Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
^^ Хилтон, Ајакс Холандија - Школа (баш кај дотичниот шо градит) Абрамович, Јуник демек старски дом требеше да е, Веро и многу други избркани баш ради лични интереси а сеа најново изледа и Лидл знак прашање е дали ќе имат кај нас а требеше најголемиот МК да им е во Охрид. 30год уназад немат поголеми душмани за Охрид од општинаринеРЕЗУЛТАТИ НА КОРУПЦИЈАТА
Висок партиски функционер сака да си присвои државно земјиште на една од најатрактивните локации во Охрид, веднаш над езерото. За таа цел, во 2007 година се изготвува Урбанистички план вон населено место, каде дел од парк шумата Горица се пренаменува во градежно неизградено земјиште, со конкретна намена хотелски комплекс. Градоначалник на Општина Охрид е Александар Петрески. Во почетокот на 2011 година Министерство за транспорт и врски/Ministry of Transport and Communications предводено од Миле Јанакиески објавува јавно наддавање за отуѓување државно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел на Охридското Езеро. Погодувате, победува фирмата на партискиот функционер, која добива катастарска парцела од 15.878 m2. Се работи за „Дивелоп груп“ во сопственост на Сашо Мијалков. Летото, истата година, токму на таа локација е подметнат пожар, каде горат треви и борови. Според МВР, поради немање соодветна пријава од инспекторатот за пожари, нема водени истраги за предизвикан пожар. Теренот се расчистува, а покрај изгореното, се сечат и здрави стебла. Се добива огромен простор кој потоа е ограден. Така останува безмалку една деценија. Во меѓувреме, поради судски процеси, имотот на Мијалков е замрзнат.
Но, наместо да се раскине договорот, за што има реални услови, Општина Охрид во два наврати потпишува анекс и му овозможува на Мијалков да не го изгуби земјиштето. Првиот анекс го потпишува градоначалникот Никола Бакрачески во 2013 година додека вториот го потпишува градоначалникот Константин Георгиески во 2020 година. Оваа игра заеднички ја водат двете најголеми партии. Наместо да ги истражат овие околности, медиумите делуваат незаинтересирани, одбраа молк. Јавноста не знаеше што се случува, нити беше известена. Дури, одредени локални медиуми во периодот пред да започнат градежните работи објавуваат како тој простор е запуштен и неуреден и дека тука требало да се гради хотел. Охрид ЅОЅ пред неколку години ја побара комплетната документација од институциите, и со намера да се истражи дополнително и да се објави пред охридската и македонската јавност, ја понуди на неколку истражувачки редакции. За жал, и покрај иницијалната согласност и желба сето ова да се обзнани, контактираните медиуми сепак не истражија. Не знаеме зошто.
На крај, откако еден дел од делата за кои беше гонет застарија (поради одолговлекување и лошо водење на постапката), а со измените во Кривичниот законик беше сменета суштината на кривичното дело за кое се гонеше, Мијалков беше ослободен. Вешто беше изигран правосудниот систем, па се случи на крај државата, односно даночните обврзници, да треба да му ги исплаќаат адвокатските трошоци. Без никакви пречки, на почетокот на минатата година дојде вистинскиот момент да се продолжи онаму каде што се застана во Горица. Хотелот се гради.
Овој проект никогаш не бил доставен ни до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, ниту пак урбанистичкиот план бил ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2020-2029) во кој експлицитно стои „спречување на градежното зафаќање на релјефни возвишенија, доминантни места каде со изградбата на објекти ќе се наруши крајбрежниот пејзаж“. Охрид ЅОЅ овој случај го вклучи во коментарите претставени до Реактивната Мониторинг Мисија на UNESCO, IUCN и International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) која го посети Охрид минатата година.
Во Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион доставен до Центарот за светско наследство во февруари минатата година, Влада на Република Македонија манипулативно наведува како сите нови или измени на постојните урбанистички планови се во согласност со Планот за управување. Но, што е со овој проект за Горица? Или за старите проекти, по старо? Ова е очигледен пример кој ги побива сите „заложби“ на институциите дека се за зачувување на природното и културно наследство на регионот. Дополнително, дека работат за јавниот, наместо за приватниот интерес. Поединци скоро бесплатно добиваат атрактивни локации низ целиот Охридски Регион, државното земјиште се отуѓува како тоа да е нешто невредно. Скоро во сите случаи, го добиваат локални моќници, познати или непознати партиски членови. Носителите на функции воопшто не мислат за јавниот интерес, за уништувањето, за последиците. Својата службена должност ја злоупотребуваат за некој да оствари долгорочен бенефит, а тие да лапнат малку од благото. Да искористат додека се на позиција.
Која црна опозиција брат, опозиција нити имало нити ќе имат, едни те исти се цел живот. Споеноста им е поголема од сијамски близнаци особено $$ ко ќе се во прашањеСве шо пишував порано дека 90 посто од парите се вртат во ДПМНЕовците секој ден излегува на виделина,од хотели,дозволи,парцели,пред некој ден го кажаа на порталите,кој ке откодират све ке сватит кој стојт за све ова.
Плакати /лепачите и курирчињата нека пцујат овде комуњари,лазо ,тито а зад завесата имат нешто друго
Прошлата недела ги поврзав сите работи ....70 посто знаев ама и другите 30 посто поплава ги исфрли на површина.
Опозицијата е расцепкана ама ако се здружат ПОТОП им следи на Небањаните.......колку се информирани за невидениот грабеж шо се спремат незнам.
влези на фб на охридњјуз ке се изненадиш кој најмногу го пофали градонач..... се изнасмеав од џе.....Која црна опозиција брат, опозиција нити имало нити ќе имат, едни те исти се цел живот. Споеноста им е поголема од сијамски близнаци особено $$ ко ќе се во прашање
толку гомна јадете за скопјани а уствари вие самите охриѓани си го уништивте градот децении уназад. добар ви е тој охридски менталитет, јади гомна за тој што остава пари во градот редовно секоја година ама ќути кога своите го уништуваат било да е административно или еколошки. Сигурно никој од Скопје не дојде да фрла кади плочки и машини за перење во езеро.^^ Хилтон, Ајакс Холандија - Школа (баш кај дотичниот шо градит) Абрамович, Јуник демек старски дом требеше да е, Веро и многу други избркани баш ради лични интереси а сеа најново изледа и Лидл знак прашање е дали ќе имат кај нас а требеше најголемиот МК да им е во Охрид. 30год уназад немат поголеми душмани за Охрид од општинарине
4000e na jug/ezero, 3500e nakaj planina...Pisano bese od.mene i Ohrid66 uste laniСлушам суми глава боли за https://grandresidenceohrid.com/
Пред да пишам то шо сум го слушнала, пошо не знам дали е точно ( се надевам не ), имат некој информација за цената?
Овие се ваљда новите згради шо се градет кај мостон.
Која кај Парк??? И таму се градит????4000e na jug/ezero, 3500e nakaj planina...Pisano bese od.mene i Ohrid66 uste laniOnaa kaj Park ke e i 5000 mislam ama ne sum uste siguren
На местото од бивши х.Парк. Немат кај не се градит, наполитанки налик од доба Советски Сојуз на секој чекор никвет. Бејбунар, Лескајца, цела Ј.Сандански е предвидена за згради - истото е и со Д.Влахов, кај болницине, оранжериине Видовишта, и се чекат местоно шо беше полигон на мали голчина кај историски архив во превод немат кај нематКоја кај Парк??? И таму се градит????
Арам.
Мислиш кај ресторанон Парк така?На местото од бивши х.Парк. Немат кај не се градит, наполитанки налик од доба Советски Сојуз на секој чекор никвет. Бејбунар, Лескајца, цела Ј.Сандански е предвидена за згради - истото е и со Д.Влахов, кај болницине, оранжериине Видовишта, и се чекат местоно шо беше полигон на мали голчина кај историски архив во превод немат кај немат
Čekoština?На местото од бивши х.Парк. Немат кај не се градит, наполитанки налик од доба Советски Сојуз на секој чекор никвет. Бејбунар, Лескајца, цела Ј.Сандански е предвидена за згради - истото е и со Д.Влахов, кај болницине, оранжериине Видовишта, и се чекат местоно шо беше полигон на мали голчина кај историски архив во превод немат кај немат