Македонските јазичари во одбрана на горанскиот говор

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Истражувачите од институтот за Македонски јазик на терен

За да го заштитат специфичниот говор на Горанците, кој веќе се обидуваат да го присвојат Србија и Бугарија, македонските научници деновиве го истражуваат и документираат овој дел од македонскиот дијалектен комплекс.
Модерното време меѓу Македонија, Kосово и Албанија ја поделило територијата на Горанците, Македонци-муслимани кои со векови живеат во месноста Гора. Останал нивниот специфичен говор. Истражувачите од Институтот за македонски јазик „Kрсте Петков-Мисирков“ заминаа на Гора за да го истражат и документираат начинот на кој зборуваат мештаните. Според д-р Убавка Гајдова, научен советник и раководител на одделението за дијалектологија при Институтот, документирањето се врши во рамките на проектот за истражување на македонските дијалекти.

- Го истражуваме горанскиот говор, кој е поделен на три територии. Две села, Урвич и Јеловјане, се кај нас, во Полошко. Нашата цел е Гора на Kосово. Со заштита и валоризација на проектите на македонскиот јазик, правна заштита можеме да направиме само на она што го имаме во рамките на нашата држава, не и надвор од неа. Без оглед на тоа, истражувањата треба да си ги направиме и ние за да имаме една целина - вели Гајдова.

Според неа, тоа би требало да го направат и другите држави со договори дека заштитуваат нешто што припаѓа на други заедници кои живеат на нивните територии. На пример, преку Институтот за македонски јазик веќе се заштитени дијалекти на албанскиот, турскиот, романскиот, влашкиот јазик за заедниците што живеат тука.

Дел од македонскиот дијалектен комплекс

Истражувањето се врши во рамките на опсежниот, носечки проект „Македонски дијалектен атлас“ којшто предвидува истражувачки пунктови надвор од земјава.

- Kога ќе вадиме карти со лексички, синтаксички или морфолошки материјал за македонските дијалекти ќе го вклучиме и овој материјал. Најважно е што ние од македонска страна ќе ги истражиме тие говори, затоа што тоа го прават Србите и Бугарите и го претставуваат како дел од нивната јазична територија - вели Гајдова.

Според неа, горанскиот говор е дел од македонското западно наречје, а географски ја опфаќа областа Гора на Kосово и во Албанија, на самото пограничје со Македонија. Академик Божидар Видоески во почетокот на деведесеттите години во пообемна статија напишал дека говорите на Македонците-муслимани добро покажуваат една социјална диференцијација во рамките на македонскиот дијалектен комплекс.

- Овој говор е особено интересен бидејќи го зборуваат Македонци со исламска вероисповед. Диференцијација не се базира на отстапки во овие говори од македонската дијалектна база туку на разлики што се создавале во историскиот развој. Тоа е резултат на различната верска определба на македонското население и тие во најголема мера се одразуваат во сферата на лексиката. Досега не се вршени комплетни дијалектни истражувања на горанскиот говор. Реализацијата на овој проект е од големо значење во дополнувањето на сликата за целокупноста на македонскиот дијалектен систем - вели Гајдова.

Досега немало здружени проекти меѓу земјите од соседството за заштита на овие говори, како дел од духовното културно наследство на Балканот.

Исламизирани во 17 век

Според Гајдова, државните граници никогаш не се и културни или јазични, оти нештата секогаш се прелеваат во другата страна и тоа движење оди постепено.

- Политичките услови секогаш го диктирале темпото на истражувањата. Порано одело потешко, сега е релативно олеснето. Во едно од проширувањата на проектот „Македонски дијалектен атлас“ беа вклучени истражувања од пиринските говори. Прво се отиде во Бугарија затоа што од таму немаше собрано никаков теренски материјал. Егејските говори беа собрани преку бегалците и од таму имаме повеќе материјал. Нови истражувања таму не се направени. Во Албанија се има отидено неколкупати. Сега го прошируваме и на горанските говори - објаснува Гајдова.

