KupiKniga.mk - online нарачка на книги

  • Креатор на темата Креатор на темата goce76
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 мај 2012
Мислења
50
Поени од реакции
30
Возраст
48
Веб-сајт
www.kupikniga.mk
KupiKniga.mk е првиот македонски портал за електронска трговија со книги на кој можете да ја најдете КОМПЛЕТНАТА понуда од најголемиот дел издавачки куќи во Македонија. Целта на нашата веб страна е сите љубители на пишаниот збор да ги донесеме на едно место заедно со сите издавачки куќи во нашата земја.
На KupiKniga.mk ќе имате можност да се информирате, коментирате и комуницирате со останатите корисници и посетители.

KupiKniga.mk со само еден клик ве води во виртуелната книжарница во која на располагање ви стојат голем број на книжевни дела од разни категории. На KupiKniga.mk можете да најдете книги за белетристика, бизнис, детски книги, класична литература, стручна литература, психологија, филозофија и религија, ова е вистинското место на кое ќе најдете најголема понуда на книги. Нашиот веб портал ви нуди голем најголем избор на книги од македонски и светски познати автори по извонредни цени.
 
Ако почнете да продавате книги во електронска форма, со добар превод ќе купувам од вас.
 
637_59_47_9__9__5_2012prodadena.jpg

http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=1127

Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.
Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.

Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството. Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка. Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.

Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа.

Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира... па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму...

Приказна раскажана низ повеќе раскази, кратки и остри, мали и болни, директни и без заобиколување на вистината. Ќе ја прочитате во еден здив, ќе ја спуштите со насолзени очи. Зошто, ќе се запрашате зошто некои деца имаат ваква судбина додека други скокаат на јаже и јадат сладолед?! Дали е фер? Дали е праведно?
 
Me gusta !
Од Септември здравје планирам сериозно да почнам со читање книги, и повеќе преферирам у книжна форма одколку електронска , па може да ми се најде корисен овој сајт.

Посебно ме интересира митологија, паранормално, историја, психологија , филозофија и бизнис.
 
Ако почнете да продавате книги во електронска форма, со добар превод ќе купувам од вас.

Се обидуваме да понудиме различни новитети за нашите читатели. Книгите во електронска форма се иднината и ние сме свесни за тоа. Можам да ветам многу интересни функционалности во иднина, за кои на време ќе бидете известени на форумот.
 
Не се слагам , книга во електронска форма ич не ми се допаѓа. И така премногу време народот е илзожен пред монитор , па уште и книга. Old school baby , хартија у рака да осетам , тоа е ектра кеф при читање.:coffee:
 
Ај сега уште книгите Игра на Тронови да ги ставите и ќе бидете комплетирани! Гледам има голем избор на книги, ама овие ги нема.
 
Се обидуваме да понудиме различни новитети за нашите читатели. Книгите во електронска форма се иднината и ние сме свесни за тоа. Можам да ветам многу интересни функционалности во иднина, за кои на време ќе бидете известени на форумот.
Се надевам не сте сериозни за ова. Книгите во електронски формат не треба да се иднината ниту пак правец во кој треба да размислувате за иднината на вашиот бизнис. Можеби ќе опадне бројот на читатели кои ќе сакаат книги во нормален формат (хартија), но чувството да читаш книга во тој формат е неспоредлив со оној во електронски формат. Токму затоа иако имам прилично големо искуство во интернет просторот и некоја книга ако ја има на интернет - можам да ја најдам, уште читам книги на старомоден начин.
Ќе ја искористам приликава да споделам лично искуство со kupikniga.mk:
- цените им се доста добри
- имаат релативно добар избор на книги
- квалитетот на книгите солиден
- заебаваат со испораката... првиот и единствен пат кога порачав од нив иако на сајт си платив со картичка и за испорака, и при достава ми побараа да платам за доставата... по некој ден ми ги вратија парите што погрешно ми ги наплатија кога си ја увидоа грешката, ама остана грешката и не можам да ја заборавам бидејќи сепак е прво (и единствено засега) искуство. Во блиска иднина планирам уште еднаш да купам книга (штом ја завршам "Патот по кој поретко се оди") за да видам дали ќе бидат повнимателни овојпат со доставата и какво ќе ми биде целото (ново) искуство, па ќе пишам на темава пак.
 
Ќе ја искористам приликава да споделам лично искуство со kupikniga.mk:
- цените им се доста добри
- имаат релативно добар избор на книги
- квалитетот на книгите солиден
- заебаваат со испораката... првиот и единствен пат кога порачав од нив иако на сајт си платив со картичка и за испорака, и при достава ми побараа да платам за доставата... по некој ден ми ги вратија парите што погрешно ми ги наплатија кога си ја увидоа грешката, ама остана грешката и не можам да ја заборавам бидејќи сепак е прво (и единствено засега) искуство.
Сепак ти ги вратиле парите, што зборува нешто. Претпоставувам проблемот бил до фирмата која ја користат за испорака, а не до нив, бидејќи на сајтот убаво е објаснета процедурата за испорака.

Јас им дадов шанса, и тоа нарачав детски книги за внуците на сестра ми, и сè помина без проблеми, во рок од три дена им беа доставени книгите лично, на рака.
 
Сепак ти ги вратиле парите, што зборува нешто. Претпоставувам проблемот бил до фирмата која ја користат за испорака, а не до нив, бидејќи на сајтот убаво е објаснета процедурата за испорака.
Сепак бидејќи тие (купикнига) ги имаат ангажирано, самите и треба да се разберат со доставувачот и да му дадат јасно упатство за тоа дали за одредена испорака е платено или не. Мене како купувач тие поединечни детали не ме интересираат.
Износ на книга: толку пари
Поштарина: толку пари
За мене како краен клиент тука приказната со пари треба да е завршена, а не да ми се наплаќа и при доставување, па после да ме бараат за да ми ги вратат парите (кои секако дека мора да ги вратат, инаку целата трансакција ќе ја поништев... имав сметки дека иста услуга двојно ми е наплатена, купикнига или прокредит дали ќе ми ги вратат парите ирелевантно... во секој случај нема да им речам фала за тоа).
 
Книгите ги носат до домашна адреса или пак мора да се оди до пошта да се подигнат? Сакав да нарачам 2-3 книги пред некој ден, па се пишманив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom