Машките бебиња ги породиле на клиниката за Гинекологија, а раздвојувањето успешно го направиле на Детска хирургија. Интервенцијата траела повеќе од 4 часа.Едното не успеало целосно да се развие.

Сијамски близнаци за прв пат се родија во Македонија. Едното е живо и успешно напредува, а другото било мртво уште во утробата на мајката, пренесе телевизија Сител. Едното не успеало целосно да се развие. Машките бебиња ги породиле на клиниката за Гинекологија, а раздвојувањето успешно го направиле на Детска хирургија. Интервенцијата траела повеќе од 4 часа.
-За прв пат на нашата клиника е направена ваква интервенција. Двете деца беа споени со долниот дел од грбот, двете газиња и горниот заден дел на двете надколеници - вели д-р Ристо Симеонов, директор на клиниката за Детска хирургија за телевизија Сител.
-Освен со мускулниот дел кај близначињата имаше спојување во мекото ткиво и коските(во делот на надколениците) - рече д-р Розе Соколова, хирург на клиниката за Детска Хирургија. Лекарите од Детска хирургија се возбудени што прв пат се соочиле со ваков случај. Задоволни се што веќе нормално расте преживеаното сијамско близначе. По операцијата веднаш почнало да мрда и нема никакви здравствени последици. Другото бебе ги немало сите органи и затоа не успеало да преживее уште во утробата.
-Имаше бешика, дел од цревата, дел од главата, имаше рачиња и ножиња, меѓутоа не беше плод кој може понатаму да успее да живее - додаде д-р Соколова.
Сијалмските близнаци иако се реткост, не се непозната појава. Неодамна во Шпанија успешно беа раздвоени две бебиња споени со главите. Продолжија да живеат нормално, информира телевизија Сител.
Како доаѓа до вакво нешто ? Знае некој ?
превземено од http://www.fakulteti.mk