Горанците живеат исклучиво на територијата на областа Гора. На Kосово има 19 села, во Албанија - 9, а кај нас има 2 села, пишува во статистиката објавена на Википедија. Таму живеат околу 7.000 Горанци, а во светот ги има околу 60.000. Околу 13.000 од нив поседуваат македонско државјанство. Во двете села на македонска територија живеат околу 1.350 Горанци. Тие се дел од исламската религија, но ги негуваат старите христијански обичаи кои ги задржале и не ги заборавиле. Сите Горанци се муслимани, а исламизирани се за време на османлиското царство, најинтензивно кон крајот на 17 век.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=38740973DBEEFD49866604B6DCCF8C39
 
Јазовичар... :confused: Знаеш... од јазовец... кратки нозе за да може да влегува во нивни дувла.

За горанските говори:
Што се бели, горе Шар планина?
Да л' је снегче, ил' је бело стадо?
Нит' је снегче, нит' је бело стадо.
Да је снегче, би се растопило,
Да је стадо, би се растурило.
Веч тој беше Милкино чадорче,
Под чадорче болна Милка лега.
Брата и гу Турци заробили,
Заробили, пај га обесили.
 
Еве што напшиша Видоески за Торбешкиот говор во Урвич и Јеловјане https://www.facebook.com/notes/abdurahman-din-haljimi/говорот-на-полошките-торбешки-села-урвич-и-јеловјане-краток-осврт-на-трудот-на-б/307524189275047 Тука го има целиот негов труд

310931_307525639274902_655015751_n.jpg

--- надополнето: 23 септември 2012 во 15:17 ---
388570_307526732608126_1376222422_n.jpg
385007_307528362607963_1584128461_n.jpg
375636_307532699274196_1173909182_n.jpg
311323_307533719274094_1667539954_n.jpg
376701_307539025940230_427931131_n.jpg
374811_307540712606728_1543668300_n.jpg
302026_307541665939966_670888775_n.jpg
297558_307543155939817_688477651_n.jpg

--- надополнето: 23 септември 2012 во 15:19 ---
391863_307547592606040_917246824_n.jpg
374252_307550412605758_438184186_n.jpg
382902_307551592605640_338935999_n.jpg
308867_307551989272267_712676688_n.jpg

--- надополнето: 23 септември 2012 во 15:20 ---
Од тука може да заклучиме дека трудот на кој што се повикуваш ти во најмала рака го фалцификуваш. Имено видоески никогаш не истражувал Горански говор во Урвич и Јеловјане истражувал Торбешки говор во Урвич и Јеловјане и самите села ги нарекува Торбешки нуту Горански ниту Македонски
--- надополнето: 23 септември 2012 во 15:24 ---
Исто така од трудот Видоески се обидува да најде некоја комактнос меѓу Торбешите во Македонија , Албанија и Гора така да Јеловјанскиот говор не го споредува со нему геогравски блиските Тетово и Гостивар па и Скопје е поблиску него го споредува со Струшките Торбешки села , и дебарските Торбешки села
--- надополнето: 23 септември 2012 во 15:29 ---
Јазовичар... :confused: Знаеш... од јазовец... кратки нозе за да може да влегува во нивни дувла.

За горанските говори:
Што се бели, горе Шар планина?
Да л' је снегче, ил' је бело стадо?
Нит' је снегче, нит' је бело стадо.
Да је снегче, би се растопило,
Да је стадо, би се растурило.
Веч тој беше Милкино чадорче,
Под чадорче болна Милка лега.
Брата и гу Турци заробили,
Заробили, пај га обесили.

Првиот текст со жолта боја спаѓа во Торбешкиот говор од Гора , Мат и Љума и Шар Планина , додека другарата целина не спаќа во тој говор, на Торбешко ( Горанскиот говор ) тоа би звучело вака.

Веч тија беше Милкино чадарче
Под Чадарче болна Милка легнала
Брата и га Турци заробиле
Заробиле па го обесиле. ;) Викај и друг пат ако ти треба превод:pos::pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom