
Foursquare ја издаде 5та верзија од својата мобилна апликација за iOS и Android. Целосниот нов редизајн ќе ве натера на повеќе активност од само едноставниот процес на чекирање во вашиот омилен кафебар. Па така, преработената верзија на Foursquare има тенденција да ги натера корисниците да бидат поактивни, постојано овозможувајќи им да откриваат нови места.
Целиот редизајн е одличен, олеснет, едноставен и добредојден од секој претходен корсинк на Foursquare. Новите корисници сеуште ќе се прашуваат зашто е кул да се биде мајор на одредено место. Некои нови фукционалности покрај редизјанот и давањето акцент на Explore табот нема.

Со притискање на Explore се прикажува мапа од вашите пријатели и локаци кои ги препорачува Foursquare кои се надополнети со слики и коментари. Преку ова се олеснува пребарувањето на местата во вашата поблиска околина a истите се прикажуваат на паметен начин според одредени параметри како вашите претходни активности или чекирањата на вашите пријатели во тој дел од деност. Исто така преку овој поглед може и да се пребарува според клучен збор. На домашната страна е прикажан времеплов (timeline) од последните активности на вашите пријатели.
Сепак чекирањето, собирањето беџови и станувањето мајор останува битно исто така. Тука ништо не е сменето и се одвива на истиот начин. Не забравајте да се чекирате откако ќе пронајдете некое интересно на мапата и оставете ваше мислење и предлози за истото.
Доколку до сега не добивте известување за новата верзија, линковите за преземање се веднаш под видеото.
Апликацијата е достапна за превземање за Andoid и iOS корисниците.
ИЗВОР