Духовден - најголемиот празник воопшто?

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Без БОЖЈИ Дух Светол нашиот Господ и Спасител (тоа е Мудроста БОЖЈА - Христос) не ќе беше инкарнирана (отелотворена) како човек, не ќе беше ја принел спасителната жртва, не ќе беше воскреснал од мртвите, нити ќе беше воздигнат на местото кое Единсвениот Вистински и Совршен БОГ го има спремено од пред почетокот на световите ...!

Истото важи и за вистинските Апостоли и следбеници Христови, кои дури после добивањето на Светиот Дух БОЖЈИ тие почнуваат длабински да ја спознаваат суштината на Вистината и повеќе не Го изневеруваат Христа, дури и кога ги убиваат!

Зарем - со тоа - Духовден (Пентакост) не е еден од најважните денови (ако не и најважниот) за спасениот на чедата БОЖЈИ?


Поздрав до сите, посебно до оние кои сериозно ќе се вклучат во дискусијата.


Шалом


.
jesus-baptism-2_3212_1024x768.jpg
 
Спирос, како што се декларираш? Мене некако каша попара ми звучиш, ама озбилно прашувам. И Исус и Ислам ти се заедно, башка славиш празници кои дефинитивно ги нема во Исламот...
Благодарам однапред за одговорот.
 
Кое е верувањето во врска со Духовден?Храната што ја конзумираме ќе се појави пред починатите,на оној свет?
 
.

Спирос, како што се декларираш? Мене некако каша попара ми звучиш, ама озбилно прашувам. И Исус и Ислам ти се заедно, башка славиш празници кои дефинитивно ги нема во Исламот...
Благодарам однапред за одговорот.




.

Без БОЖЈИОТ Дух Светол не е возможно да се разбере!​

Еден ден светот ќе се разбуди за се’опфатната Мудрост БОЖЈА, Којашто Единствениот Вистински и Совршен БОГ- за спасение на сите - Ја отелотвори во Исус Христос и тогаш на сите ќе им се разјасни се’, согледувајќи дека во Исус е и совршеното јудејство, и совршеното христијанство, и совршениот ислам, и совршениот будизам, и совршениот комунизам, и совршениот хуманизам, ... и многу многу повеќе од сето тоа, бидејќи Единствениот Вистински и Совршен БОГ е лично во Него!


... и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата ... како што се плаче за еднороден син, и ќе жалат како што се жали за првороден!

(Захар. 12:10 + Откр. 1:7)


Кое е верувањето во врска со Духовден? Храната што ја конзумираме ќе се појави пред починатите,на оној свет?


.

Грчко/римските адети засигурно имаат големо психотерапевтско делување врз членовите кои им веруваат (посебно на ожалостените), но ве молам да не ги поистоветувате со чистата вера и пракса Христова и Апостолска!



Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух!

(Еп.Римја. 14:17)


.
.
 
Спирос, без цитати ;)
Одиш во црква, џамија, дома се молиш.... накратко кажи ми. Зашто сме офтопик ептен ;)
 
.
Грчко/римските адети засигурно имаат големо психотерапевтско делување врз членовите кои им веруваат


Приметуваме по тебе, нема потреба да ни кажуваш очигледни работи.
 
.

Спирос, без цитати ;)
Одиш во црква, џамија, дома се молиш.... накратко кажи ми. Зашто сме офтопик ептен ;)

.

Исто како и моите браќа и сестри (со кои не сум достоен да се наречам брат) кои сведочат за Совршената Вистина, можеш да ме сретнеш и во синагога, и во црква, и во џамија, и во поинакви храмови!


... Севишниот не живее во ракотворени храмови! - како што вели (преку) пророкот;
,Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои.
Каков дом ќе ми направите (?) - вели Господ БОГ - или кое место е за Мојата почивка?
Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘
Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите!
Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух ...!

(Дела Ап. 7:48-51)

.
 
Еве мене не ми е нејасен спирос. Според мене он верува во Бог, во Исус, но он верата не ја покажува како што многумина од нас ја покажуваат со тоа што идат секој ден во црква, џамија, синагога и со тоа мислат дека се верници големи. Не му се потребни обичаите, за да ја покаже својата вера, верува во искрената порака од Исус, не мисли дека ако пропагираш нешто околу својата вера те прави поголем верник. Според мене он верува со срце и верува дека не се потребни чудесии и традиции за луѓето да почнат да веруваат. Според него, не е важно што си, во што веруваш, се додека не веруваш искрено и невино во она што нам Исус ни го даде

spiros ако нешто погрешив прости, но ете тоа е моето видување за тебе и за оние кои не те разбираат. Не сум во состојба тоа убаво да го доловам во зборови, но сфаќам многу убаво што сакаш да кажеш во твоите постови
 
Јас ќе бидам искрен и ќе признаам дека му се восхитувам на Спирос и покрај тоа што гледиштата ни се различни и многу се нервирам кога суни-баграта на форумов се обидува нешто во стилот да се мајтапат со него а поима си немаат од животот и не можат да му се фатат за малото прсте.Во моите очи,Спиро е пример како треба да се однесува еден вистински верник кој верува со срцето искрено а не од фора или зашто така му кажале дома.Се извинувам за офтопик.
 
Спирос е единствен пример за универзален човек, го почитува стариот завет, тората, ја почитува библијата, го почитува куранот, буквално комплетно:)
 
Еве мене не ми е нејасен спирос. Според мене он верува во Бог, во Исус, но он верата не ја покажува како што многумина од нас ја покажуваат со тоа што идат секој ден во црква, џамија, синагога и со тоа мислат дека се верници големи. Не му се потребни обичаите, за да ја покаже својата вера, верува во искрената порака од Исус, не мисли дека ако пропагираш нешто околу својата вера те прави поголем верник. Според мене он верува со срце и верува дека не се потребни чудесии и традиции за луѓето да почнат да веруваат. Според него, не е важно што си, во што веруваш, се додека не веруваш искрено и невино во она што нам Исус ни го даде

spiros ако нешто погрешив прости, но ете тоа е моето видување за тебе и за оние кои не те разбираат. Не сум во состојба тоа убаво да го доловам во зборови, но сфаќам многу убаво што сакаш да кажеш во твоите постови


јас - како и сите повеќе или помалку грешни луѓе - имам вредност рамна на нула (0), но секојпат кога преку Милоста БОЖЈА (Христа Господа) Го ставам Единствениот (1) Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговото Единствено (1) *Свето Слово и Неговиот Единствен (1) *Светол Дух на најнапредното место во мојот животот, Тој од мене прави вредност 1110!

.

Спирос е единствен пример за универзален човек, го почитува стариот завет, тората, ја почитува библијата, го почитува куранот, буквално комплетно:)

.

Се’ што е добро и вистинито во универзумот, потекнува од Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој својата Мудрост Чиста - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исуса Христа!


Да, Тој е Тој кој што ме ослободил и ослободува да Му служам на Неговиот Светол Дух Кој што спасува, а не на буквата која што убива!


Сваќаш?



.
 
јас - како и ситеповеќе или помалку грешни луѓе - имам вредност рамна на нула (0), но секојпат кога преку Милоста БОЖЈА (Христа Господа) Го ставам Единствениот (1) Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговото Единствено (1) *Свето Слово и Неговиот Единствен (1) *Светол Дух на најнапредното место во мојот животот, Тој од мене прави вредност 1110!
Ова госпот ти дава вредност 1110 во бинарен или во декаден систем? Кажи да знаеме точно колку вредиш.
 
.

Јас ќе бидам искрен и ќе признаам дека му се восхитувам на Спирос и покрај тоа што гледиштата ни се различни ...


Пријателе, сите ние единствено на Совршениот БОГ во Христа Господа треба во Духот да Му се восхитуваме и да Го славиме, а Неговото Татковско гледиште - откажувајќисе од сопствените сујетни - како најважно гледиште да го наследиме!

поздрав

.

Ова госпот ти дава вредност 1110 во бинарен или во декаден систем? Кажи да знаеме точно колку вредиш.


.

Во Неговиот, Кој што е поголем од секој човечки ум и систем! .:)

Кога само светот би знаел колку е голема вредноста на Крвта Христова, ... тој веднаш би се одкажал од сопствените сујетни патишта и вредности!



.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom