L
.Lost Angel.
Гостин
Не видов ваква или слична тема во пребарувањето па решив да отворам.
Бидејки повеќето патуваме дали самите возиме или патуваме со автобус без разлика повеќето од нас не ни ги знаат опасните патишта - ( црни точки ) Па решив да отворам тема ваква каде ќе ги постираме нашите искуства и ќе дадеме совет за одреден дел од некое место каде што е опасно за возење и треба да се отворат 4 очи... или пак да дознаеме каков е патот на одредена дестинација без разлика дали се работи за Македонија или пак за друга држава.
Еве нешто што најдов на нет за во Македонија ( црни точки )![soobrakjajka[4].jpg soobrakjajka[4].jpg](https://forum.kajgana.com/data/attachments/46/46985-f51e9b876a10a1887a2e882f9c3ec4f8.jpg?hash=9R6bh2oQoY)
Кратово – Пробиштип (35 км), регионален асфалтен пат кој минува низ интересен палеовулкански простор. Патот е со бројни непрегледни и опасни свиоци, особено од Кратово до Пробиштип (17 км), каде стрмно се искачува преку планината Плавица и превојот Жгури (878 м)

Хамзали – Суви Лаки (16 км), дел од регионалниот асфалтен пат кој ги поврзува Струмица и Берово. Овој дел од патот, стрмно се искачува околу 900 м по јужните, претежно каменливи, гранитни падини на планината Огражден. Патот е со бројни свиоци и стрмнини.
П.С ако не и е тука местото на темава преместете ја.
Бидејки повеќето патуваме дали самите возиме или патуваме со автобус без разлика повеќето од нас не ни ги знаат опасните патишта - ( црни точки ) Па решив да отворам тема ваква каде ќе ги постираме нашите искуства и ќе дадеме совет за одреден дел од некое место каде што е опасно за возење и треба да се отворат 4 очи... или пак да дознаеме каков е патот на одредена дестинација без разлика дали се работи за Македонија или пак за друга држава.
Еве нешто што најдов на нет за во Македонија ( црни точки )
![soobrakjajka[4].jpg soobrakjajka[4].jpg](https://forum.kajgana.com/data/attachments/46/46985-f51e9b876a10a1887a2e882f9c3ec4f8.jpg?hash=9R6bh2oQoY)
Илија Јовановски е еден е од ретките што таму преживеале директен судир. Тој во јули 2008 година при удар, и покрај отворените шест воздушни перничиња во „пежото“, доби сериозни повреди. Докторите во Ургентниот центар во Скопје му рекле дека за чудо преживеал. Лузната преку целото лице ќе го потсетува на несреќата.
- Имав неколку скршени коски и тешки повреди по целото тело. Се лекував со месеци, а последиците ми се трајни. Возев со 80 километри на час, а од автомобилот не остана ништо, иако е беспрекорно безбеден. Да имав полошо возило, ќе загинев. Патот треба да биде поширок, а потребна е трета лента - вели Илија.
Не минува ден, а да не се случи нешто и на Директорската кривина, 16-от километар, кај Пилав тепе. Тие места се потаму од Криво Крувче, кон Штип, Радовиш и Струмица. На патот Штип - Кочани опасно е меѓу селата Долни Балван и Чардаклија.
Вистински рулет за возачите е и патот Куманово - Крива Паланка. Опасности демнат на неколкуте црни точки, особено на последните десетина километри пред Крива Паланка. Поради лошата сигнализација и дупките, стариот пат од година на година зема сѐ повеќе жртви.
Опасни места има и во западниот дел на Македонија. Поголема внимателност за возачите, поради непрегледноста, ширината на коловозот или честото преминување на пешаци преку коловозот, се препорачува кај Зајас, Тајмиште и Ботун.
___________________________________________________________________________________- Имав неколку скршени коски и тешки повреди по целото тело. Се лекував со месеци, а последиците ми се трајни. Возев со 80 километри на час, а од автомобилот не остана ништо, иако е беспрекорно безбеден. Да имав полошо возило, ќе загинев. Патот треба да биде поширок, а потребна е трета лента - вели Илија.