Што е религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Само Човек
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
С

Само Човек

Гостин
Во последно време на подфорумот се најдоа многу луѓе кои незнаеја да извадат дефиниција за Религија.
Сите религии се базираат на верувања.
Сите религии имаат иста цел, Бесмртност или Спасение.
Сите религии имаат пракси преку кој се достигнува Спасението.

Според официјалните податоци на страната на ЦИА денешните наголеми религии се Христијанство, Ислам, Хиндуизам , Будизам

:notworthy:
 
Религија-институционализирана и официјализирана форма на верата, тоа би бил мојот одговор :)
 
Нешто слично на политичка партија. Никогаш не сфатив како христијанството успеа толку да се рашири низ светот.
 
Систем на верувања во недоказливи тврдења и/или пракси кон кои се придржуваат група на луѓе.

Се разбира кога се дава дефиниција за некој збор треба да се дадат повеќе варијанти за да се опфатат сите значења во кои се користи зборот. Оваа дефиниција погоре е само една од повеќе можни за зборот религија.
Тој што дава дефиниции не треба да го стеснува или определува за што да се користи зборот, туку да дефинира за што се користи.
 
Нешто кое агностиците и атеистите нема никогаш да го разберат. Фала пријатно.
 
Е наметнување на убедувања кои рационалниот ум одбива да ги прифати. (Исак Асимов.. во „Задужбина и царство“):cool:
 
Уште една причина за класификација.
уште една причина за војна.




Премногу општа тема иначе.
 
Религија = профитна организација
 
Нешто кое агностиците и атеистите нема никогаш да го разберат. Фала пријатно.

Се надевам никогаш нема да доживеам таква несреќа, па да го изгубам здравиот разум.
Фалачаопријатносоздравје.
 
Се надевам никогаш нема да доживеам таква несреќа, па да го изгубам здравиот разум.
Фалачаопријатносоздравје.
Разумот е ограничен, како и човековиот мозок, тука лежи проблемот. Па како сакаш сфати ме........крај краева материјално си материјално за тебе, шо се замараш па и ти со духовниве работи ;)
 
Разумот е ограничен, како и човековиот мозок, тука лежи проблемот. Па како сакаш сфати ме........крај краева материјално си материјално за тебе, шо се замараш па и ти со духовниве работи ;)

Јок, јас се занимавам (и тоа професионално) со ДУШЕВНИТЕ работи, кои, по се, се драстично различни од она што ти сметаш дека е исправно.
 
Се надевам никогаш нема да доживеам таква несреќа, па да го изгубам здравиот разум.
Фалачаопријатносоздравје.
Се се плашам да не е касно ....
 
Јок, јас се занимавам (и тоа професионално) со ДУШЕВНИТЕ работи, кои, по се, се драстично различни од она што ти сметаш дека е исправно.
Епа фино за тебе, но јас не сметам да те поправам, сигурен сум (за мене) дека е . :)
Крај краева секој сам одлучува до каде ќе му дозволи на мозокот да оди.........дали ќе го лимитира или пак со помош на друга филозофија, испраксира кон нешто над. Јас пак велам духовни, посимпатично ми е и помоќно ми го доловува ефектот. И душа е јака работа, али вака ми е ок.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom