За Македонија се работи! - eRepublik

  • Креатор на темата Креатор на темата Д Малиот
  • Време на започнување Време на започнување

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Дечки, со новиот воен модул знаете дека неколкукратно се зголеми потребата за дечица у играва што назад го врати и сарметина кој напиша дека ќе се објави на својот и ќе замоли неколку луѓе да објават и на други сајтови. Мене ми текна на Кајгана па во меѓувреме им пишав нив а и на Ohridsky по еден мејл со кој ги замолив да ни излезат во пресрет. Доколку држите сајт или можете да замолите некого да објави еден кус текст на својот сајт според мене ова е вистинското време.
Текстот кој јас им го пратив на кајгана и ohridsky е следниов ( во code ).
Код:
Помогни и на Македонија.
 
Знам дека насловов ве повлече но сепак ова е игра. Се работи за eRepublik - игра каде можете да станете
што сакате, од новинар, бизнисмен па се до политичар и крадец. Само посакајте и ваше е.
Како и во вистинскиот живот така и во играва најголем противник на нашата држава е
Грција која во последно време не победува на секое поле во играта.
Грците на помош ги викаат своите сојузници, а ние ве викаме вас - активни млади играчи,
луѓе со слободно време, вљубеници во воено-економските стратегии 
да ни помогнете да ја вратиме старата слава и од вистинскиот живот 
па дури и онаа од играта.
Линк за регистрација: http://www.erepublik.com/en/referrer/VittaX
Ве очекуваме.

Само ова успеав да го склопам за сега така да им пишав доколку објавуваат слободно да го изменат. Ако можете објавете го или пратете го текстов ( или модификацја од текстов ) на некој што може да го објави негде.
ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ!
 
Да се најде маж/луѓе кои во реалноста ќе ја оправат Македонија,а од игри и губење време на нет не се добива ништо.Само повеќе се губи и битката во реалноста
 
Вие нормални ли сте
 
мразам реферали
 
И, како и помагате вака на Македонија во real-life?
Дај не си го губете времето на играва, мислите на некого му е гајле дали Македонија ја освоила Грција или Грција ја освоила Македонија во eRepublic, и дека тоа може нешто да смени во реалноста?
 
И, како и помагате вака на Македонија во real-life?
Дај не си го губете времето на играва, мислите на некого му е гајле дали Македонија ја освоила Грција или Грција ја освоила Македонија во eRepublic, и дека тоа може нешто да смени во реалноста?
А со играње WoW или Farmville на Фејсбук ќе се смени се :tapp:
Си праат забава де, трошат време на нет.
 
А со играње WoW или Farmville на Фејсбук ќе се смени се :tapp:
Си праат забава де, трошат време на нет.

Не нема да се смени ништо (btw и Farmvile и WOW мразам :D) само што мислам дека е префорсирана eRepublik и виртуелните војни во играта, тоа е тоа.
 
И, како и помагате вака на Македонија во real-life?
Дај не си го губете времето на играва, мислите на некого му е гајле дали Македонија ја освоила Грција или Грција ја освоила Македонија во eRepublic, и дека тоа може нешто да смени во реалноста?

Како ? Со создавање на нови пријателства.... играта не е само игра туку играта е нашето прво средство за организирање средби, а и првата тема која се отвара на секој собир. ДА играта е досадна сама по себе од честите и глупи измени кои се прават, АМА секогаш забавата е таа што е важна... Меѓу другото што ќе правиш во периодот од 12 до 6-7 попладне освен што ќе јадеш и ќе гледаш телевизија ( 12 го земам просек за спиење - знам дека има и подоцна шо стануваат ) и после 2-3 кога ќе се вратиш дома додека не легнеш. Многу луѓе баш од пријателствава од играва си најдоа работа, многу момчиња си најдоа девојки и обратно... Меѓу другото тоа е тоа најглавното затоа и пишав дека бараме активни млади играчи,
луѓе со слободно време, вљубеници во воено-економските стратегии

македонска работа... само да се хејта
 
А да се организирате во реалноста една вечер да исчистите некоја улица,парк,булавар ама не виртуелно туку реално.
 
Меѓу другото што ќе правиш во периодот од 12 до 6-7 попладне освен што ќе јадеш и ќе гледаш телевизија ( 12 го земам просек за спиење - знам дека има и подоцна шо стануваат ) и после 2-3 кога ќе се вратиш дома додека не легнеш.
Јас во тоа време 2 саати одвојувам за тренинг и пропратни активности и остатокот од времето читкам нешто;)
 
Јас во тоа време 2 саати одвојувам за тренинг и пропратни активности и остатокот од времето читкам нешто;)
Тренинг и пропратни активности кај мене обично се после 6 попладне... пред тоа дел спаѓа на гледање филмови, јадење, одмарање ОД СПИЕЊЕ ( ко црногорец сум јебига - ако не отспијам 2 часа после ручек не сум свој ) и да - читање како и ти...еве да се пофалам у моментов ја имам на репертоар Мојата борба од Хитлер и сепак наоѓам време и за ова... не е изговор и не за џабе е она АКО СЕ САКА, СЕ СЕ МОЖЕ.

И гледам дека сите одговори се контра... па мајка му стара гледате ли дека темава се наоѓа во Игри ---> eRepublik ? Ако не ви одговара не морате да мрчите туку ладно вратете се назад. А истото тоа време кое го користите да исплукате некого или нешто по форуми на теми кои очигледно не ве интересираат можете да го искористите на баш она што е у првиот пост како што пишав погоре АКО СЕ САКА, СЕ СЕ МОЖЕ, а очигледно вие мислите дека имате попаметна работа од 5-10-20 клика дневно меѓу која е и плукањето на единствената работа покрај кошарката, ракометот и политиката која успеа да спои толку многу македонци на едно место и не разликува млад и стар што го кажува и самиот факт дека 70% од играчите се постари од 30 години... Активноста е нешто што го одредувате сами по себе - дали ќе издвоите 5 минути или 5 часа тоа е ваша работа - исто како со читање, дали ќе прочитам 5 страници или 500 без пауза тоа е моја работа..... Толку од мене, нема да коментирам и нема да пишувам повеќе во темава освен ако не се работи во врска со првиот пост и би ги замолил модераторите да ја заклучат темата во случај да се појават „коментари“ кои би биле означени како off-topic! Поздрав!
 
Додадено е името на играта во насловот за да се знае за што се работи.

Секое следно офтопик мислење ќе биде бришено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom