The Batman Complex

  • Креатор на темата Креатор на темата The High Commander
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Возраст
124
Мора да го погледнете „трејлеров“
Што ако Batman e само халуцинација во психотичниот ум на трауматизираниот Брус Вејн?​
Човекот направил трејлер од исечоци од филмови. Во суштина ги спојува приказните на Inception и на Batman серијалот.​
Но, деталите не се откриени. Затоа на темава сакам да дадеме идеи каква приказна би можела да се крие зад овој трејлер.​
Јас типувам на теоријата дека бетмен е само една од многуте поделени личности во умот на Брус Вејн.​
 
Тешко ми е да поверувам дека Бетмен серијалот ке се дистанцира од неговата главна приказна.
Ваква пресвртница во превод значи крај за филмот, и разочарување за неговите фанови.
Сепак, аплауз за креативноста.
 
Тешко ми е да поверувам дека Бетмен серијалот ке се дистанцира од неговата главна приказна.
Ваква пресвртница во превод значи крај за филмот, и разочарување за неговите фанови.
Сепак, аплауз за креативноста.
10ка зa креативноста нели?
И музиката одлично се вклопува и го надополнува целото искуство.
А каков подобар крај за серијалот би смислиле? Јас мислам дека ова би бил спектакал, поготово ако падне во рацете на добар режисер.

Еве како јас мислам дека би требало да се одвива приказната. Cobb од Inception и тимот влегуваат во умот на Брус Вејн, кај кого е дијагностицирана параноидна шизофренија со цел да го излечат од халуцинациите дека е бетмен, да го вратат во реалноста. Со време сфаќаат дека тука не е само бетмен, дека бетмен е само доминантната од многуте поделени личности во умот на Брус Вејн. И не само тоа туку бетмен е тој што се бори со другите личности, кој се всушност сите антагонисти во бетмен серијалот. Во умот на Брус Вејн Cobb ќе пронајде личност што изгледа исто како него и мисли дека него ќе треба да го спаси. И му кажува кој е и зошто е тука, дека има шизофренија... Тој нема да му верува. Оттука, тој дел кај што Christoper Bale вика You're insane! And I want you out before you do more damage. Го брка за да не ја наруши рамнотежата и лошите ликови да завладеат. Но, веќе е предоцна. Ќе има тука битки до смрт, ќе се елиминираат личностите слично како во Identity. Тука ќе помага и Cobb кој ќе сфати дека само бетмен може да ги истера демоните од умот на Брус Вејн. Но на крајот ќе сфати дека личноста што во умот на Брус Вејн изгледа баш како него, личноста што тој мислеше дека треба да ја спаси и дека треба да стане доминантна е всушност најпореметената. Оттука и делот од American Psycho, кај што Bale вика My pain is constant and sharp. And I do not hope for a better world for anyone. I want no one to escape. Ќе испадне дека таа личност е criminal mastermind, што само ги искористила и изманипулирала сите за да и ја елиминираат конкуренцијата. На крај, пореметениот Брус Вејн би го зезнал Cobb на некој начин и тој би паднал во лимбо, а порементениот Брус Вејн би излегол на површина.
Секси пресврт на крај за епик филинг да има филмот.:cool:

Fan fiction е сто пати подобра од ова срање што холивуд ни го сервира.

Има и други идеи, напишани во коментарите на клипот. Исто има и други клипови, нешто поразлични. Само побарај The Batman Complex.
 
Јас типувам на теоријата дека бетмен е само една од многуте поделени личности во умот на Брус Вејн.​
Би било многу глупо и разочарувачки за фановите на бетмен, мегу кои сум и јас.
Трејлерот е фејк, така да бетмен си останува бетмен, а не производ на умот на Брус, и со нетрпение очекувам да видам за 2-3 месеци како го малти Бејн :)
 
Би било многу глупо и разочарувачки за фановите на бетмен, мегу кои сум и јас.
Трејлерот е фејк, така да бетмен си останува бетмен, а не производ на умот на Брус, и со нетрпение очекувам да видам за 2-3 месеци како го малти Бејн :)
D'oh ! Нормално дека е фејк.
Тешко дека новиов филм ќе ми се допадне повеќе од прошлиот. Џокерот беше најјакиот villain.
dark knight rises.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom