Fan Fiction

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за или против fan fiction?


  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Возраст
33
Во последните неколку дена многу размислувам на темата fan fiction односно приказни (понекогаш дури и цели книги) кои оригинално произлегуваат од фанови на некоја многу позната оригинална приказна. Интернетот е преполн со fan fiction од различни fandomи - само вие да имате желба и време да ги читате.
Меѓутоа, вистинската причина што размислувам за fan fiction во последно време е една многу популарна трилогија во Америка (а наскоро и во цел свет, се обложувам) насловена како Fifty Shades. Трилогијата се состои од книгите Fifty Shades of Grey, Fifty Shades Darker и Fifty Shades Freed, а е напишана од британската писателка Е. Л. Џејмс, кое всушност е вистинското име на Ерика Леонард, средновековна жена која порано работела како извршен продуцент. Книгите станаа популарни и го срушија секој рекорд на продаваност поради специфичната тема која ја обработуваат - BDSM (Bondage and Domination, Sadism and Masochism) и експлицитните еротски сцени. Филмските права веќе се откупени, а првиот филм се очекува да излезе следната година. Потрагата по главните ликови е во тек.
Меѓутоа, тоа што малкумина го знаат за Fifty Shades трилогијата е дека истата започнала како fan fiction на многу познатиот Twilight серијал кој госпоѓа Леонард почнала да го пишува лечејќи си ја сопствената средновековна криза и опишувајќи ги своите неисполнети сексуални фантазии, притоа како алатка користејќи ги многу познатите Бела Свон и Едвард Кален, главни ликови во Twilight серијалот, создадени од Стефани Мајер. Меѓутоа, кога нејзините пикантни приказни кои прво почнала да ги објавува бесплатно на интернет почнале да стануваат многу популарни меѓу читателите на fan fiction, таа решила едноставно да ги смени имињата на ликовите во Анастасија Стил и Кристијан Греј, да го премести случувањето неколку милји (поточно од Форкс во Сиетл), а Едвард Кален од крвожеден вампир да го направи садомазохистички настроен милионер. И еве нова приказна која повторно ги наполни бестселер листите и заработи невидени милиони.

vhb98m.jpg


Исто така, тука е и озборуваниот Џејмс Потер серијал, продолжение на многусаканиот и популарен Хари Потер серијал од Џ. К. Роулинг. Џорџ Норман Липерт е писателот на Џејмс Потер серијалот кој во 2007 година дигна прашина во медиумите, откако некои водечки новинарски служби помислија дека James Potter and the Hall of Elders' Crossing (првата книга од Џејмс Потер серијалот) е всушност таен проект на самата Роулинг. Серијалот се состои од три досега објавени книги (James Potter and the Hall of Elders' Crossing, James Potter and the Curse of the Gatekeeper и James Potter and the Vault of Destinies), а четвртата книга насловена како James Potter and the Morrigan Web треба да излезе оваа есен. Книгите на господин Липерт продолжуваат таму каде што книгите на госпоѓа Роулинг застануваат, а главни ликови се децата на познатите Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Пишувајќи го Џејмс Потер серијалот, господин Липерт (се разбира) создаде и неколку оригинални ликови, па така во 2009 ја објави својата прва оригинална книга The Girl on the Dock за мистериозната Петра Морганстерн, лик кој се појавува во неговиот fan fiction, затоа што му стана јасно дека со Џејмс Потер серијалот не може и не смее да заработува пари. Меѓутоа, тоа не значи дека преку своите fan fictions не може да ги рекламира своите оригинални дела, па така неговата последна објавена оригинална книга насловена како Ruins of Camelot заработи толку добро, што Липерт се одлучи да напише уште една книга која како што споменав погоре треба да излезе на есен.

34go6so.jpg


Јас самиот имам пишувано fan fiction, но никогаш ништо посериозно од приказни со должина од пет страници во word документ. Меѓутоа, имајќи ги пред вид погоре споменатите примери, човек не може, а да не се запраша - колкава е моќта на пишувањето fan fiction?
Што мислите вие на таа тема? Дали сте за или против пишување на fan fiction? Дали мислите дека пишувањето на fan fiction го ограничува новиот писател? Или мислите дека само може да му помогне?
 
Да, зависи од личноста!Некои па сакаат да пишуваат љубовни романчиња, психолошки.Јас така добивам фан фикшн идеи за книга и ќе пишам 30 страни и ме мрзи да продолжам...
 
Исто така, тука е и озборуваниот Џејмс Потер серијал, продолжение на многусаканиот и популарен Хари Потер серијал од Џ. К. Роулинг. Џорџ Норман Липерт е писателот на Џејмс Потер серијалот кој во 2007 година дигна прашина во медиумите, откако некои водечки новинарски служби помислија дека James Potter and the Hall of Elders' Crossing (првата книга од Џејмс Потер серијалот) е всушност таен проект на самата Роулинг.

Како мислиш таен проект на Џ.К.Роулинг?

Јас поддржувам fan fiction. Нека пишуваат луѓето. На читателите на кои не им се допаѓа ова - не мора да читаат.
 
Како мислиш таен проект на Џ.К.Роулинг?

Јас поддржувам fan fiction. Нека пишуваат луѓето. На читателите на кои не им се допаѓа ова - не мора да читаат.

Кога страницата за Џејмс Потер беше лансирана во 2007 година, имаше часовник што го одбројуваше времето до излегување на книгата, со зборовите „Битката на твојот татко е завршена - твојата почнува“. Медиуми од Австралија, Канада и Америка случајно наидуваат на страницата и почнуваат да пишуваат медиумски текстови дека Џејмс Потер всушност е продолжение на Хари Потер, таен проект на Џ. К. Роулинг за да ја избегне медиумската прашина. Се разбира, подоцна се дозна дека Џорџ Норман Липерт стои зад проектот, а не Роулинг, меѓутоа Џ. К. дозволи серијалот да има своја веб страница и да се пишува, се додека тоа остане само fan fiction и не се заработува пари од тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom