В
Вештерот
Гостин
Објаснување:
Кој го читал делото Стилски Вежби на францускиот писател Рејмонд Кено знае за што зборувам и може да го прескокне овој параграф и нека оди на следниот. Кој не го читал нека го прочита објаснувањево. Се работи за еден банален настан кој го опишува на многу различни начини односно стилови. На првата страница од книгата настанот е опишан на најобичен начин во јазик разбирлив на сите нас. Се работи за некој си човек што го видел во автобус. На следните 100 страни истата случка ја опишува од гледна точка на филозов, математичар, или пак во стил на сонет, телеграма и слично... Значи секогаш стилот му е различен. И секогаш е смешно.
За тие што ги интересира повеќе има подолу линк со објаснување за делото
http://prezi.com/znxgbrjlwrow/presentation/
Eве листа на употребени стилови
ёhttp://en.wikipedia.org/wiki/Exercises_in_Style#Styles_employed
Инаку делото е мајсторски преведено на српски од Данило Киш. Ако некој случајно знае каде да ја најдам на македонски би му бил многу благодарен.
Е сега за темата:
Епа по примерот на Кено предлагам и ние во оваа тема да ја покажеме нашата креативност, да повежбаме стилови и исто како него некоја кратка банална случка ја напишеме во различни стилови.
Еве ја случката (си зедов за слбода да ја модифицирам молбата од темата за Охридски речник па се надевам нема да ми замерат). Ако некој има некоја побанална слободно нека ја напише и означи со бројка. Така ќе имаме повеќе случки кои би ги напишале во различни стилови.
Во едно неделното попладне после ручекот имавме состанок на куќниот совет. Во влезот веќе една недела ужасно смрди и хигиената не се орджува на ниво. Претседателот на куќниот совет кој е инаку еден низок дебел пеесет годишен маж со црни густи веѓи се правеше на Тошо и рече дека нему ништо не му смрдело. Пензионерката од трети дојдена со својот излижан стар зелен џемпер и сиви папучи почна да го навредува и да му држи лекции затоа што е неспособен да организира чистење. По половина час карање сите си отидовме дома како ништо да не се случило.