Музички вести од македонската сцена

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Д.Н.О. за прв пат на Скопско лето!


dno6.jpg
По ефектниот концерт на Exit 06, каде настапија како Проџект Жлуст, извонредните Д.Н.О. овој петок во 20.30 часот ќе настапат во Куршумли Ан, на актуелново издание на Скопско лето, манифестација на која ќе концертираат за прв пат. Мотив повеќе да ги видите Мио и пријателите е тоа што овој концерт е бесплатен, но и заради тоа што подготвуваат интересен репертоар.
Нашата желба овој пат е да изведеме повеќе песни од нашето англиско цеде, како и неколку сосема нови композиции – изјави за МММ лидерот Владимир Поп-Христов, кој ни откри дека филмот за групата Мистериозен магичен лек, во режија на Ацо Станковски, полека влегува во завршна фаза, а некаде на есен истиот ќе го најави новата песна Слобода...
И, уште нешто! Во студиото ЖлустЖлусти го снимија своето најново цеде, кое претставува првиот студиски албум на групата.



понеделник, 17. јули 2006.
Ноне и Бојан Маровиќ на Макфест 06



nonenovasesija.jpg

Најавениот дует Ноне Неделковска – Бојан Маровиќ, најверојатно премиерно ќе биде изведен на претстојниот Макфест 06, дознаваме од дирекцијата на фестивалот. Тоа претставува плод на добрата соработка меѓу Премиер продукција и Горатон, матичните куќи на Ноне и Бојан. Сепак, се уште е непознато чија песна ќе пеат популарната пејачка и пејач, бидејќи за нив паралелно компонираат Јован Јованов, Григор Копров и Хари Котларовски, а единствено што е познато е дека ќе изберат тема која што најдобро им лежи...
 
Тамара сними песна со Никола Буровац


tamaranikolaburovac.jpg
Под наслов Тамара сними дует со дечко и од Белград, вчерашен Вест објави интересен текст, во кој пишува: Тамара Тодевска сними дует со нејзиниот нов дечко, српскиот пејач Никола Буровац. Песната се вика Маслине и вино и Тамара типува на летен лит во Србија и кај нас. Автори на песната се белградските композитори Марко Кон и Кобац, а наскоро ќе се снима и спот.
Откако се врати од фестивалот во Будва, Тамара почесто оди на гости во Белград, поради сестра и, но најмногу заради нејзината нова љубов. Тамара и Никола се запознаа на фестивалот во Будва минатиот месец, и за време на сите три фестивалски дена не се одделувале еден од друг. Младата пејачка ни откри дека е вљубена, и дека Никола наскор ќе ја посети во Скопје.
 
Биба подготвува нов албум


biba22.jpg
Биба Додева подготвува нов албум! Тоа е причината што веќе подолго време ја нема по медиумите и по фестивалите. Новиот албум ќе биде нешто сосема ново од мене. Песните се онака, за душа. Во нив може да се најдат многу генерации. На дел од песните авотрки стојам јас, но ќе има и песни од други автори, меѓу кои секако Владимир Дојчиновски- Дојчин. Намерно нема да се појавувам никаде додека не излезе албумот. До тогаш ми остануваат свирките по клубовите низ државава каде сум чест гостин. Засега единствена промена кај мене е тоа што од неодамна сум црнка, вели Биба.

 
.
Леб и сол ја претпочитаат Yamaha!



vlatkoyamaha.jpg

Легендарниот Влатко Стефановски од неодамна има нова гитара. Станува збор за моделот: Yamaha, електрична гитара AES 920, како и концертна акустична гитара GC 41 WC. Имено, по повод обединувањети на Леб и сол, светскиот музички гигант Yamaha се јавува како еден од спонзорите на славната четворка, што значи дека членовите се подновија со понекој нов инструмент. Инаку, Стефановски кој позираше со две свои нови гитари Yamaha, за прв пат истите ќе ги промовира на концертот во Охрид, на 2. август.
Патем, и на останатите членови наскоро ќе им пристигнат инструментите од Yamaha. Официјален застапник на програмата на музичките инструменти Yamaha за Македонија е продавницата ДоРеМи, која се наоѓа во склопот на МКЦ во Скопје.




Маја и Тоше во дует



tosemajaodzaklievska.jpg

Композиторот Григор Копров ќе компонира дуетска песна за Маја Оџаклиевска и Тоше Проески. Тоа било желба на Тоше, откако на телевизија го проследил настапот на Маја на Сунчане скале, минатата недела. Тоше на почетоците од музичката кариера беше пулен на Копров, кој за него ги напиша песните Усни на усни, Сонце во твоите руси коси... Композиторот со Оџаклиевска соработува со децении. Негови се хитовите Лиду ду, Те љубам лудо, Ники, Прости ми..., што таа ги отпеа.
Многу сум среќен поради идејата на Тоше. Задоволен сум како поминавме со Маја на Сунчане скале, и уште позадоволен што неодамна евровизиските обожаватели ја изгласаа неа со мојата песна Лиду ду да биде претставник на сите поранешни југословенски републики на виртуелниот евровизиски фестивал ОГАЕ Ретро 83. Се водат преговори таа да дојде и ревијално да отпее неколку песни на Охрид-фест, а покрај неа на листата на можни учеснички е и евровизиската претставничка Карола од Шведска - открива Копров за Шпиц.
 
Гаџа со нов видеоспот во режија на Миличевиќ


gadza7.jpg
Дејан Миличевиќ е режисер на новиот видеоспот на Адријан Гаџа, кој неодамна беше снимен во Албанија. Станува збор за нова песна на популарниот пејач која наводно е снимена во три верзии, на македонски, албански и на македонски јазик, а која е авторско дело на Роберт Билбилов. Додека спотот се монтира, Гаџа веќе договорил да се појави во завршницата на 12-от интернационален бихаќки фестивал што ќе се одржи на 22 јули.
 
Кумановчани одлепија на Бато


kaliopikumanovo.jpg
Поп-дивата Калиопи ја воодушеви публиката на концертот во Куманово, кој се одржа во саботата, на платото пред Домот на културата во Куманово. Концертот траеше час и половина, а кумановчани уживаа во нејзините стари и нови хитови. Како се ближеше крајот на концертот, така публиката беше се побројна. Децата, нејзината најверна публика, ги знаеја сите нејзини песни и цело време играа во првите редови. Калиопи ја дигна публиката кога ја повика нејзината генерација, која одлепи на хитот Бато.
Штета што организаторот, Центарот за култура на Куманово недоволно го изрекламира концертот. Многу од кумановчани не знаеја дека Калопи ќе пее. Да не одржеше прес-конференција Калиопи претходниот ден воопшто и немаше да има публика.
Концетот го отвори градионачалниокот Зоран Дамјановски, а во придружба на поп-дивата во Куманово беа и нејзиниот сопруг Васил Зафирчев, пејачката и актерка,Олгица Христовска со вереникот Дејан Кошутиќ, стилистите Лидија Перчинкова и Сретен Костиќ и други нејзини пријатели.
 
Тоше промовира во четврток!


bozilaktose.jpg
Новиот албум на Тоше Проески – Божилак, ќе биде промовиран овој четврток, (20. јули), точно напладне, на затворена прес-конференција за медиумите и спонзорите. Истата ќе се одржи во винаријата на национален ресторан Воденица, а паралелно со неа, по цена од 600 денари, во продажба ќе се најде CD-то Божилак со 14 етно-песни. Инаку, по враќањето од Јамајка, минатиот петок (14. јули) Тоше Проески одржа концерт во Мостар, на локацијата позната како ракометен стадион. На истиот присуствуваа околу 3.000 негови фанови, а, според очекувањата, атмосферата беше прекрасна. И на овој концерт со Тоше настапи неговиот придружен состав, а во репертоарот беа застапени најважните песни од целата кариера – Чија си, Пратим те, Лејди..., вклучувајќи го и актуелниот мега-хит Срце није камен.
Следниот концерт во Сплит ќе се одржи ова лето, поточно на 11. август. Во меѓувреме Тоше уште еднаш ќе отпатува за Лондон, каде се подготвува неговиот деби-албум наменет за светскиот дискографски пазар.
 
Дани на фестивал во Словенија


danistarata2.jpg
Викендов популарната Дани гостуваше на интернационалниот фестивал Мелодије морја ин сонце во Порторож, кој е еден од двата најголеми фестивали во Словенија. На покана од организаторот, Дани како гостинка од Македонија настапи во ревијалниот дел на втората полуфинална вечер, покрај хрватските пејачи Масимо Савиќ и Ивана Банфиќ. Била најавена како пејачка со голем музички потенцијал.
Оттаму носам само убави впечатоци. Словенечката публика ме познава по песната Срца две, чиј спот се уште е еден од највртените од Македонија на MTV Адриа. Настапив со таа песна. Сите изведувачи беа многу професионални, целосно сценски подготвени и со одлични кореографии. Најголем впечаток ми остави Моника Пучна. Имаше песна во фазонот на Луди летњи плес на Фламингоси, а нејзината изведба, со пеење и танцување, беше мошне ефектна - изјави Дани за Шпиц.
На фестивалот победил Домен Кумер со песната Банана. Сите песни биле изведени на словенечки јазик, освен оние на гостите од ревијалниот дел. Во финалето требаше да настапи и Мартин Вучиќ со победничкиот дует со Горан Каран од фестивалот Сунчане скале, но тој не успеа да добие словенечка виза.




Маја Панчева на одмор, па во студио


majapanceva10.jpg
Популарната поп-пејачка Маја Гроздановска - Панчева веќе наголемо работи на подготовка на нејзиот нов албум. За овој албум Маја реши да соработува со повеќе автори како што се Калиопи, Роберт Билбилов, нејзиниот соработник од Србија, Чедо Чворак, но и некоја од нејзиниот брат Танче Гроздановски. Маја вели дека песните ги бира полека и дека досега и се снимени само две.
До крајот на годината, за кога е планирана промоцијата на албумот, мислам дека се ќе си дојде на свое место. Нема зошто да брзам. Предноста кај мене е што имам соптвено студио па можам да снимам кога сакам. Следниов период маку ќе паузирам зашто со семејството ќе одиме на одмор, на првиот крак на Халкидики, вели Маја.
 
steel temple se predgrupa na whitesnake...jea...
 
Силви продолжуват со Сонце по дождот


silvibend.jpg
По еден период медиумска апстиненција (изземајќи го ланскиот Макфест, каде и не поминаа најсјајно!), Силви бенд се враќаат со нова песна. Баладата Сонце по дождот е авторско дело на нивниот (во последно време) постојан соработник – Александар Масевски, а истата беше снимена во неговото студио.
Се помина во најдобар можен ред, но, сепак, одлучивме песната да ја лансираме во етерот некаде пред крајот на летово – изјави за МММ Масевски, кој откако ќе се врати од годишен одмор, некаде по 15. август, ќе продолжи и со активностите врзани за кариерата на неговите нови соработници – Тања Б и Мартин Вучиќ.
 
Настап на игроорци од Струга и од Зрењанин
Членовите на културно-уметничките друштва „Илинден” од Струга и „Пионир” од Зрењанин, Србија, утре во 20.30 часот ќе заиграат на сцената во Центарот за култура во Струга. Гостувањето на српските игроорци во земјава е во рамките на прославата на нивниот 30-годишен јубилеј.

КУД „Илинден” постои 27 години и досега настапиле на голем број концерти во земјава и во странство, како и на ревијални и натпреварувачки манифестации.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Маратонски техно-журки на плажата Бисер во Струга[/FONT]

%7BC277FFE8-9E17-4596-BA64-03C3ED838C51%7D_dj-1.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] На 30. овој месец, на плажата Бисер во Струга, ќе се одржи техно-журката "Фрешер софт", во организација на "Јафа фреш". На журката ќе гостуваат осуммина домашни диџеи, кои ќе пуштаат музика од 10 часот утрото, па се до три часот следниот ден. Резидент-диџеите во текот на целиот ден ќе се натпреваруваат во пуштање музика, а победникот ќе добие сет од 12 часот на полноќ, па се до изутрина. Оттаму велат дека на таа плажа, на 5 август, ќе гостуваат популарните П.М.Џ. колектив и домашниот диџеј Горан Кан. (З.В.)
Ne e od makedonskata scena,no dobra vest e
[/FONT]
 
Цел Балкан ќе го гледа „Охрид фест
Пејачот Бојан Бјелиќ, лански победник на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури 2006”, ќе го отвори годинашното издание што од 24 до 26 август ќе се одржи на сцената во Долни Сарај
E0B62E97E993BC459AF3FE07B6CA3491.jpg

Пејачот Бојан Бјелиќ, лански победник на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури 2006”, ќе го отвори годинашното издание што од 24 до 26 август ќе се одржи на сцената во Долни Сарај.

Во трите фестивалски вечери ќе се слушнат многу нови хит-рефрени. На првата фолк-вечер ќе настапат 26 изведувачи. Втората вечер е посветена на македонската забавна песна, а за првото место и за влез во Меѓународната вечер ќе се борат 25 пејачи, меѓу кои има многу дебитанти.

Иако беше најавено учеството на Романа и на Жељко Самарџиќ од Србија, кои требаше да настапат на Интернационалната вечер, тие нема да допатуваат во Охрид бидејќи во истиот период имаат настапи во Австралија. На нивно место ќе настапат „Тропико бенд” и дуетот Вања и Миша. Меѓународната фестивалска вечер ќе се одржи на 26 август. Влез ќе обезбедат 12 изведувачи од поп-вечерта, кои ќе ги избере стручното жири и еден што ќе го избере директорот на оваа вечер, Даниел Колетиќ. Тој на вчерашната прес-конференција истакна дека ќе се потруди на оваа вечер да победи вистинската песна и дека овој фестивал може многу да помогне во промоцијата на македонскиот туризам.

На паузата од гласањето ќе има шоу-програма во која ќе настапат Бојан Бјелиќ, Бајага, групата „Зана”, групата „I have a dream” - која ќе има 30-минутно шоу со песни на групите „Аба”, „Ноу нејм” и на Рајко Дујмиќ.

Новина за годинава е наградата „Долни Сарај”, што ќе ја доделат акредитираните новинари на фестивалот. Директорот на фестивалот, Григор Копров, истакна дека од оваа година ќе има контролор што ќе се грижи за регуларноста на гласањето, за да не се повторат минатогодишните скандали. Директен пренос од сите три вечери ќе врши ТВ „А1”, а организаторите најавија дека „Охрид фест 2006” ќе се емитува и на програмите на други балкански и сателитски телевизии.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Елена на нов факултет и со нова песна [/FONT]

{68E86675-56E1-4672-B7DF-31B9ADAB1A59}_elena-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Од есен, поп-пејачката Елена Петреска ќе студира арт-дизајн на приватниот Европски универзитет. Таа до неодамна беше студент на Музичката академија, но вели дека уметничкиот дизајн и е нов предизвик и е среќна што ќе биде во првата генерација студенти на Европскиот универзитет.
Летово, како најава за својот втор албум, таа ќе промовира нов сингл, брза, модерна песна од Роберт Билбилов. За потребите на албумот, Елена најавува и нова фотосесија со секси фотографии. Заедно со вториот албум, публиката ќе го добие на подарок и првиот "Одам до крај", кој беше промовиран пред две и пол години, но не беше пуштен во продажба.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Телохранителот на Калиопи сам ќе ја обезбедува Цеца[/FONT]

{41170D2A-C2C1-47CF-A8DF-5570A1C44BC2}_bodigard-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Љубиша Новокмет, телохранителот на поп-пејачката Калиопи, ќе и биде личен телохранител на Цеца Ражњатовиќ за време на нејзиниот престој во Струга. Од продукцијата "13" решиле да го најмат Љубиша, оти тој има најголемо искуство во обезбедувањето јавни личности. Тој досега им бил телохранител на музичките sвезди Тоше Проески и Каролина, како и на познатиот бизнисмен Орце Камчев.
Секогаш во елегантни костуми, Љубиша во естрадните кругови е познат под прекарот Кевин Костнер. На годинешниот фестивал "Сунчане скале" цело време беше рамо до рамо со својата штитеничка Калиопи, која, како вистинска sвезда, единствена се шеташе со телохранител.
[/FONT]



[/FONT]
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПОП ПЕЈАЧКАТА АРНАУДОВА СЕ СВРШИ ЗА РАКОМЕТАРОТ ПЕТРОВСКИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кристина му избега на Брајан Фери[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поп пејачката Кристина Арнаудова (26) во саботата вечер се сврши со нејзиниот дечко, познатиот ракометар Александар Петровски (31). По петипол години забавување Александар, довчерашното десно крило на "Вардар Ватростална", решил да ја побара за жена[/FONT]

%7BC8E60B30-C32D-4A27-AC5B-45E492F29CC2%7D_kris-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Поп пејачката Кристина Арнаудова (26) во саботата вечер се сврши со нејзиниот дечко, познатиот ракометар Александар Петровски (31). По петипол години забавување Александар, довчерашното десно крило на "Вардар Ватростална", решил да ја побара за жена на најромантичен начин со прстен "сваровски". Кристина била толку среќна и изненадена што плачела два дена.
Блиски на вљубената двојка велат дека Александар имал идеја за многу понеобичен начин како да ја побара Кристина, но заради недоразбирање планот пропаднал.
- На Сашо и Кристина пасија им е одењето по концерти. Бидејки Кристина многу го сака Брајан Фери, Александар реши на концертот во Охрид да го наговори тој да ја запроси во негово име. Незнаејќи ги плановите, Кристина за да ја избегне турканицата порано излегла од концертот и кога Александар и се јавил за да дојде зад сцена таа веќе била далеку од салата "Биљанини извори" и немало време да се се врати. Па, на Александар му останало да смисли нов начин како да ја запроси", раскажуваат нивните пријатели.
За деталите околу нивниот понатамошен заеднички живот не сакаат да зборуваат ниту Кристина ниту Александар.
- Точно е дека се свршивме, но навистина нема што да коментираме околу тоа, ни рекоа и двајцата.
Нивните блиски велат дека Кристина и Александар иако веќе три години живеат заедно, сепак, никогаш не правеле сериозен муабет за свадба. Но, Александар постојано тоа го наговестувал. Па, во саботата го почувствувал моментот, се стрчал до автомобилот каде веќе два месеци го криел прстенот, и романтично ја побарал Кристина за жена. Свадбата се планира за крајот на годинава
[/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom