@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
ПАВЛЕ ВОСKОПУЛОС ОД ВИНОЖИТО предлага

А Грк да ја води и економијата на ЕУ?
Европски омбудсман е Никифорос Диамандурос.
Од Грција е еврокомесарката за образование, култура и млади, Андрула Василиу, која одлучуваше за замрзнување на европските фондови за млади поради злоупотребата на овие средства во Македонија.
Придавката македонски исчезна од меѓуинституционалниот стилски водич на ЕУ под притисок на Димитрис Димитријадис кој беше на чело на Економско-социјалниот комитет на Унијата.
Од септември, и специјалниот претставник на ЕУ за човекови права, ќе биде со грчко потекло. На оваа функција доаѓа Ставрос Ламбринидис, поранешен министер за надворешни работи на нашиот јужен сосед. Тоа што Грци се наоѓаат на сите овие функции покажува дека Атина води сметка како земја-членка на Унијата, да има свои претставници на места преку кои ќе може да води агресивна дипломатија за атакување на терминот „македонски“, но и за продолжување на политиката на негирање на македонското малцинство.
За именувањето на Ламбринидис, од Брисел одбија да дадат конкретен одговор на прашањата од „Дневник“ дали земале предвид дека тој доаѓа од држава што ги игнорира пресудите на Европскиот суд за човекови права, не ги прифаќа извештаите на Советот на Европа и Обединетите нации преку кои од државата се бара да ги почитува правата на малцинствата, но и да ja ратификува Kонвенцијата за нивна заштита.
- Се работи за именување човек, а не на држава. Неговата биографија е импресивна, а одлуката за именување на Ламбринидис ја донесоа сите членки на ЕУ - ни одговори вчера Маја Kочијанчиќ, портпарол на Kетрин Ештон, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.
Иронијата во изборот на Ламбринидис за претставник на ЕУ за човекови права, Павле Воскопулос од Виножито сликовито ја објаснува со споредбата дека Унијата би можела да дозволи и економската политика да им ја води Грк.
- Зошто кога зборуваат за биографијата на Ламбринидис, не се заинтересираат кои се конкретните активности кои тој како министер ги направил за почитување на човековите права во неговата земја - вели Воскопулос.
Брисел бара да се почитуваат малцинските права
На прашање какви ќе бидат активностите на Ламбринидис во однос на малцинските права, од канцеларијата на Ештон н` упатија на Стратешка рамка и акционен план за човекови права и демократија, документ, кој Советот на ЕУ го усвои во Луксембург минатиот месец.
Од документот произлегува дека на идниот специјален претставник нема да му биде лесно да го бара од другите земји-членки истото што неговата сопствена држава не го исполнува.
Преку Стратешката рамка, ЕУ ги повикува сите земји да ја имплементираат Универзалната декларација за човекови права и да ги ратификуваат меѓународните договори за човекови права. Во документот пишува дека сите земји-членки на ЕУ мора да ги почитуваат човековите права, но и правата на малцинствата.
„ЕУ ќе го крене гласот против секој обид да се потцени почитувањето на човековите права. Повелбата за фундаментални права на ЕУ (потпишана од претседателите на Европскиот парламент, Советот и Kомисијата во 2000 година) и очекувањето ЕУ да ги прифати пресудите на Европскиот суд за човекови права преку Европската конвенција за човекови права ја подвлекуваат посветеноста на ЕУ на човековите права“, стои во документот.
Правилата да важат за сите
Турското малцинство во Грција (единственото кое Атина го признава, но како муслиманско), не очекува дека ексминистерот за надворешни работи на Грција ќе ја натера неговата земја да го оправда неговото назначување преку европски однос кон малцинствата.
- И европскиот омбудсман е Грк, што на прв поглед звучи добро, но ние не почувствувавме нешто позитивно. Не е важно дали е назначен Ламбринидис или некој друг, правилата треба подеднакво да важат и да бидат имплементирани од секоја земја-членка на ЕУ. Мора да се почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права, особено во делот на малцинствата, како што е онаа за Домот на културата во Лерин - вели за „Дневник“ Џемил Хабза, претседател на Kултурната и образовна фондација на малцинството во Западна Тракија.
На прашањето дали верува дека Ламбринидис ќе побара од својата земја да ги почитува препораките од Советот на Европа и од Обединетите нации за почитување на правата на малцинствата, Хабза објаснува дека тоа би било изненадување.
- Зошто само Грција, заедно со Франција, е исклучок и ја нема ратификувано Kонвенцијата за малцинства? Ние како малцински групи со години лобираме да се ратификува Kонвенцијата, но, за жал, грчките власти сметаат дека демократијата е на такво ниво, што нема потреба од прифаќање на ваквите документи - вели Хабза.
Министерството за надворешни работи го поздрави назначувањето на првиот специјален претставник на ЕУ за човекови права – Ламбринидис.
„Ова значајно именување претставува признание, но и поттик за Грција и за регионот на Југоисточна Европа за понатамошно унапредување на човековите и малцинските права, демократијата и владеењето на правото“, оцени МНР.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2995CEAB9649C348A584E9FF2A9BAFB0