На YouTube видеата неможеш да ставаш никакви реклами ако од YouTube самите не ти понудат да бидеш нивни партнер. А тоа тешко се добива со оглед на тоа што треба да имаш оригинални видеа, лично твои или да имаш дозвола за споделување на истите. Досега не сум сретнал никој од Македонија да е YouTube партнер, ако грешам нека ме поправи некој...
Инаку имаш многу сервиси кои плаќаат доколку некој клика на рекламите, ама за ова треба да имаш веб страна, или пак блог...Adsense од Google е една од најпопуларните и најдобрите вакви сервиси но ептен се идиоте што се однесува до Македонците, на многумина им ги банираат акаунтите после неколку недели/месеци користење без никакво објаснување. Сум го имал овој проблем околу 4 пати досега и повеќе не се ни обидувам.
Нешто слично ти е YieldAds - гледам во последно време многу од балканските сајтови го користат. Тука е секако и еден наш сервис, односно не наш Македонски туку достапен и за Македонците - Httpool ама моментално кај нив е затворено за регистрација инаку го користат многу Македонски вебсајтови. Треба да им пратиш барање па да чекаш да видиш што ќе ти кажат.
И на крај ми текна - Commision Junction исто така еден добар сервис за ваква работа ама дефинитивно само доколку вебстраната или блогот ти се на англиски јазик.
Сума сумарум од сите овие според мене единствен и најдобар е Httpool бидејќи има доста Македонски реклами на него а гледам и многу Македонски и други веб сајтови го користат...