Улична серва (Football tennis, Nohejbal)

  • Креатор на темата Креатор на темата kalimer0
  • Време на започнување Време на започнување
Кај нас се вика ова Шуто - дупе :D хаха
Иначе и ја порано нон стоп сум играл серва , сега и ова лето планирам пак да се организираме да играме бидејќи некако од обврски слабо игравме.Да не се фалам ама мн сум јак 2 на 2 кога се игра :D

Ние викаме Битолска или Пучи-Газ :D А за серва, и ден ден стои в маала нацртано поле за серве, и се случува од време на време да сметиме по некоја партија...
 
Игравме во маало пред едно 5 години и од тогаш неам играно , игравме со обележани линии не на мрежа .
 
Најдобра игра . . обележиме поле со што прво ќе ни дојде при рака и играње додека не се стемни . . најдобро е кога се игра 2 на 2 . . секако, без мрежи корпи или било што :)
 
Ехеее, секој божји ден го игравме ова на времето (y)
 
Кај нас па тртенка:D
Исто и кај нас.
Обично игравме тоа ако не се соберевме доволно луѓе за фудбал. Па или тртено игравме или серва. Тогаш немавме интернет, ама се знаело 5, 5-30 у гимназија сите. И по цело лето дур не се стемни тамо сме биле :D

Теее ми се приигра серва сега у пм :D
 
Кај нас се вика ова Шуто - дупе :D хаха
Иначе и ја порано нон стоп сум играл серва , сега и ова лето планирам пак да се организираме да играме бидејќи некако од обврски слабо игравме.Да не се фалам ама мн сум јак 2 на 2 кога се игра :D
Мислиш „шут-у-дупе“? :)

Кој е расположен за серва денес? Временските услови се прекрасни :)
 
Kaj nas kako pomali ideshe eden skopjanec i valjda mislel na shut-u-dupe, zatoa shto on ni ja nauche kako zholto dupe.
 
Маалските игри имаат и маалски имиња... Ние на пример имавме:
- Германка (само со нафрлување на топка)
- Шут у дупе (шуто дупе)
- Единаеска

Искрено, долго време помина и не ми текнуваат баш правилата на сите овие игри. Ама знам дека во сервис (серва) еден период бевме непобедливи. Какви егзибиции паѓале на паркинг (асфалт и тоа рапав), такви неам видено на видеа на YouTube. Сме враќале невозможни топки. Имавме фатено неверојатно добар осет на топка. Инаку, ние игравме 2 на 2 најчесто. Знам дека најдобро се играше со оние гумените фудбали (Tigar). Останатите или се кинеа премногу бргу, или не тапкаа ко што треба. Овие гумениве беа ПРОФИ! :) И да, знам дека дома се враќавме само за ручек и после пак на паркинг се додека не се стемни. Тоа објаснува многу зошто тогаш имавме сите идеална тежина и стомачни мускули за какви само може да сонуваме сега :)
 
Ние фактички Германка коа игравме само викавме: Ај ќе играм Шут у дупе на диганки :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom