Mini House

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Незнам оти ама секогаш сум сакал ваква куќа. Едноставно сам да си ја уредам и да си живеам.
 
за 2500 евра се гради куќа како во првиот линк
 
1. Нема да живеам во ваква куќа
2. Не сум Ноне Неделковска, ниту пак Хобит.
 
Не, патам од клаустрофобија :D
Пред некој ден на еден сајт видов гаража во Италија преуредена во дуплекс. Изгледаше фантастично, но не беше волку мала:)
Сум ЗА преадаптирање на некој поголем простор - од 30 квадрати па нагоре.
Во секој случај, ја поздравувам креативноста која стои зад ова(y) Ако ништо друго, барем добиваш екстра соба за рента.
 
Овде да прднеш, ќе се угушиш.Јас висок и крупен, ќе се сопнам и ќе ја искршам цела. Така да јок..
 
Ова е нешто што јас одсекогаш сум го сакал, да имам една ваква мала куќичка во дворот позади „главната“ куќа. Тој дел од дворот позади е на каскада, односно е повисок за 120цм па таа куќичка би имала „сопствен“ двор од 40м2. Причината поради која сакам ваква мини куќа е имањето на работно/gaming место одделно од куќата каде ќе можам да работам, играм игри, одмарам, а по потреба и да сместам гости. Дупло е поефтино отколку да го уредам поткровјето за таква намена, а и да го сторам тоа, сепак од секогаш ми беше сон една ваква куќа. Цените што ги гледам можам да речам дека се тотално прифатливи. Исто и за викенд куќа, овие се нешто идеално. Можеби за 1-2 години и ќе имам ваква мини куќа во дворот од сегашната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom