TEDx настани

  • Креатор на темата Креатор на темата bulibile
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 март 2011
Мислења
102
Поени од реакции
18
Во 2010 година во Скопје се одржуваа настани од овој тип, би сакала ако некој бил да сподели некои искуства околу оваа тема, и секако кога повторно ке имаме можност да присуствуваме на настани од ваков тип. Околу TEDx настаните мозете да процитате повеќе на линкот http://tedxskopje.mk/za_tedx
 
Како што памтам кај нас овој настан беше од затворен тип, или попрецизно одбрани луѓе можеа да присуствуваат на настанот. Имаше нешто како пријавување, кој си, што си, зошто сакаш да присуствуваш и слично...

Лично не сум присуствувал, но имам гледано еден куп видеа од TEDx конференции ширум светот, претежно тие техничките, и се доста интересни. Видеата од кај нас се достапни овде, но сѐ уште ги немам изгледано сите. Ги имам гледано Гоце, Илина, Чаусидис и Игор.

Ова до сега ми е една од појаките технички презентации што ги имам гледано. :)
 
Многу јака ствар, стварно многу добри идеи кои вредат да се споделат, па и многу звучни имиња од кои можеш да научиш нешто, да ти се отворат нови хоризонти и погледи на светот и сите размислувања се outside the box. Еве едно видео што ми остави впечаток:

Како што памтам кај нас овој настан беше од затворен тип, или попрецизно одбрани луѓе можеа да присуствуваат на настанот. Имаше нешто како пријавување, кој си, што си, зошто сакаш да присуствуваш и слично...

Лично не сум присуствувал, но имам гледано еден куп видеа од TEDx конференции ширум светот, претежно тие техничките, и се доста интересни. Видеата од кај нас се достапни овде, но сѐ уште ги немам изгледано сите. Ги имам гледано Гоце, Илина, Чаусидис и Игор.

Ова до сега ми е една од појаките технички презентации што ги имам гледано. :)

Jas ne prisustvuvav togash koga se odrzuvaa ali ako dobro me drzi sekavanjeto mislam deka mozeshe da prisustvuva koj saka. Inaku sum gi gledala i jas skoro site od TEDx Skopje i mozam da kazam deka na Causidis e dobro predavanjeto (vsushnost site se super) toj e profesor na filozofski fakultet i imam slushano nekoi drugi predavanja od nego i mnogu znae da prenesi znaewe i iskustva :) Inaku edvaj cekav da se organizira pak nekoj TED nastan ali nisto :/
 
Одбрана публика - како да не. Ова ти е како да речам едно модерно друштво на џаболебари што пробуваат да излезат паметни и кул. Без иронија. Имам присуствувано од чиста љубопитност и не научив ништо ново. Во принцип се се врти во: Јас успеав да... Јас дојдов до тој заклучок... Во светот видов...
 
Да, тие се џаболебарите а ти си интелектуалецот, знам. Не пробуваат да излезат паметни и кул, туку СЕ паметни, начитани и идеите им се за почитување.
 
Одбрана публика - како да не. Ова ти е како да речам едно модерно друштво на џаболебари што пробуваат да излезат паметни и кул. Без иронија. Имам присуствувано од чиста љубопитност и не научив ништо ново. Во принцип се се врти во: Јас успеав да... Јас дојдов до тој заклучок... Во светот видов...

Џаболебари?

Ако не си научил ништо ново, тоа е твој проблем. Има луѓе кои немаат црпка да сфатат некои работи кои се третирани таму и тоа е во ред. Не вреди да плукаш по истото.
 
Добро не мора да ми држиш сега лекции по култура. ;) Ако некој сака да реализира некоја идеја и таа да е оценета правилно и објективно, тогаш се пишува научен труд, се презентира на конгрес. Според импакт факторот на списанието и бројот на цитати се гледа тежината на идејата и генијалноста на авторот.
Но секако, во оваа наша средина повеќе се вреднуваат некои споредни настани, откако вистинската научно истражувачка работа.
 
Не мора да ми кажуваш за научни трудови, почесто ги читам отколку просечниот македонец дневниот весник што го листа.

Голем дел од презентациите третираат тематики, концепти и идеи кои се контра-системски за начинот на кој функционираме денес, како глобално општество земено. А верувај, колку од тие што не се прифатени од научниот колегиум, чеканот на одобрување го мава политиката, не самата наука. Доволно научници и истражувачи познавам да имам увид како иде целиот тој процес. Батали импакт фактор.
 
Епа тогаш ти е јасно колку овие настани се поставени ајде да кажам на некое „возвишено ниво“, а колку всушност е тешко да напишеш еден квалитетен труд и тој да ти биде прифатен од прва, зборам за природно-техничките науки.
И тогаш знаеш колку научната елита, ама мислам за онаа што навистина истражува и работи мисли за овие настани и како ги коментираат. :D
 
Сите говорници на Тед се авторитети во одредени области и најчесто ги презентираат личните видувања ва одредена област каде што се и авторитети. Ретко кој презентира таму научен труд кој треба да се валоризира.
Воопшто не се поставени на некакво возвишено ниво настаните, туку напротив во говорите реториката им е едноставна за да допре пораката до сите гледачи и публика кои можеби немаат соодветен багаж за да ја следат темата ако е на некакво ниво на научен симпозиум.
Ме интересира кое од видеата на Тед тебе лично не ти прави ќеиф?

http://www.ted.com/
 
Епа тогаш ти е јасно колку овие настани се поставени ајде да кажам на некое „возвишено ниво“, а колку всушност е тешко да напишеш еден квалитетен труд и тој да ти биде прифатен од прва, зборам за природно-техничките науки.
И тогаш знаеш колку научната елита, ама мислам за онаа што навистина истражува и работи мисли за овие настани и како ги коментираат. :D

А знаеш дека грото од публиката се колеги со презентерите, и се дел од тој научниот колегиум? Мислам која поента ќе е, да му дојдеш на презентација, и утре да му удриш reject на неговиот труд.

Иновативни и креативни идеа треба да се возвишуваат. Ако ме прашуваш мене, не се доволно возвишени. И тоа како се презентирани во problem solved формат. Затоа што најголемиот дел навистина се занимаваат со одредени проблеми кои не засегаат сите нас.
 
Ај да не ја отераме темава во лични ставови и дискусии. Некој сака научно-популарен пристап, некој сака наука. ;)
Нека си продолжат со нивната работа како што најдобро знаат.
 
Па темава ако не е за лични ставови во врска со ТЕД не знам што ќе е.

Убаво те прашаа погоре - лупни видео и кажи зошто не се согласуваш или што фали итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom