Хуманитарен концерт во Ѓорче за семејството чиј дом изгоре во пожар

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Хуманитарен концерт ќе се одржи утре во 19 часот во паркот во населбата Ѓорче Петров за собирање помош за семејството Димовски чиј дом изгоре на почетокот на овој месец.

На хуманитарниот концерт “Од Ѓорче за Јовче“ ќе настапат повеќе гаражни бендови, Ди џеј Бубе, Фолклорното студио Етнос, Џаканакот, The John и други.

Во пожарот што беше предизвикан при изведба на градежни работи изгоре цел кат, а семејството остана на улица. Сопственикот на куќата Јован Димовски, кој е татко на мало дете, тогаш ни кажа дека им изгореле сите документи и лични предмети и дека за три минути му го снемало цел живот.

Покажете ја вашата хуманост за да им помогнеме на Димовски повторно да изградат свој дом. (y)
 
Нема потреба од концерти ќе најдеме една врба ќе ја донираме и луѓево сами ќе си изделкаат куќичка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom