jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=4975CC3B64EFE24DBBBB95B95743AC5F
Јас мислам дека на погрешна врата чука Асад, левичарот Оланд сега ќе застане уште поцврсто позади Радикалниот Исламизам кој всушност стои позади бунтот против режимот на Асад. Ајде баш да видиме како ќе се одвиваат работите„Франсоа Оланд треба да размислува за интересите на Франција и да не презентира санкции против Сирија, рече Башар ал Асад, додавајќи дека новиот француски претседател не треба да ја разгорува кризата во Блискиот Исток.
Сирискиот претседател Башар ал Асад му порача на новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд да не ја разгорува кризата, бидејќи тоа може да предизвика опасноат и за европските земји.
Асад рече дека Дамаск има одлични односи со поголемиот дел од светот, освен со Западот.
- Што и да се случува на Блискиот Исток, хаосот и тероризмот, сето тоа е лошо за Европа. Европа не е далеку од нашиот регион. Ние сме на јужната граница на Европа, рече Асад.
Асад се надева дека новиот претседател на Франција ги одразува интересите на Франција и дека не треба да ги охрабрува санкциите против Сирија.
- Оланд не треба да го поттикнува понатамошниот хаос на Блискиот Исток и во арапскиот свет. Санкциите влијаат врз обичните луѓе, но не и челниците, додаде Асад.
Сирискиот претседател рече дека опозицијата на Националниот совет, која повикува на бојкот, нема да има ефект кај сирискиот народ и ќе побара од специјалниот претставник на ОН, Кофи Анан суспензија на насилството.
- Повикот за бојкот на изборите е повик за бојкот на луѓето. Како може луѓето да ги бојкотираат оние кои се нивни претставници?, изјави Асад.
Тој рече дека од основањето на мировната мисија на ОН, бунтовите се намалиле, но зајакнал тероризмот.
Во борбата против бунтовниците и владините сили во Сирија во март минатата година, според информации на ОН, загинале повеќе од 9.000 луѓе, од кои околу 3.200 цивили.