Најубаво место во Грција според вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Teenage girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 март 2012
Мислења
53
Поени од реакции
10
Се мисли на крајбрежните места каде може да се оди на летување.Кои места сте ги посетиле и што најмногу ви се допаѓа таму? ;)
 
Островчето Тасос, ништо не е скапо, мало островче (100km дијаметар), најубаво е вон сезона за да нема премногу гужва.
А од цел остров, најдобро место е природниот базен Giola што е во карпи, a има и многу добри плажи. Со rent-a-car цел остров со сите плажи
можеш да ги поминеш за неколку саати:

 
Ај да се надоврзам на прашањево во смисла Каде се плажите песочни (без карпи во морето) за да може деца на раат да се бањаат да не ми висат на глаа?
 
Убавината не еден летен одмор не е само во неговата местоположба. Тука е фамилијата или друштвото, сунчањето или журкањето, јадењето или пиењето, ноќниот живот.. Човек мора да приоритира според своите потреби.. Значи, се работи за индивидуален вкус.
Се случило да одам во Грција на море, а уствари морето го видов само еднаш во 10 дена... јбг. 20 дискотеки во Калитеа а јас во луди години :vozbud::tapp:
Сум го посетил секое место на Касандра, и Пото Карас на вториот крак (ради казиното :D)...
Ако се прашувам јас, за смештај најдобро место ми беше Хањоти, а по потреба ке скокневме надолу до Пефкохори и Палури (ради поголем % на топлес женски по плажите:icon_mrgr:) , или нагоре накај Калитеа по журки.. Значи со кола немаш проблем, а и таксито поделено на 3-4 луѓе не беше опасно...
По овие маливе острови не сум бил, а викаат дека било супер вакво такво онакво.. Верувам дека е супер, ама пак ке речам дека одморот зависи од многу други работи, не само локацијата..
 
Бил сум пред 2 години на Лефкада убаво а и не е скапо во вила е околу 300 евра со превоз и осигурување за едно лице. А во хотел е 450-550 евра. А онака кога работев на брод на Крф, Закинтос и Кефалонија и на островчињата под Атина (Милос,Санторини,Нахос,Mукунос и Чиос).
 
Има убави места пред третиот крак. Исто така и Лептокарија е добро. Ханиоти, Калитеа, Пефкохори, Сани Бич.
 
Убавината и мистичноста на Грција лежи дефинитивно во островите.

Ги имате Крф и Закинтос ,кои иако имаат журкаџиски маркер, природата таму што оставила не се гледа никаде на друго место. Shipwreck bay денес се смета за една од најубавите 10 плажи на Светот.
shipwreck-bay.jpg

Кефалонија, Лефкада, Тасос, Родос. Мирни острови, секој на свој начин уникатен и убав. За пример само, Мelisani caves во првиот .. Мммм :love:
Melissani-Caves1.jpg


Итака - Сетете се само на Одисеја, излишно е повеќе да се пишува. Санторини - Најлуксузниот грчки остров, и едно од најубавите места за летување на Средоземјето.
Santorini%206578.jpg
 
Уранополис на третиот крак нешто поинакво, Сани Бич ( како хотелски ресорт ), Афитос дефинитивно најубавата тиркизна боја на морето, не е нешто долги плажи и чуда, ама стварно ми се допаѓа.
 
Еднаш сум бил само и тоа во Нова Врасна, близу Аспровалта. Супер местенце, а и плажа преубава.

Пак да одам, не би сакал. Црна Гора ме повеќе привлекува. :D
 
Јас ви ја препорачувам Атина за време на протести. Да видите изблици на гејска култура и многувековна цивилизација...
 
Јас ви ја препорачувам Атина за време на протести. Да видите изблици на гејска култура и многувековна цивилизација...

Off-Topic: А јас ти препорачувам да останиш дома и да ја вадиш енергијата пред ТВ, а таму каде што навистина треба да ја вадиш... слободно да продолжиш да лижиш гз...

On-topic: Кавос, Крф (y)
 
Полихроно, Лептокарија, Неа Пори. Таму сум бил и ОК си е, не е Бог знае што но добро е. Гледав слики од едно местенце, многу ми се допадна, би сакал да одам некогаш таму......
zakynthos_beaches_zante.jpg
zante.jpg


Иначе местото се вика Zante или Zakynthos.
 
Еднаш сум бил само и тоа во Нова Врасна, близу Аспровалта. Супер местенце, а и плажа преубава.

Пак да одам, не би сакал. Црна Гора ме повеќе привлекува. :D

Штом Врасна ти се допаѓа сигурно и во Солун на плажа ќе ти се допаѓа.
 
Штом Врасна ти се допаѓа сигурно и во Солун на плажа ќе ти се допаѓа.

Бев мал. А и единствена посета на Грчка ми беше тоа. Така да морав тоа. Друго место нема. А и беше тоа пред добри 7-8 години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom