стапи во борба и учествуваше во првото заземање на градот Кичево
кој иако краток период ,стана прв ослободен град во Македонија.
Оваа акција овозможи батаљонот богато да се снабди со оружје,
муниција и друга потребна воена опрема од заробените магацини.

( Но овој датум е земан како формирање на АРМ,пред 20 години)
сега јас се прашувам,што мислите вие за овој јубилеј како е назначен
нели беше македонската војска од 1943-1945 и македонска Армија.
Крајот на војната во Македонија во ноември 1944 г. е дочекана со
66.000 борци и старешини,а на 15 јануари 1945 г 83.814 борци и стар.
На крајот на војната во Југославија 15 мај 1945 година
Македонската војска имаше 152.925 борци и старешини.
До 5 мај 1945 г. Македонија имаше 108.000 војници и старешини под
команда на ГШ на ЈА за Македонија.
Од нив 75.000 беа директно вклучени во борбените единици,
а 33,000 беа во состав на Военозаднинските установи.
Според наша проценка надвор од командата на ГШ на ЈА за Македонија
до почетокот на мај 1945 год. останаа околу 34.925 борци и старешини.
------------------------------------------------------
извор:Македонска Војска 1944-1945, Д-р Марјан Димитриевски - ИНИ
 
20 години Армија на Македонија - ќе се слави на 18 август 2012 г.
НЕ..........Македонија имаше своја армија со која и се ослободи
На 18 август 1943 год. е формирана првата (иако мала) воена единица
на македонскиот народ,на македонската војска.Баталјон „Мирче Ацев“
Тој е предвесник за создавање на една Армија -Македонска Армија од крајот на војната,...........од седум дивизии,
22 македонско народноослободителни ударни бригади,
4 артилериски бригади
3 пионерски бригади
1 коњичка бригада
1авто бригада при ГШ на НОВ и ПОЈ
1 бригада на народна одбрана
4 инжињерски бригади
и други специјални единици
--------------------------------
првата регуларна воена единица на Македонија
состав на денот на формирањето:
Баталјон „Мирче Ацев“ - вкупно 110 борци и старешини
Од нив 4 биле Евреи, 1 Влав, а другите Македонци
Баталјонот е добро вооружен со автоматско оружје кое во тоа време
е добиено со првата пратка од сојузничката помош преку аеродромот
во месноста Славеј на планината Караорман.
-----------------------------
извор:ослободителната војна во западна Македонија 1941-1944
Д-р Владо Ивановски - ИНИ СКОПЈЕ 1973
 
18 август 1943 година
батаљонот „Мирче Ацев“
вечна им слава на паднатите
и починатите борци од НОВ
кој се бореа и се изборија за
оваа слобода што ја имаме.
 
Сухоите летаа вчера или не се во возна состојба повеќе?
Одамна не се во возна состојба...:(

Од авиони ова е што имаме
poglednete-ja-galerijata-od-proslavata-na-20-godini-arm_74688.jpg
 
Сухоите летаа вчера или не се во возна состојба повеќе?
јас ги видов само хелихоптерите(добро ли напишав) летаа над Скопје,
море и знаме им се македонско вееше за:
Празник 20 години македонска војска
БРЗО некако се заборави и онаа војска од “41-45 година.
А пилоти имаше и тогаш „македонски“, а некој и неколку пати се вивнаа во небота во борба против Штуките,дали само се знае некое има нивно,или име на оние прави првоборци од македонската војска:
како....Дончо,Јане,Тиќо,Козар,Тарцан,Самсон,Орлов,Сокол,Полошки и др.
--- надополнето: 19 август 2012 во 16:07 ---
Одамна не се во возна состојба...:(

Од авиони ова е што имаме
poglednete-ja-galerijata-od-proslavata-na-20-godini-arm_74688.jpg

ЧИЧКО ПУШТИ ЛЕТКИ
анчо да трча на 66 како на 6 год.
 
"Oд авиони ова е се што имаме"

Доста е шо :) Ако пак бувне некоја војна , од соседите ке земаме :)))) а шо стана со сухоите ? Не ми текнува :)

ЧИЧКО ПУШТИ ЛЕТКИ !!! +1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom