Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.365
Прво да не ве збуни насловот темава не е за Народна Република Кина и нејзино инволвирање во Македонија туку е за кината во Македонија.

Моментален репертоар во Кино Милениум и Кино Рамстор:

Рамстор:

Cowboys & Alliens : Секој ден во 10:30 и 13:00

Кунг Фу Панда 2 : Секој ден во 11:00,13:00,15:00

What to expect when you're expecting: Секој ден во 17:15,19:30,22:00

Mirror,Mirror: Секој ден во 17:30 и 22:00

Puss in boots: Секој ден во 15:30

Милениум:

The Dark Knight Rises: Секој ден во 20:00 и 23:00

(3D) The Amazing Spiderman: Секој ден во 17:30

(3D) Ice Age 4: Секој ден во 12:00,15:00

Наскоро: Expendables 2

Цена за 2Д проекција:150 ден

Цена за 3Д проекција:200 ден.

Имајте во ум дека репертоарот може да се промени во секој момент од страна на кината.
 
Кога го прочитав почетокот од насловот на темата - „кина“ мислев на Кина...
 
Абе не збореа нешто дека Владата ќе реконструира повеќе кина низ Македонија во 2012? Прашувам зошто знам дека Кочани беше во првата фаза.
 
Garantiram deka site mislea na Kina ko KIna :D Ja si vikam ova neso mnogu turisti ima u Skopje od Kina pa ko statija nesto.... :ROFLMAO:
 
DKR сепак го даваат во Милениум?Нели го одложија?
 
Кино во Струмица - zamunda.net. Да ти ибам и живот и се кога треба да чекаш 4 месеци да излезе филм на Замунда за да го гледаш.
 
Вчера поминува од кај универзална, и гледам ставиле надвор пред влез платно и филм пуштиле. Мислам дека некој аниммиран пуштија. Имаше луѓе. Старци, што немаат што да прават и занимација си нашле.
 
Кога го прочитав почетокот од насловот на темата - „кина“ мислев на Кина...
Исто и јас :pos:

Затоа го сменив насловот во „Кино сали во Македонија“.
 
DKR сепак го даваат во Милениум?Нели го одложија?
Од вчера почнаа да го даваат.Јас не дочекав и одма го изгледав на првото прикажување :)
 
Блазе си ви вас скопјанчиштата ејј!!! Ние во охрид едно сакато кино само иаме....и се само еден исти филм даваат....онај документарецон за Григор Прличев -.-
 
прашање:
ЗОШТО СЕ УКИНАТИ ЛЕТНИТЕ КИНА ВО МАКЕДИНОНИЈА
се сеќавам на летното кино она старото,над езерцето во парк на северната страна,се бараше карта повеќе,кое задоволство,па и друго и немаше,сепак Опатија и Кермез работеа со полна пареа и наша музика.
Се сеќавам и во другите градови кај сум бил имаше летни кина.
Сега ги нема-незнам зошто се изгубија-зошто не се обноват.
На летното кино ЏАБЕ на плоштадот,ретко кој и се сеќава,-бесплатно
се прожектираше на еден ѕид на една стара куќа карши Офицерскиот.
Потоа се направи летно кино во Луна паркот и тоа работеше добро во почетокот во 70-79год. но полека и тоа замре(незнам дали постои сега)
Може секоја општина да си направи по едно летно кино ЏАБЕ,и да е тоа место за забава на младите и дружење,може и со мали тезга-ресторани.
На пример во новиот парк во Ново Лисиче.Може филмови а може и филмови од музички концерти,а понекогаш и историски (како за2 Август)
Во помалите градови на плоштадите или во паркот (како Св.Николе).
 
Ова лето имаше отворено летно кино во Луна паркот даваа филмови што преку годината ги даваа во Кино Милениум. :)
1 недела беше отворено киното.
 
Да.
http://www.facebook.com/events/262035567234046/

Од 25 Јули е почнато.
Даваат кратки (5-10 мин) анимирани филмови што се во 3Д и башка имаат дополнителни ефекти.
Не знам за цена не знам точно за термин. Ако те интересира отиди прашај во Кино Рамстор најверојатно ќе ти кажат :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom