Пишувам книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Денес ја купив книгата од авторите:Виолета Ачковска и Никола Жежов
„репресијата и репресираните во најновата македонска историја“
бидеиќи таа тематика ме интересира,иако ниту моето образование,
ниту пак работното место не е поврзано со таа тематика-историја,
(т.с.- јас металски кв работник) и се разочарав еве и зошто.
Книгата можеби ќе е интересна за некој кој само за наведените
личности таму чул преку имиња на школи и улици и толку,а тука
на едно место ќе прочита за нив податоци што не ги знаел. Но за мене
кој сум прочитал книги и книги за таа тематика и тие личности,таму
сега во таа книга се ми е познато и е сведено према тоа што го знам
само на основни податоци,најчесто на начинот на загинување на нив.
За Орце,Цветан,Дрен,Борка,Стефан,Ванчо,Мирче,Страшо и Кочо и за
некој други наши борци-комунисти-партизани е напишано по 1/2 страна.
Но и за други некои дејствија и настани од тоа време,исто така опишани
на нецела страна како на пример: Стрелањето во Ваташа,за кој настан
секое дете (во 20 век) ќе ви раскаже повеќе,посебно од тиквешијата.
Овој дел на книгата воопшто и не мора да го читам,податоците се многу
одамна познати и опишани и во многу други книги,кој пак авторите без
срам ги навеле од каде ги презеле,а тоа го има скоро на секоја страна.
Значи ова можел било кој друг да го напише,собери куп книги од таа
област и извади по некој дел и еве ти книга (нова).Дури не сум сигурен
коку има авторски зборови употребено во неа.Можеби е малку
понепознат делот кај што се опишуваат репресалиите во Егејска и
Пиринска Македонија но само за читателите кој прв пат се среќаваат
со ваа тематика. Јас очекував многу повеќе,да не речам со име и
презиме,тој и тој направи ова,го предаде тој и овој,овој даде наредба за
ова и она,тој ги стрелаше тие и тие и т.н.Многу малку има вакви податоци
во книгата иако и не сум ја прочитал целосно.
Потоа и за настаните на Божиќ на скопското Кале,очекував повеќе,а и за
патот за Срем.Дали и овде е нешто премолчено.Прв пат најдов податок
дека имало стрелање по тој пат.Но јас тоа многу-многу одамна го знам и
сум го слушал од учесници на тој пат и сведители на тие настани и
стрелања.Стрелања кој воопшто и не се спомнати во други книги или
сосем срамежливо само во неколку сум сретнал такви сведочења,каде
некаде се признава дека е направена грешка или е донесена пребрза
одлука за егзикуција на довчерашниот борец.Но никаде не сретнав дека
стрелањето го извршиле некаде „три моми партизанки“-а сум го чул.
За делот на депортација на Евреите,а и тоа во 1-страна е оксудно
опишано (препишано).Јас имам повеќе опишано (препишано) во темата.
За Ченто,Шатев,Панко,Методија,Петре и некој други има по 7-8 страни
но од кој скоро по половина на секоја е објаснување за литературата од
каде се земени податоците или некое слично објаснување.
На нашата кајгана во темите за овие личности ќе најдете многу повеќе.
Незнам дали ќе го сменам мислењето откога ќе ја прочитам книгата,
во која има и податоци што до скоро се криева од јавноста како за
стрелањата на:велешаните,кумановците,струмичаните и некој други.
Но каде се пак ќе речам непосредните сведители,сигурно има се уште
живи некој од нив: што ги спроведувале,носеле,чувале,стрелале,тепале,
(со чекан-токмак во тилот,да не чујат селаните) и живи ги закопувале,
па и што донеле такви одлуки без судења-камо име и презиме од нив.
Камо некој од нив анонимно да се јави и да опише точно како било.
Или како можеа да живеат сиве овие години со таква„мирна“ совест.
Кој беа тие.
Пишувам книга (за нив).
 
Чичко Анчо во однос на ова
податоците се многу
одамна познати и опишани и во многу други книги,кој пак авторите без
срам ги навеле од каде ги презеле,а тоа го има скоро на секоја страна.

Мора да се наведе од која книга се превземени одредени делови. За да се испочитува Авторското право на авторот кој го имаат цитирано. Ова се прави најчесто во фуснота и на крајот од книгата.

П.С Од која книжара ја зема книгата ?
 
А може да препорачаш некоја добра книга според тебе на таа тематиka? :)
 
Браво, додека некои од овде само тролаат дека марихуаната е добра за здравјето ти си одбрал она што е најдобро .
Незнам дали знаеш али вака ти се развива мозокот побрзо од било што друго.
 
tl:dr

Што научивме од мојот cockiness? Дека ако пишуваш книги како што ги пишуваш постовиве, никој нема да ти ги прочита.
 
Што ти е Бравар во пензија, жива беља книга пишува :pos:
 
Има и луѓе кои се интересираат за историјата, сите не интересираат за исто нешто.
 
Чичко Анчо во однос на ова

Мора да се наведе од која книга се превземени одредени делови. За да се испочитува Авторското право на авторот кој го имаат цитирано. Ова се прави најчесто во фуснота и на крајот од книгата.

П.С Од која книжара ја зема книгата ?
од плоштад,
А може да препорачаш некоја добра книга според тебе на таа тематиka? :)

има многу,но мора да почнеш од некаде
најдобро од паркот,во живо од некој сведител кој се уште ги има ама ретко
што го доживеале тоа,Кале,Идризово,Кожув,Матка,Дабница,Пуста Кула,
Букович,Стрмашево,Козјак,Беличица,Лопушник ама и Срем.
--- надополнето: 3 јули 2012 во 23:27 ---
Има и луѓе кои се интересираат за историјата, сите не интересираат за исто нешто.

А како заврши она финале што 22 трачава по една топка
--- надополнето: 3 јули 2012 во 23:28 ---
Што ти е Бравар во пензија, жива беља книга пишува :pos:

ама си ме изнасмеал,да си ибеш векот,(немам време за такво нешто)
 
tl:dr

Што научивме од мојот cockiness? Дека ако пишуваш книги како што ги пишуваш постовиве, никој нема да ти ги прочита.

во право си 102% се гледа по допаѓањата
 
во право си 102% се гледа по допаѓањата
Анчо ако допаѓањата од форум ти се некој репер за мислите што ги исфрлаш понекогаш би ти препорачал да не си трошиш финансии човеку.
Допаѓањата не ти се никаков репер за ништо,па јас не едно мислење имам собрано над 60 допаѓања и тоа замисли за пцуење бе.
Ајде сега и јас да фатам да напишам еден Пцовник ? ( имаше и таква идеја )
Младиве често лупаат ми се допаѓа поради најразлични причини сакаат да кажат нешто ама незнаат како, си им го навредил форумскиот противник,си напишал лошо за влада,уживаат во сарказам. Некогаш и ке пишеш нешто квалитетно ама за инат нема да ти стаат ми се допаѓа,некогаш со две зборчоња ке собереш највеќе допаѓања.
Ама тоа не ги потврдува нечии писателски или авторски способности бре Анчо.
колку за илустрација еве зелениов што напишал и собрал 108 допаѓања Неверојатно но Вистинито, сакам да ти кажам не се никаков репер тие допаѓања.
Па не искачај на пат без најава
Чисто пријателски ти кажувам, а и онака немаш попаметна работа пиши бате барем нека остане нешто и после тебе ако ништо друго.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom