Мобилните ќе ги полниме со допир на прст

  • Креатор на темата Креатор на темата ФиљанЧоек
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
mobilen-e1338710991659.jpg


Научниците од универзитетот Вејк Форест (ВСУ) имаат произведено систем што им овозможува претворање на човековата топлина во електрична енергија, која во иднина ќе овозможи празниот мобилен да го држиме во раката неколку минути и на овој начин да го наполниме доволно за неколку разговори.

Системот наречен „Пауер фелт“ се состои од наноцевки што се наредени во флексибилна пластична мрежа и ја овозможуваат работата на термоелектричниот уред што ја претвора телесната температура во електрична енергија.

Системот ги користи температурните разлики помеѓу надворешната температура и температурата на телото, што му овозможува да создаде топлина што се претвора во електрична енергија.

Научниците велат дека нивниот систем, освен за полнење мобилни уреди, би одговарал дури и за полнење акумулатори.

„Замислете го како прибор за прва помош, обвиткан околу рачна ламба или како полнач за мобилни“, изјави Дејвид Керол, директор на Центарот за нанотехнологија и молекуларни материјали на универзитетот ВСУ.

ИЗВОР
 
Не е проблемот полнењето, проблемот се батериите кои имаат премал капацитет. Нив треба да ги истражуваат.
"Мобилните" (во наводници бидејки сега повеке се користат како компјутери отколку како телефони) дојдоа од ниво на уреди со еднобоен мал дисплеј и 13-14 копчиња кој служи само за разговор и ништо друго до ниво на компјутери, а батериите се исти како и пред 10-15 години.
 
булшит а за да си пуштам музика колку време треба да држам 2 саата? според мене не е практично.
Ако немаш полнач, едниот прст на телефонот, другиот в штекер :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom