Црвен крст

  • Креатор на темата Креатор на темата Cilibration
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јуни 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Возраст
35
Здраво на сите, ме интересира за црвен крст што се спасувачите, како оди таа работа, како се пријавува, каде, што треба да имам знаење, бидејки сакам малку волонтирање, а и ке уживам во работата цело време.
 
Една работа шо да ти расправам, ќе мкнеш пакети со помош по селава. Оди во просториите на Црвен Крст(зависи од кој град си) и таму можеш да се пријавиш.
 
Распрашај се во најблиските Црвен Крст бараки. Они ако не можат таму да ти помогнат, ќе те упатат на друго место.

Ако мислиш за спасувач на плажа, касно ти текнало...
 
Се полага тестови потоа се оди на обука јас на 17 години односно за 2 години ке го полагам курсот :)
 
Не за ова лето, за наредното, фреди ај објасни малку подобро? :)
 
Сестрами е волонтер. Нема врска тоа со пакетите. Сите волонтираат различно. Ти може ќе идеш по куќи и ќе им мериш притисок на старците. :)
 
^ Душа ми знае дали не се мкнат пакети и на + 50 (на овој пекол кога сите се кријат дома) дали не се дели вода... :pos: Нема врска машки женски, ако има проект и ако се разнесуваат пакети сите се вклучуваат, кој се најде - тој дели, оти тоа не се 5 пакети... Притисок не мери волонтерот, туку докторот што иде со нив. ;)

За спасувачи на вода и на планина поминаа обуките, обично се на пролет (доцна пролет). За спасувач на планина треба да знаеш соврешно прва помош и да имаш кондиција, оти тренинзите се лудило!!! За спасувач на вода треба да знаеш одлично да пливаш, плус кондицијата и познавање на прва помош. Тоа се `ко кондициони тренинзи, некогаш ден, некогаш неколку дена се одржуваат, зависи од пијавените и целта на обуката, ако поминеш ќе те примат, ако не - никому ништо. Исто е `ко конкурсот за полицајциве што беше сега, само кај нас е без есеј. :pos: Јас немам поминато обука за спасител на планина или на вода, само прва помош имам поминато. Никогаш не ме интересираа тој вид обуки, ама знам дека и тренинзите после се тешки.
Појди во било која општинска/градска организација на Црвен крст и кажи им дека сакаш да се вклучиш како волонтер, дека сакаш да ја поминеш обуката за прва помош и дека те интересира за спасувач на планина или на вода.

leandra, тебе деновиве ќе те преслушаме за прва помош. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom