Барок

  • Креатор на темата Креатор на темата The countess
  • Време на започнување Време на започнување

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Возраст
30
Локација
Skopje
Барокот се појавува во кон крајот на седумнаесетиот век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста. Црквата е принудена да се спротистави на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми, архитектите и вајарите тражат нови димезии на изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и движење. Сликарите и понатаму ги во центарот на вниманието ги сместуваат религиозните содржини, но се во потрага за нови ефекти во третирањето на бојата.
Барокот го добил името по шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма.
224243-Baroque-Art-Screensaver-800-Paintings.jpg

Основните карактеристики на барокот се согледуваат уште во ренесансните дела. Во одредена смисла барокот е негација на ренесансата бидејќи во себе содржи компоненти кои произлегуваат од средновековното христијанство. Најзначајни претставници на уметничкиот правец од ренесансата кон маниризмот и барокот неоспорно е Микеланџело Буонароти. Во текот на 17 и 18 век барокот се раширил во Европа. Има зачетоци во сите свери на животот, архитектура, сликарство, литература, музика. Тоа е последен универзален стил на Европа кој настанал во Италија и се проширил во Германија, Австрија, Франција, Холандија. Во сликарството елементите се прелеваат во илузинистички стил. Во архитектурата се појавуваат пластични елементи, а се употребува сликарството за да се емитираат елементи на градежништво (сводови, ребра и сл.). Барокот дава предност на асиметријата, заоблени облици. Елемент на барокот е движењето, динамичноста, што е спротивно на ренесансата.
Victoria_Parliament.JPG

neuschwanstein-castle.jpg

4606594973_5ab0c09b24_z.jpg
Карактеристики на барокната архитектура се монументално и грандиозност како и нагасувањето на чувствата, со цел да се створи впечаток врз човекот. Црквите требале да бидат слика од небото на земјата, а палатите и замоците да репрезентираат богатство и моќ. Основа на објектите била елипсата или нејзините елемента, а чест архитектонски елемент е куполата. Се употребувале скапи материјали, злато, благородни дрва, како и боен мермер.
Претставници на барокната архитектура се Џан Лоренцо Бернини, Франческо Боромини и Гуарино Гуарини. Бернини е несомнено најзначајниот архитект кој ги изградил колонадите на базиликата Св. Петар.Барокот се формирал од темата која го поттикнувала човекот да размислува и оние кои требале човекот да го допрат длабокот за да размислува за потребата на верата. Црквата со сите средства се трудила да ја задржи положбата која ја имала. Сликарството во барокот го развивал односот на светлината и сенките и тежнеел кон развивање на динамика која потенција силна гестикулација и движење. Најзначајни барокни сликари се Микеланџело Караваџо, Дијего Веласкез, Петер Паул Рубенс, Рембрант ван Вијенс и др.
sculpt5_02.png

Lateran_BaroqueSculptures_8346.jpg

Во Барокот скулптурите се одликуваат со вознемиреност, буен волумен, и длабока моделација поради која се појавува контрастот на светлината и сенките. Вајарските дела биле декорен детаљ насекаде - во внатрешноста на градбите, во црквите, во дворците и палатите и сл. По тематиката, најчесто се обработуваат теми од христијанството, но чести се и портретските скулптури како и надгробните скулптури.
Маринизамот нашол свој одраз и во литературата, посебно во поезијата. Во прво време се нарекува поезијата маринистичка. Маринистичките поети биле мајстори на својот занает, во изразот постигнувале непредвидена звучност, а сликовитоста и музикалноста на стиховите достигнувале врв. Се пишувале љубовни стихови, а доаѓаат до израз обидите да се опејат телесните убавини на девојката, детално опишување на женската убавина.

Скопје 2014 -
во нашиов град забрзано и со голема сила се удира неизбришлив печат изработен од тежок бетон, дизајниран со комбинирање на барок и неокласицизам

barok-e1335271571489.jpg


0FAE7E38306E3F4FB958776E434499F9.jpg

g_katna-garaza-kaj-muzejot.jpg

g_katna-garaza-kaj-muzejot3.jpg

g_katna-garaza-kaj-muzejot2.jpg

Нова барокна катна гаража во Скопје
Glad if you find something useful :)
 
Скапоцен период,кога би имал шанса да патувам низ времето,ви отишол баш во Италија за време на Барокот :D
(Иако Скопје полека полека се враќа со минатото во Барокот) :P
 
Цела Европа е барок,кој прошетал знае.

Кој не ќе јаде леблебии на форуми.

:P
 
Нова барокна катна гаража во Скопје
Glad if you find something useful :)
Мислам дека нема потреба катнава гаража да има барок фасада... при самата помисла дека во вакво нешто ќе се паркираат автомобили....:confused: џабе фрлени пари.
 
Цела Европа е барок,кој прошетал знае.

Кој не ќе јаде леблебии на форуми.

:P
Да, ама за разлика од барокот во прага, рим, будимпешта, париз и други, кои симболизираат еден важен период од историјата, барокот во скопје симболизира немаштија.
 
Скапоцен период,кога би имал шанса да патувам низ времето,ви отишол баш во Италија за време на Барокот :D
(Иако Скопје полека полека се враќа со минатото во Барокот) :P

Како се враќа Скопје назад со барокот, кога во Скопје никогаш немало барок
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 12:07 ---
Цела Европа е барок,кој прошетал знае.

Кој не ќе јаде леблебии на форуми.

:P

Цела Европа е сите периоди историски низ кои поминувала. И барок, и ренесанса и готика и модерна и се.
Цела Македонија е турско ропство со тебе на чело.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 12:11 ---
Инаку, да се вратиме на темата додека целосно не е упропастена, мене од барокниот период најмногу ми се допаѓа Караваџо. Типот имал тестиси и на сите у фаца им рекол: „Нема да сликам како што вие мислите дека треба, ќе сликам како што е.“
Со еден збор, не си ги фотошопирал сликите, туку ги сликал работите онакви какви што ги гледал, темни, трули, расипани.

758px-Canestra_di_frutta_%28Caravaggio%29.jpg
 
1. Не провоцирај.
2. .!.


Како сфати дека провоцирам жити се? Јас само заебанција пишав за ников твој и ти одма се попали. Бреј, многу лесно се провоцираш. Мислиш ли бар 2 секунди пред да се испровоцираш или онака, спонтано ти иде? И де, објасни ми за што се испровоцира. Не на темава, пошто оф топик сме ама, сепак онака...за што?
 
Познато ми изгледа,ка да сум го видел това деновиве:D
 
Бароков незнам зошто го донесоа кај нас...... ем не е карактеристичен за наше подрачје, ем е кич.... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom