Што ако останам без пасош во друга земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата TDM
  • Време на започнување Време на започнување

TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Возраст
40
Темава е од исклучителна важност за оние кои ќе останат без пасош во друга земја (ако го загубат или ако им биде украден).
Како да реагираат?
Каде треба да пријават?
Што ако им биде украдена цела чанта со сите документи, пари, клучеви?
Оние кои што се добро информирани нека ги споделат нивните познавања со нас.
Оние кое имале некое вакво искуство, споделете го со нас истото.
 
Најверојатно треба да се оди во амбасадата на Македонија доколку има во таа држава и да се пријави во полиција.
 
Абе аман, одиш во амбасада и ќе ти изработат привремен пасош за колку да се вратиш до дома. После тука во твојот град ќе си извадиш стандарден пасош. Ова го има напишано на сите памфлети и од агенции и флаери од МВР.
 
Прво пријавуваш во полиција,а потоа правец до амбасадата на РМ во таа земја доколку има или до најблискиот конзулат.Е тука веќе ќе ти започне вистинска голгота додека го добиеш ливчето со кое ќе можеш да се вратиш дома.
 
А ако нема амбасада во таа земја?

Има конзулат/претставништво. Има во некои држави претставништво на пример за 3 држави, Македонија, Србија, Хрватска итн (рандом ги набројав), ама тоа ептен за некои затуцани земји, кој иде таму ако се прашуваме... Ако не може некој да се снајде до амбасадата, нека оди во полиција и ќе му средат.
 
Треба во амбасада. Мене тоа ми се случи пред 10 години. Многу нефер излегоа од амбасадата.
Ми кажаа да уплатам 90$ а јас немав никакви пари се ми украдоа. Без пари несакаа да прифатат да ми издадат привремен пасош што трае 24 часа.
Од кога ми уплатија од Македонија пари, ме пратија да се сликам, повторно јас самиот да се снаоѓам во близина немаше фото студио, па мораше 7-8 километри за да најдам фото студио да се сликам.
Од кога го земав имрџнси пасош имав 24 часа да ја напуштам државата.
Во секој случај многу лошо искуство посебно од нашите амбасадори.
 
Ме интересира што ке се случи ако не им платиш? Ќе те остават да спиеш во амбасада и ќе те хранат на нивни трошок? :pos:
 
Секогаш кога патувам во странство, во прирачните информации си имам број од амбасада. Во Турција, при влез, мислам дека од TUrkCell доаѓаСМС со бројот од „амбасадата на Вашата земја“...
и да, пред некое време патував во земја со која Македонија нема воспоставено дипломатски односи... во тој случај, на веб страната на МНР, назначено е кој амбасадор сместен во која земја е надлежен за конкретниот регион/земја, а уште повеќе, мислам дека постои некаков договор со соседните земји и со некои од поранешна СФРЈ за взаемно покривање во однос на вршење конзуларни работи во земјите каде немаме амбасада/конзулат.
 
А ако нема и конзулат?
Има држави со кои МК нема воспоставено никакви односи..мнопгу се такви,посебно од Азија,Ј Америка..Африка.
Ако нема тогаш Српска амбасада е најчест случај, на пример во Тунис кога беа случувањата(тие мислам) префрлувањата се тоа се случуваше преку Српска амбасада.
 
Ме интересира што ке се случи ако не им платиш? Ќе те остават да спиеш во амбасада и ќе те хранат на нивни трошок? :pos:
Мислиш дека им чуе многу. Ќе те остават на улица к*р ги боли.
 
порано во „Титово“ време си имаше и цена пасошот,(на црна берза)
мислам на тој Ју - црвениот пасош,(ако не успеат да ти го украдат)
си го продаваш,и си тераш одмор со тие пари на Златни песоци.
После во Софија,малку гњавење ама ќе си дојдеш како и да е.
А сега на кого му треба да ти го краде,а ако го чуваш нема ни да го губиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom