VIRTUAL
knowledge is power
Сите правиме глупави грешки од време на време, па и компјутерските корисници не се исклучок. Доволен е само еден погрешен потег за да се направи крш од било кој компјутер, а понекогаш тоа може и многу да чини – збогување со компјутерскиот систем засекогаш. За превенција, накратко ќе ги разгледаме 10-те најчести и најглупави грешки кои компјутерските корисници ги прават, за да знаете што вие не треба да правите.
Првата голема грешка, која повеќе може да предизвика штета како резултат на немарност и незнаење, се однесува на непоставувањето на соодветна заштита од електрични шокови, кои физички можат да го уништат системот и секако податоците кои во него се чуваат. За да се избегне ваквиот проблем, потребно е да се користи дополнителна опрема каква што е на пример компјутерскиот стабилизатор, кој ги амортизира големите варијации во протекот на електричната енергија. Голем недостаток на ваквиот стабилизатор претставува тоа што тој може да преживее само еден електричен шок, после што треба да се замени со нов. Затоа, многу попрактично решение е непрекинливиот напојувач за струја или кратко UPS кој има батерија која ја чува енергијата што продолжува да тече дури и кога има прекини, што пак овозможува дополнително време за компјутерот да се исклучи на правилен начин.
Втората тешка глупост претставува сурфањето по Интернет без соодветна Firewall заштита. Со ова, корисниците директно се изложуваат на надворешни напади од вируси и други напаѓачи. За домашните корисници, доволно е да се користи Firewall заштитата која доаѓа со XP или пак сосема друг софтвер заштитник каков што е Zone Alarm или Kerio. Но, поседувањето на соодветна Firewall заштита не е доволно. Корисниците треба истата да ја активираат и правилно да ја подесат за да добијат вистинска заштита.
Третиот голем проблем кој може да се предизвика од немарност е онеспособување, па дури и уништување на системот, како резултат на непостоење на антивирусна и anti-spywere заштита и негрижа за нејзино update-ување. Да дека секојдневните Update-и се здодевни, но и онака се бесплатни, а со оглед на тоа дека нови штетници излегуваат секојдневно, редовните update-и се неизбежно важни. Покрај антивирусна, мора да постои и antispywere заштита.
Четвртата грешка за која повеќето корисници не се ни свесни дека ја прават претставува премногу честото инсталирање и деинсталирање на програми, а особено такви кои се во бета фаза.
Можеби сакате да бидете во тек со се ново што излегува на Интернет, но тоа не значи дека од истото не постојат можни негативни последици. Како прво, тука е пиратскиот софтвер кој често содржи малициозен код како резултат на што може да се случи несоодветно однесување на системот или негово целосно уништување. Дури и да користите лиценциран софтвер, честото инсталирање и деинсталирање на програмите може да предизвика несакани промени во системот. Многу програми и кога ќе се деинсталираат оставаат траги во регистарот како резултат на што системот со тек на време може многу да се успори. Треба да се трудите да инсталирате само програми кои ви се навистина потребни, да се држите до легитимниот софтвер и да се обидете да го минимизирате бројот на програмите што ги инсталирате и деинсталирате.
Петтото предупредување гласи: редовно дефрагментирање на вашите дискови. Многумина можеби знаат, но секако треба се објасни зошто е ова важно. Кога се запишуваат податоци на дискот, тие зафаќаат посебни секции од него кои се викаат кластери. Доколку запишете фајл кој зафаќа 3 кластери, и потоа го избришете, новиот фајл што треба да зафати 5 кластери ќе ги искористи првите 3 кои се ослободиле и други два кои се наоѓаат на друго место. Ова ќе резултира со забавување при стартувањето на фајлот, кој пак ако е дел од некоја апликација ќе предизвика и забавување при нејзината работа. Затоа е потребно редовно дефрагментирање кое можете да го извршувате преку самиот Windows или пак со помош на некоја друга програма за таа цел. На ова се надоврзува и проблемот со пренаполнетиот хард диск кој дополнително го оптоваруваат и многу temporary фајлови. За да се ослободите од истите, потребно е повремено да ја користите алатката CleanUp.
