Нови привилегии за туристите од ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
:P= ( мало појаснување на дел од насловот- да не дојде до збунка;))

300px-Sunset-at-Sea.jpg

Во Германија ги советуваат туристите што да прават, ако се во Гејлада на одмор а таа излезе од еврозоната

Во екот на одморите Европската комисија претстави дополнителни права и нови олеснувања за граѓаните на ЕУ


При задоцнување на лет од над 5 часа авиокомпаниите се должни да осигураат при потреба алтернативен лет со друга компанија.
При патување со автобус на растојание над 250 километри - при каснење, или промена на часот на тпоаѓање може да настојувате автобусната компанија да ви компензира со авионски билет.
Ако багажот ви е загубен или уништен компензацијата се дига до 1 200 евра, а ако туристичките пакети ве изненадат со покачување на цената, тоа тогаш треба да е на сметка на операторот.
Туристите од ЕУ можат да се обратат за помош кон кое било и да е конзулство на земја-членака од Сојузот при проблеми во трети земји.
Со новите права, европските граѓани имаат право на бесплатна медицинска помош во земја од Евросојузот, во висина еднаква на националниот здравствен систем.
Меѓувремено германското списание "Фокус" публикува совети за странци, кои одмараат во Гејлада, што да прават, во случај да државата банкротира и излезе од еврозоната за време на нивниот одмор
Додека во Атина разгледуваат нови мерки за економија, Европа веќе не ја исклучува можноста да ја сопре помошта за Гејција. А тоа најверојатно ќе доведе до нејзино излегување од еврозоната.
Освен очекуваните последици како што се хаос, протести и недостиг на храна, "Фокус" предупредува, дека ако има смена на валутата, тоа ќе се случи преку некој викенд, кога банките се затворени.
Така туристите нема да можат да плаќаат со кредитните картици, ниту да вадат пари од банкоматите.
Препораката е да земат повеќе пари со себе си, кога тргнуваат кај јужниот сосед на одмор.
извор
 
Бидејќи Македонија НИКАКО не ќе може да се справи со ваквите барања на туристите од ЕУ- поарно и да не ги поканува - затоа што уште повеќе ќе се обрукаме .Па така најдобро е да се свртиме кон туристите од земјите од поранешна СССР и НРКина, па и Турција
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom