Дали верувате во теории на заговор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли во теории на заговор?

  • Вкупно гласачи
    130
додека вие верувате во теории на заговори пред нос ви се дешаваат реални заговори или завери (whatever) какви бре вонземјани какви бакрачи,се е тоа човечки фактор... :notworthy:
 
Па добро заговорот не е нешто религиозно па да се верува или не. Или има или нема заговор.
 
Како она срањето наречено зајтгајст каде што сите правници и банкари се директен потомок на ѓаволот и целта им е да ги сисаат сите пари од луѓето.
Приказни за возрасни деца, ништо повеќе.
 
Темава ми е дежа ву.

Да не избегам од нејзе, знам дека некој ме цитираше потоа и се препукувавме што е вистина, а што не.

Патем, не верувам, какви масони илуминати билдерберговци... се е тоа една лага измислена од неговото височество - човекот :icon_lol:

Па една теорија на заговор што ти ја сметаш за вистина е дека твоево приозводче Jack3d што го промовираше е тргнато од сите тезги на светот само затоа што е ефтин а нудел ист квалитет (бакрачи :tapp:) како поскапите производи, и сите медицински анализи се исфејкирани од страна на компанииите на тие скапи производи :D.

А не верува во масони, илуминати и билдерберг групи, иако бар за тие има докази :tapp:

------------------------
Деца, пример повеќе зошто да не злоупотребувате стероиди, не знаете како ќе ви влијае на психата.
 
Дека теории на заговор постојат, тое е факт, а колку од нив се вистина е знак прашалник. Едноставно самите треба да процените што е веројатно а што не, работата оди дотаму шо веќе ептен се е искомерцијализирано и за секоја втора глупост излегува теорија на заговор.

Лично најинтересни ми се оние за луѓето кои го вртат светот од сенка, тајните друштва, екомските кризи, банкарски завери и слично. Стварно да се зачуди човек на моменти.
Оние за вонземјаните ми се too mainstream и не гледам некоја особена тежина во нив. А оние што најмалку можат да изненадат се повеќето убиства на претседатели,пејачи,актери....

Како она срањето наречено зајтгајст каде што сите правници и банкари се директен потомок на ѓаволот и целта им е да ги сисаат сите пари од луѓето.
Приказни за возрасни деца, ништо повеќе.

Не знам од кај си ги поврзал банкарите со ѓаволот, во документарецот уствари се зборува против религијата и нејзиното влијание. А тоа дека целта на одредени луѓе им е да цицаат пари не би требало воопшто да те изненадува.

И така :)
 
Некои од нив се вистинити и поткрепени со докази и факти, тие ми се некако најверојатни. Во друга крајност има пак и некои тотално апсурдни како на пример заговорот дека цвеќарите ја убиле Дијана за да имаат голема продажба, оваа ја слушнав неодамна и се изнасмеав.
 
Обожавам да гледам и да читам за теории на заговори, но за вистината на тоа е друго прашање. Многу теории се побиени со науката, има дури безброј неточни информации. Сепак за голем дел од нив се двоумам, како на пример за намалувањето на населението и за новите болести болестите, што е многу логично. За некои пак си мислам дека се невозможни, но можеби се невозможни зошто така изгледаат во денешниот начин на размисување. Но можеби тие што викаат така припаѓаат на некои тајни друштва, па сакаат да измислуваат работи за да прикријат некои многу поголеми. И така се' се врти во круг.o_O
 
Не верувам во теории на заговор. Колку повеќе луѓе се вклучени во еден заговор/тајна, толку шансата истиот да пропадне се зголемува. Интересите на поединците и различните потреби ги прават тајните заговори "нетајни" и со голема шанса да не успеат. За 9/11 митот за заговор е смешно сеуште да се дискутира. Дејвид Ајк е во најмала рака склон кон фантазирање карактерно, а во поголема шизофреничар. Останатите како Алекс Џонс и нашиот бугарски Никола Николов со книгата "Светски Заговор", баратаат со погрешни бројки и статистики, според мое мислење или заради профит или пак затоа што се лошо информирани.
 
Зависи. Али обожавам да читам за нив.
 
Верувам, делумно. Најинтересни и да не речам најубедливи ми се теориите за Кулите Близначки, Илуминатите, Убиството на Џон Кенеди и НЛО / Вонземјанските теории.

мхх...пошто најголемиот број од аргументите дека тоа било внатрешна работа се разгледани, побиени и поголемиот дел од нив е резултат на шпекулации и мислења повеќе отколку на факти. Почнувајќи од тоа зашто авионите не биле детектирани од радарите намерно до идејата дека работа како вахабисти не постои, дека тоа е мит и дека самоубиствени напади не постојат. Единствениот мотив на вахабиста да се самоубие е неговото религиозно мотивирање, мала е шансата некој да се самоубие затоа што му платиле да направи намештаљка. Потоа следуваат аргументите со демолираните експлозиви и ефектот на рушење како торта, детекторите на авионските компании и други технички критики/објаснувања. Темата е прилично опширна за дискусија и ја имам дискутирано повеќе пати. Не сум американофил, ниту пак мислам дека Американците се фер и добри луѓе кои имаат одлична политика и сакаат светски мир....далеку од тоа:P. Али конкретно за оваа ситуација шансите да е намештаљка се минимални. Повеќе аргументи за и против 9/11 имаш тука (за да не мораме за секоја точка и обвинувањa посебно да дебатираме).
http://www.911myths.com/html/freefall.html

Ако имаш нешто специфично за прашување/објаснување или дебатирање, пиши, па ќе се дискутира за тоа.
 
Gledaj go ova i pobij go ako mozes
 
Gledaj go ova i pobij go ako mozes
Ајде да отспијам, пошто сега се прибрав и ептен сум уморен. Ќе го гледам сабајлечки па ќе ти пишам што мислам. Не е поентата во тоа дали ќе го побијам или не. Ако ми се понудат доволно евиденција и доволно аргументи ќе го прифатам како точно. Ако не, ќе побарам повеќе и ќе се информирам во врска со предметот на дискусија. Поентата на рационалното критичко размислување не е да се побие нешто со почетен став и стереотип кон истото туку критички да се разгледа и да се стигне ако не повеќе барем најблиску до вистината :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom