VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Блиц: Сиријци на обука кај поранешни команданти на ОВК

Припадници на опозицијата од Сирија пристигнале на Косово со цел од локалните албански политичари и поранешните лидери на ОВК да научат тактика за да му се спротивстават на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува „Блиц“, повикувајќи се на АП.
Еден од сириските активисти Амар Абдулхамид, кој е протеран од својата земја, изјави дека престојот на Косово може да им послужи како инспирација за нивната борба.
- Ние сме тука за да учиме. Косово минало низ искуството за кое сметам дека може да ни користи во смисла како различните вооружени формации, кои ги формирала Ослободителната војска на Косово биле организирани - рекол Абдулхамид кој од 2005 година живее во САД.
ОВК се бореше против српските власти од 1998 до 1999 година.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AEA482C0DC4A1F4F97FA71683B0047F7