L
Lu
Гостин
Решението е едноставно. Регистрација еднаш годишно на домашните кучиња која ќе е бесплатна и ќе служи само за евиденција, ако на некој му „побегне“ висока казна, ако на време не го регистрира пак казна, ако не го вакцинира казна, ако го начекаат да шета не регистрирано куче казна итн. Бидејќи сите кучиња кои денес се скитници се или потекнуваат од домашните кучиња. Само со казни ќе научат луѓето дека чувањето на куче е одговорност и дека не смеат да ги напуштаат кога ќе им се здосадат.
Се сложувам комплетно со твојот пост.
Сите кучиња (домашни миленици) треба да се чипуваат и така ќе се има евиденција за секое куче ... тоест на еден начин кучињата ќе бидат регистрирани.
Малку да објаснам за оние неупатените ... чипот се става под кожата на кучето и во чипот се вметнати сите податоци за кучето и сопственикот.
Е сега финтата со чипот е кога на пример некој неодговорен сопственик ќе го пушти кучето на улица, кучето ќе биде заловено од шинтерите и ќе му ги прочитаат сите податоци од чипот и оп ќе му стигне казна на неодговорниот сопственик за тоа што го пуштил своето куче на улица.
Е кога ќе почнат дебело да ги казнуваат неодговорните сопственици за тоа што ги пуштаат своите кучиња на улица, ќе ги прашам дали другпат ќе им текне да го остават кучето на улица.
И тоа дека уличните кучиња потекнуваат од домашните е 100% точно.
Тоест уличните кучиња потекнуваат од неодговорните сопственици на кучиња кои што кога ќе им се здосади да го чуваат своето куче, го оставаат на улица наместо на некој да го подарат, или пак кога имаат легло, малечките кутриња ги оставаат на улица.
Епа нормално дека ќе имаме улични кучиња кога постојат такви неодговорни сопственици.
И по некоја случајност да се соберат сите ама апсолутно сите кучиња од Македонија и ниедно куче скитник да нема по улиците, по некој месец повторно ќе се појават нови кучиња скитници благодарение на неодговорните сопственици кои што им се смачило да го чуваат своето куче и решиле да го остават на улица.
Значи дајте луѓе, сватете ја реалноста, не се кучињата криви што се на улиците ... бидејќи тие не изникнале од земја, туку некој ги оставил и затоа сега се на улица.
И многу ме иритира кога без никаква причина луѓето ги малтретираат и се изживуваат со кучињата, ни самата незнам колку пати сум била сведок на малтретирање на куче без никаква причина ... кучето си лежи и поминува некое детиште (па дури и возрасни луѓе сум видела) и без никаква причина го шутира кучето.
Чисто илустративно ...