jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
http://www.makdenes.org/archive/news/20120626/428/428.html?id=24626023
Да напоменам, во Септември 2010 Русија и Израел потпишаа 5 годишен договор за воено-техничка соработка, додека конкретно во Октомври 2010 Израел им продаде беспилотните летала на Русија. Исто така мора да се нагласи дека Економската соработка меѓу Русија и Израел е на доста високо ниво, инвестициите на Еврејските фондации последните години се повеќе се селат на исток. Да напоменам само дека Израел е држава кадешто највеќе се збори Рускиот јазик надвор од Русија.
Кога ќе погледнеме низ историјата и природно е Израел да бара закрила од Русија. Иако имало некои анти-семитски испади во минатото, никогаш не се случило истребување на Евреите од Русија, слично како што се случило на неколку пати на запад. Дури и повеќе Царска Русија им дала Еврејска Автономна област, која и ден денеска функционира како федерална единка на Руската Федерација.
Ова нагло зближување на односите, дојде после натегањата околу осудата дека Русија ги снабдува Хезболах со софистицирано оружје во 2007-2008. Ваквата брза преориенација збори дека се очекува нов распоред на силите на Блискиот Исток и е директна последица на Арапската пролет спонзорирана од западот.
Конфликтот во Сирија и контроверзната иранска нуклеарна програма беа доминантни во агендата на рускиот претседател Владимир Путин, кој ја започна посетата на Израел. При пристигнувањето Путин му се придружи на претседателот Шимон Перес на церемонија за одбележување на победата на советската армија против нацистите во Втората светска војна.
Перес изјави дека е убеден оти Русија, која го победи фашизмот нема да дозволи денеска да се случат слични закани, како оние во Иран или Сирија. Путин оствари средба и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.