Шестата глупост се вика игнорирање на потребата од backup. Податоците се најважната работа на компјутерот. Оперативниот систем може да се преинсталира, исто како и апликациите, но податоците се тие. За да можат да се спасат при евентуална непредвидена незгода, не само што мора да се прави backup, туку тој мора и редовно да се update-ува. Користите го backup програмчето кој доаѓа со Windows-от или некое друго. Резервните податоци чувајте ги на друг компјутер или пак на надворешен драјв.
Многу луѓе се склони да ги отвораат сите attachment-и во email пораките кои ги добиваат, како да се тие некои неочекувани подароци кои можат да предизвикаат радост. Неочекуван подарок може да се најде и пред вашата врата, но тоа не значи дека треба веднаш да го отворите. Што ако е бомба.
Отворајте ги само оние прикачени датотеки кои потекнуваат од сигурен извор и кој истовремено ги очекувате, бидејќи понекогаш еден инфициран компјутер може да прати email порака со штетник за кој корисниците на истиот не се ни свесни дека го праќаат. Доколку некогаш отстапите од ова правило, особено внимавајте при executable фајловите.
На ова се надоврзува и потребата на луѓето да кликаат на се и сешто. Секој линк вклучен во email пораките не треба да се клика, исто така и на сомнителни сајтови кои со некој линк сакаат некаде да ве пренасочат. Еден погрешен клик може да ве одведе до еден куп порнографија, до активирање на малициозен софтвер и до инсталирање на backdoor програма со што пак ќе му дозволите на некој надворешен напаѓач да ја има директната контрола врз вашиот систем. Некои линкови може да изгледаат безбедно, а всушност да пренасочуваат на некое сосема небезбедно место. Во најмала рака, доближете се до линкот и видете ја неговата вистинска дестинација пред да кликнете на него.
Убаво е да се делат работите со другите, но се не треба да се дели. Ако вашиот компјутер е поврзан во мрежа, при што на останатите корисници е неопходно да им дозволите пристап до вашите фајлови, бидете сигурни дека тие се заштитени и со file level и со share level дозволи. Доколку немате потреба од делење на податоците, оневозможете го share-њето на истите.
Последната грешка на која ќе ве предупредиме е погрешниот избор на лозинките. Лесно се пробиваат кратките лозинки лозинките кои се состојат од името на вашиот сакан, вашиот роденден итн. Најдобро е да се користат лозинки кои се состојат 14 карактери меѓу кои треба да се најдат букви, бројки и симболи. Најдобри се лозинките кои се состојат од фрази кои немаат смисла, и кои секако треба често да се менуваат. Доколку решите да подлегнете на овој совет, треба да внимавате и да ја запомните фразата која ќе ја изберете. Најдобро би било да користите тешки лозинки кои ќе ги содржат почетните букви од фразата која можете да ја запаметите. На пример, мене ми е роденден на 12-ти мај секоја година, може да се претвори во ммерн12мсг. Ваква лозинка, речиси не може да биде пробиена.
ИЗВОР




Можеби сакате да бидете во тек со се ново што излегува на Интернет, но тоа не значи дека од истото не постојат можни негативни последици. Како прво, тука е пиратскиот софтвер кој често содржи малициозен код како резултат на што може да се случи несоодветно однесување на системот или негово целосно уништување. Дури и да користите лиценциран софтвер, честото инсталирање и деинсталирање на програмите може да предизвика несакани промени во системот. Многу програми и кога ќе се деинсталираат оставаат траги во регистарот како резултат на што системот со тек на време може многу да се успори. Треба да се трудите да инсталирате само програми кои ви се навистина потребни, да се држите до легитимниот софтвер и да се обидете да го минимизирате бројот на програмите што ги инсталирате и деинсталирате.



Отворајте ги само оние прикачени датотеки кои потекнуваат од сигурен извор и кој истовремено ги очекувате, бидејќи понекогаш еден инфициран компјутер може да прати email порака со штетник за кој корисниците на истиот не се ни свесни дека го праќаат. Доколку некогаш отстапите од ова правило, особено внимавајте при executable фајловите.



ИЗВОР