NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Во саботата стартуваше преодниот рок во НБА според кој тимовите имаат дозвола да преговараат, но не и да потпишуваат нови играчи пред 12 јули.
 
Стојаковиќ се договори со Хорнетси

Првата поголема вест на пазарот на слободни играчи стигна од Њу Орлеанс, кој успеа да го обезбеди потписот на Пеџа Стојаковиќ. Според првичните информации, станува збор за понуда која Србинот не можел да ја одбие тешка цели 64 милиони долари за следните пет години која веројатно тешко дека ќе ја добиеше од кој било друг клуб.

На Тери му е убаво во Далас

Џејсон Тери потпиша нов, шестгодишен договор со Мавси за сеуште не објавена сума пари. Со своите игри во плеј-офот во кои заедно со Дирк Новицки беше клучот што Далас стигна до големото финале, 28-годишниот Тери си ја качи цената на пазарот и покажа дека е одлична замена на плеј за Стив Неш.

80 милиони причини за Мело да биде верен на Денвер

Денвер, Нагетси и Кармело Ентони се согласија на продолжување на договорот кој истекуваше следното лето и според новите услови Мело во Колорадо ќе остане до 2012 година за сума од 80 милиони долари.

Лејкерси потпишаа со Радмановиќ, Томас негова замена во Клиперси, а Кесел го продолжи договорот за уште 2 години

Владимир Радмановиќ ја прифати понудата на Лејкерси од 31 милиони долари за пет години и покрај надежите на Клиперси дека ќе успеат да го задржат.
Сепак, и покрај неуспехот во преговорите со Владимир, Клиперси набрзина ја затворија "дупката" настаната со неговото заминување потпишувајќи четиригодишен договор со Тим Томас, кој до вчера беше играч на Феникс. Покрај Томас, тие го направија и веројатно најбитниот потег во ова лето во задржувањето на ветеранот Сем Кесел во следните две години за вкупна сума од 13 милиони долари.
 
Стојаковиќ отиде во Хорнетс.
Бен Волис отиде во Чикаго.
Радмановиќ во Лејкерс.
 
трејдови

Рашо Несторович од Сан Антонио во Торонто во замена за Мет Бонер, Ерик Вилијамс и пик од драфтот 2009 година.

Чарли Вилануева од Торонто во Милвоки во замена за Ти-Џеј Форд.
 
Бен Волас во Чикаго????? не ме заебавајте
 
Гижо напиша:
Бен Волас во Чикаго????? не ме заебавајте
Не е заебанција.
Биг Бен стана Биг Бул :pos:
 
se so se desava so filadelfija da mi kazuvate
 
Fantom_oh напиша:
se so se desava so filadelfija da mi kazuvate

бараат клуб за да го трампаат ајверсон, дали ќе најдат ќе видиме, иако постои можност да бидат вклучени 3 или пак дури и 4 тима.
 
Назар Мохамед потпишал 5 годишен договор вреден 30 милиони долари со Детроит Пистонс со што Детроит ја пополни празнината во рекетот што настана по заминувањето на Бен Волас.


Tyson Chandler од Чикаго е трампан во Шарлот за P.J. Brown и J.R. Smith
 
маркетар напиша:
бараат клуб за да го трампаат ајверсон, дали ќе најдат ќе видиме, иако постои можност да бидат вклучени 3 или пак дури и 4 тима.

:lud: се шо го трампет, типот од ко е во НБА го водит тимот... а имат некои шпекулации кој ќе го замени?
 
Fantom_oh напиша:
:lud: се шо го трампет, типот од ко е во НБА го водит тимот... а имат некои шпекулации кој ќе го замени?

Една од екипите која би можела да го прифати договорот е Атланта, која и покажа интерес за услугите на Ајверсон, пред се затоа што играч од негов профил секако би ја наполнил арената, а и би ги мрднал Хоукси од дното на Истокот. Но, проблем за евентуален "трејд" на Ален во Џорџија е се уште нерешената ситуација со сопствениците на "јастребите", ситуација која се уште трае по ланскиот случај "Џо Џонсон", како и одбивањето на Атланта во евентуалниот дил да го вклучи ланскиот 2. пик Марви Вилијамс.
 
Fantom_oh напиша:
:lud: се шо го трампет, типот од ко е во НБА го водит тимот... а имат некои шпекулации кој ќе го замени?

најново е и тоа да биде трампан во јута за карлос бузер или пак во клиперси за шон ливингстоун.

или пак ајверсон во бостон, воли шчербијак во јута а бузер во филаделфија.
 
ама интересно ке биде летово

го шарлот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom