Најевтините европски туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Прочитајте кои се најевтините дестинации во Европа што вреди да се посетат, според листата на As We Travel. Ова се омлиените места на туристите со цени достапни за сечиј џеб.
Екипата на As we Travel пишува дека цените варираат во секоја земја и дека во зависност од тоа каде патувате или ќе заштедите или ќе го пречекорите буџетот. Добро испланирајте ги трошоците пред секое патување за да се осигурате дека нема да ги потрошите средствата и за следниот одмор.
Еве ги дестинациите за евтин летен одмор:
Босна и Херцеговина

najevtinite-evropski-turistichki-destinacii-87780.jpg

Нејзината убавина е споредена со скапоцен камен. Има фасцинантни градови, прекрасна природа и пријатни луѓе. Автобускиот превоз е најевтин и најдобар за уживање во природните убавини. Домашната храна во рестораните е доста евтина, а градови кои треба да ги посетите се Сараево и Мостар. Кога веќе сте во оваа прекрасна земја, немојте да го пропуштите рафтингот на реката Неретва.
Португалија

najevtinite-evropski-turistichki-destinacii-87781.jpg

Оваа земја со шармантни градови, љубезни луѓе и неверојатна храна е омилена дестинација во западна Европа. Во Потругалија се нудат различни активности, од сурфање на југот на земјата, истражување на ресторани по Лисабон до скитање по улиците во Порт на север. Овој град има поволни цени за сместување и храна.
Хрватска

najevtinite-evropski-turistichki-destinacii-87782.jpg

Не е толку евтина како повеќето земји од источниот дел на Европа, но што се однесува до плажите таа е совршена замена за Грција (која и покрај кризата во земјата не ги намали цените).
Според As We Travel, брегот е бескрајно убав, со необични рибарски места и острови со сјаен ноќен живот. Храната, сместувањето и пиењето се релативно евтини, а можете поволно да патувате по внатрешноста или да посетите некој од островите. Оние кои ќе се заситат од плажите може да прошетаат по улиците на Дубровник и Загреб, како и да се запознаат со нивната историја и култура.
Естонија

najevtinite-evropski-turistichki-destinacii-87783.jpg

Оваа земја е омилена меѓу балтичките земји. Главниот град Талин е прекрасен, со шармантни улици од камен, интересни места за прошетка и пријателски расположени жители.
Берлин (Германија)

najevtinite-evropski-turistichki-destinacii-87784.jpg

Овој град е издвоен бидејќи е поевтин од останатите. Летото не е толку топло во Берлин, како во останатите метрополи во Европа. Насекаде можете да најдете поволно сместување, евтини ресторани, пекари и барови.
Чешка

najevtinite-evropski-turistichki-destinacii-87788.jpg

Некои можеби ќе се побунат дека Чешка не е евтина како порано, но сепак и понатаму е достапна за секого. Во центарот на градот може да се најдат евтини хотелски соби за иста цена како за хостел сместување во другите земји. Чешка сама по себе е прекрасна со интересни места кои вредат да се видат. Прага „градот на илјада кули“ е сè уште најпопуларен.

Превземено од Кајгана

Koе е вашето мислење околу оваа листа на најевтини дестинации за одмор? Би додале ли уште некоја дестинација за посета?
 
Бугарија мислам дека е најефтина. Во секаква смисла на зборот. По неа веројатно е Романија.
Португалија и Шпанија имаат прилично еднакви цени за смештај и исхрана. Проблемот е што Португалија не е толку транспортно поврзана како Шпанија која има линија од речиси секоја земја во светот. Плус има директни линии до своите туристички дестинации што ја прави поедноставна за патување. До Португалија патот е поскап. Во Берлин кафето е 2 евра, во Тесалоники 4 јужниве дрмаат сеуште со цените. Кога ќе банкротираат ќе бидат убедливо најефтина држава во Европа.
 
Може се најефтини али дајте цени да видиме, сместување, пат , храна.
 
Ауууу Португалија не е баш евтино,у центар да седнеш да пиеш кафе ќе те кошта 30 евра дури,а во некоа покраина 10-15 евра ...
Исто е и во Шпанија,макар во некои локалитети во центар во Мадрид кафето достига и до 50 евра(обично кафе) а да не зборувам пак за нескафе макијато и тие ексклузивните кафиња ...
 
ooou , 50 evra obicno kafe ako e eftino jas sum kosmonaut .
Ovie da ne mislat deka imame germanska plata .
 
Ауууу Португалија не е баш евтино,у центар да седнеш да пиеш кафе ќе те кошта 30 евра дури,а во некоа покраина 10-15 евра ...
Исто е и во Шпанија,макар во некои локалитети во центар во Мадрид кафето достига и до 50 евра(обично кафе) а да не зборувам пак за нескафе макијато и тие ексклузивните кафиња ...
Имаш отидено и си пиел кафе во Шпанија и Португалија или пак ти кажуваше братучедот што му кажувал некој пријател дека гледал репортажа на телевизија за Шпанија и Португалија?
 
Имаш отидено и си пиел кафе во Шпанија и Португалија или пак ти кажуваше братучедот што му кажувал некој пријател дека гледал репортажа на телевизија за Шпанија и Португалија?
втора година таму учев како размена на среднисти,и пекол е сегде освен во некои покраини и кинески пазари... :D
 
втора година таму учев како размена на среднисти,и пекол е сегде освен во некои покраини и кинески пазари... :D
Оти бе дете подлажуваш по малку? Или не си бил или пак лажеш за цените на пијалоците. Па ручек за двајца не чини 50 евра во Шпанија, не пак едно кафе.

Се надевам знаеш англиски.

http://wikitravel.org/en/Madrid#Eat
http://wikitravel.org/en/Barcelona#Eat
http://wikitravel.org/en/Lisboa#Eat

http://www.lonelyplanet.com/spain/madrid/restaurants
http://www.lonelyplanet.com/spain/barcelona/restaurants
http://www.lonelyplanet.com/portugal/lisbon/restaurants
 
Ауууу Португалија не е баш евтино,у центар да седнеш да пиеш кафе ќе те кошта 30 евра дури,а во некоа покраина 10-15 евра ...
Исто е и во Шпанија,макар во некои локалитети во центар во Мадрид кафето достига и до 50 евра(обично кафе) а да не зборувам пак за нескафе макијато и тие ексклузивните кафиња ...

Португалија е најефтина во Европа. ;) Само за информација.
 
Народе не знам дали сум на право место со моево прашање али ми се спие да ја барам темава на која сакам да поставам прашање... ;)
Ве молам предлог за дочек на Н.Г и агенција плс???

Лека ноќ
 
Народе не знам дали сум на право место со моево прашање али ми се спие да ја барам темава на која сакам да поставам прашање... ;)
Ве молам предлог за дочек на Н.Г и агенција плс???

Лека ноќ
http://forum.kajgana.com/threads/Новогодишни-понуди-од-нашите-агенции.64627/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom