Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
  1. Кога го пуштам компјутерот работи само неколку секунди и одмa ми се гаси,ај неκој што знае или имал сличен пρоблем неκа κаже што му е на κомпјутеρов и дали има ρешение :)
Логично според мене -ладење на графичка, процесор или напојување односно(кулерчето) мене скоро истиот проблем ми се јави.
Види го видеото можеби ќе ти помогнеhttps://www.youtube.com/watch?v=rLISN4Z-ckc
 
За проблемов што го имав со гасење на компјутеров ми рекоа дека е до матичната плоча,дали имате предлог каква матична да земам,колку пари и дали треба да биде иста како што е оваа што е расипана...?
 
Имам матична плоча LGA 775 AsRock P4FSB1333-650. Иако навистина се работи за далеку застарена верзија, сепак сакам да ја надградам со графичка карта од четирицифрените верзии: 7, 8, или 9. Меѓутоа ме интересира која најдобро би се софпаднала со ваквава матична, односно најдобро и во склад со истата би работела. Во секој случај, нема да имам никаков проблем за набавка на истата. Инаку во моментов користам процесор: Intel Celeron M Processor 420 (1M Cache, 1.60 GHz, 533 Mhz FSB), но планирам да го заменам со Intel Core 2 Duo E8400 3.0 GHz, и РАМ-меморија 1 GB, која ќе го дополнам со 2 GB, бидејќи има два слота и поддржува максимални 4 GB. Вклучително и напојувало од 450 W кое имам во план да го заменам со 700 W.

p.s. Во секој случај размислував за GeForce 8600 GT (256 MB RAM), бидејќи забележав дека бара најмалку Intel Core 2 Duo процесор.

Секое мислење, забелешка, укажување, па дури и критика е добредојдено:)
 
^ За која намена планираш да го надградиш компјутерот? Според мене тоа што планираш да го направиш е фрлање пари во ветер. Поарно земи најевтина H81 плоча + celeron g1840 + 4GB DDR3 RAM. Тоа ќе те чини мање више 100 евра ( +- 10 евра ). Ќе добиеш нова - модерна платформа, сите делови ќе ти бидат под гаранција, SATA 3, USB 3.0, PCIexpress 3.0, помала потрошувачка на енергија, побрз систем генерално за мали пари. Според мене не се исплати никакво инвестирање во LGA 775 платформа во 2016 година ( џабе парите ќе ги дадеш... ). За графичка имаше некои MSI Radeon 7770 во TDK и ДДКом ( околу 60-65 евра ), но моментално ги нема на лагер. Јави се прашај дали ќе добијат. За незахтевни корисници ( ако играш DOTA 2 , Counter Strike GO и слични игри ) има задоволителни перформанси со оглед на цената. Можеш да побараш и половна по македонскиве ИТ форуми. 8600 GT не би ти препорачал ако ти е за играње ( прастара графичка, и на времето кога излезе не беше нешто посебно - превише осакатена споредено со Geforce 8800gt/gtx , не па сега ).
 
Благодарам за укажаното:) Искрено немав некакви конкретни цели за оваа конфигурација со која во моментов располагам. Едноставно сакав да ги искористам старите делови - кои се уште се доста добро функционални, и да ги искомбинирам со понови за истава конфигурација (LGA 775), бидејќи и онака никој не би ги ни купил, па не сакав да ги фрлам за џабе. Инаку потполно се согласувам со Вас дека со конфигурацијата која Вие ми ја предлагате дека ќе завршам доста работа! Во секој случај, дали MSI Radeon 7770 (кој го препорачувате) или GeForce 8800gt/gtx одговараат за матичната која претходно ја наведов?
 
Без да ја знам целта на појачувањето, не можам да предложам конкретно што да се купи. Radeon-от 7770 го предложив да се купи во комбинација со другите делови со цел да се играат популарните не превише захтевни игри во моментот ( DOTA 2, Counter Strike GO, League Of Legends и остали ). Ако не играте игри и компјутерот највише ви се користи за гледање филмови/сурфање на интернет/facebook и слично, тогаш немате никаква потреба од купување на дедицирана графичка картичка. Интегрираната е повеќе од доволна. А конкретно процесорот g1840 го предложив затоа што е споредлив во перформанси со тој што имате намера да го купите ( e8400 ), генерално е малце побрз, помалку троши, помалку грее и содржи интегриран GPU. Друго што добивате е целосно нова платформа ( бенефитите се спомнати во претходниот пост ), со која ви се отвараат можности и за надградба во иднина.
Во врска со графичката - во теорија сите PCI express графички картички без разлика на поддржаната верзија ( 1.0, 2.0, 3.0 ) работат на сите плочи што го имаат потребниот PCI express слот со било која поддржана верзија на стандардот. Во пракса во најголемиот број случаи тоа е точно и се си работи без проблем ама ( секогаш има ама :) ) во ретки случаи може да се јави некомпатибилност на некои графички со некои плочи иако не би требало тоа да се деси. Пример беа некои од првите верзии на 8800GT со поддршка за PCI express 2.0 кои не работеа во некои плочи кои поддржуваа PCI express верзија 1.0 без да се флешне BIOS-от на рафичката ( генерално на послаби плочи со VIA chipset ). Ако сакаш да бидеш сто посто сигурен дека ќе работи - однеси го компјутерот во сервис да ти ја монтираат графичката ( мада не би требало да има проблем ).
8800gt/gtx беа спомнати ради споредба и таква графичка не би препорачал да се купи во 2016та година за било која намена.
Значи кога ќе барате графичка - може да ја купите било која графичка што користи PCI express x16 слот ( верзијата не е битна ). А за конкретно која да ја купите - никој не може да ви каже без да се знае намената. На тој процесор што го имате моментално не се исплати да земате ниедна од споменативе, затоа што е преслаб ( ќе биде тесно грло при играње дури и на игрите што ги споменав претходно како незахтевни ). Ако не играте и се одлучите да земете нова платформа - нема потреба од графичка. Кога ќе земате графичка обратете пажња и на тоа какво напајање имате, појаките графички трошат повеќе струја и можно е да имате проблеми со некое постаро/неквалитетно напајање кое не е предвидено за толкав потрошувач.
Мојот совет си стои - не фрлајте пари во LGA 775 платформа, земете ново ако сте во можност. До тогаш терајте без надградба.
 
Навистина исцрпен одговор почитуван колега-кајганџија! Мислам дека ова е повеќе и од доволно во моментов за мене. Ми дадовте навистина конкретни и корисни насоки! Ќе ги применам...! Ви благодарам!

p.s. Уште едно прашање во врска со мојов случај, ако се одлучам за нова конфигурација би сакал да си купам ново, но доволно мало и, пред се, компактно PC-куќиште - во кое ќе ги собира сите делови (пред се мислам на графичките со поголеми димензии). Би можеле да ми препорачате едно или повеќе, независно дали се од нашиот домашен или странски пазар?

Поздрав и се најдобро!(y)
 
За проблемов што го имав со гасење на компјутеров ми рекоа дека е до матичната плоча,дали имате предлог каква матична да земам,колку пари и дали треба да биде иста како што е оваа што е расипана...?
dali go otvori kompijuterot da go proveris kulerot dali funcionira mene isto vaka mi gasese na stariot komp go otvoriv i vidov deka perkata ne vrtit na culerot go smenav i nemav problemi so toa
 
Здраво,шо можит да е проблемов при играње кантер одеднаш ми почна да ми пајѓат фпс пример на 150-200фпс нормала ми падна на 50 и така нон стоп неколку секунди си е нормално па пајгат па после убав па пак пајгат,пробвам исто и на дота 2 и исто од 80фпс нормално на 20 25?го отворим процесорн го истичтив све прашина кулерон и пак исто,чаре некое??
 
Здраво дечки ме интересира тука експерти има да прашам колку вреди десктопов?
Asrock G41C-GS
Corsair Memory — 2GB DDR3 Memory (VS2GB1333D3)
Intel Pentium E6700 3.2 GHz
Nvidia GT 630 Palit 2GB
Philips 18.5 Inch
ExcelStor Technology J880 ATA Device 80GB
Logitech звучници
Mouse A4tech
Genius Keyboard водоотпорна
 
Друштво имам проблем со ПЦ-то.
Неколку секунди ми закочува пц-то.. маусот, тастатурата ми се на усб и тие се дисконектираат и после неколку секунди пак се конектираат и вака прави на секои 2-3 минути.
Знае ли некој како може да го решам овој проблем?
 
Лаптоп Acer Aspire E1-571, закочува на црниот екран т.е. не ни го boot-ирa оперативниот систем (Windows 7 Ultimate). Што може да е проблем, и соодветно решение?
 
Дали може да се влезе во bios? Дали таму ги прикажува компонентите?

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Пред година и кусур земав Сони Бравиа 40‘‘ телевизор од Техномаркет. Одлична слика, звук (за мои стандарди). Но пред некои 3 месеци почна да заебава - каналите што ги имам ставено цело време им го разместува редоследот. Ги ресортирав како што сакам, пак исто после недела - дена каша попара. Се јавив во Телекабел, ми рекоа дека треба некои апдејти да исклучам, ги исклучив, но проблемот продолжува да постои. Од таму ми рекоа дека не било до нив. Чаре?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom