Ана Дурловски

  • Креатор на темата Креатор на темата MarthaGraham
  • Време на започнување Време на започнување

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
АНА ДУРЛОВСКИ НАЈДОБРА ВО ХРВАТСКА

Ана Дурловски

(www.culture.in.mk, 03.07.2006) - На 29 јуни Хрватскиот Народен Театар и додели награда на нашата оперска ѕвезда Ана Дурловски, за најдобра женска улога во Хрватска во 2005 година. Дурловски наградата ја доби за толкување на ликот на Лучија во операта Лучија ди Ламермур во ХНК во Загреб. За овој настап доби највисоки оцени од хрватската критика и публика. Таа беше наречена "македонско пеачко чудо" а еден критичар во својот напис напишал дека "никогаш не видел толку долги овации на отворена сцена и после настапот".


Долго време читам за успесите на Ана низ светот и текстов ми даде повод да отворам тема на форумов затоа што мислам дека заслужува, а не верувам дека многу луѓе од форумов слушнале за неа, пошто кај нас оперската уметност за жал воопшто не се цени, а младите уметници па ич не се знаат.
Иначе Ана е колоратурен сопран - најубавата од трите ’бои’ на сопран, и секогаш кога ја слушам како пее се ежам од нејзиниот глас. Девојката е наша најпереспективна млада оперска пејачка, и веќе има многу успеси кај нас и надвор, пред се во Виена. Што да се каже за ова освен :bravo: :cuc:

И моја препорака - ако случајно начекате дека гостува во некоја опера кај нас обавезно да одите да ја гледате!
 
Кој не ја слушнал,не знае за што зборуваме.
Ана мора да се доживее,со свои уши да се чуе,за да се почувствува она што многумина се обидуваат,а не успеваат да го доловат,
емоциите, вистинската приказна, тоа што авторот сакал да го каже.
Слушајте ја и во дует со нејзиниот сопруг,прават чуда.Ве носат, како со времеплов,во друг свет,во друго време. Таму и тогаш,кога авторот создавал.
А создавал за такви изведби,како на Ана и нејзиниот Игор.
 
bibika напиша:
А создавал за такви изведби,како на Ана и нејзиниот Благоја.

Игор Дурловски:)

И двајцата се навистина совршени вокали, но за разлика од многумина пејачи кои имаат убава боја и висини на гласот, овие двајца имаат и шарм и убавина. Затоа и се ѕвезди :olee: .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom