Акција за помош за четирите дечиња од Велес кои немаат пари ни за кифла!

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Акција за помош за четирите дечиња од Велес кои немаат пари ни за кифла!
Приказната за четирите дечиња од велешкото село Слп кои немаат пари ни за кифла, а која ја објави ВЕЧЕР деновиве ги сплоти корисниците на социјалните мрежи кои организираа акција за помош
Впрочем, станува збор за акција во која сите можат да донираат облека, школски прибор или прехрабрени продукти. Акција ќе се одржи во сабота во 17 часот кафулето Енигма, кај дирекцијата на Т-мобиле. Секоја помош е добредојдена.
F6C256980E611F46AFD485BD6D6E653A.jpg
Мислам дека секој од нас може да одвои барем нешто и да помогне !!!
 
прочитав за децава пред 2 3 дена мислам кога беше објавена веста ( ако не се лажам ) искрено многу ми паѓа жал. мислам дека секој би можел да одвои 50 или 100 денара од својот џеб и да донира за овие мали невини дечиња.

ме загрижува ситуацијата што се почесто има вакви случаеви - веќе од дамна го допревме дното на мизеријата а ова го потврдува тоа. жалосно :(
 
Кога патувам од Скопје на кај ПРилеп ги имам видено овие мислам дека треба да помогнеме на овие луѓе кои немаат. Дали било тоа со донирање на облека,храна или пари. Голема работа ќе завршиме бидејќи како и да е и да се 500 ден. нив повеќе ќе да и биде од помош отколку нас.
 
Мислам дека децата треба да зимаат детски додаток за едно е околу 500 ден месечно колку толку барем да си ја купат храната во училиштето. Да сум од Велес од мојот внук би им ја однел целата стара облека која е како нова. :)
 
Мислам дека децата треба да зимаат детски додаток за едно е околу 500 ден месечно колку толку барем да си ја купат храната во училиштето. Да сум од Велес од мојот внук би им ја однел целата стара облека која е како нова. :)

А ти да претрчаш до Велес, јас радо би се нафатил да ја земам облеката и да ја однесам..
 
Јас ги видов дечињава пред месец дена кога бев на излет во околината на Рајко. Вечерта околу 19:30 часот се симна еден човек со магаре на станицата, ние го чекавме возот за да си одиме во Велес. По некое време стигна возот од Велес и излегоа дечињата од него. Направивме два реда муабет со човекот додека чекаше, рече дека било далеку од Слп до железничката пешки. Си замислувам како ли им е зимно време на децава :( Па и да му се плукнам, како можеле да им ја скинат бесплатната карта, божем се возат на којзнае колку долга релација децата. Срамота! Мораше да излезе статија за да им текне да им ја вратат пак.
Во Велес ќе се организира акција за помош? Дајте ако нема да организираме, да помогнеме колку можеме!
 
дали имате информации КАДЕ ВО ПРИЛЕП можат да се однесат храна, облека и пари?
200001425395689 Стопанска банка,Ванчо Попов.
можеш тука да уплатиш пари.


--- надополнето: 19 април 2012 во 02:38 ---
Акција за помош за четирите дечиња од Велес кои немаат пари ни за кифла!
Приказната за четирите дечиња од велешкото село Слп кои немаат пари ни за кифла, а која ја објави ВЕЧЕР деновиве ги сплоти корисниците на социјалните мрежи кои организираа акција за помош
Впрочем, станува збор за акција во која сите можат да донираат облека, школски прибор или прехрабрени продукти. Акција ќе се одржи во сабота во 17 часот кафулето Енигма, кај дирекцијата на Т-мобиле. Секоја помош е добредојдена.
F6C256980E611F46AFD485BD6D6E653A.jpg
Мислам дека секој од нас може да одвои барем нешто и да помогне !!!
Затоа, АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ СРЦА отворена е жиро сметка на која можете да ја дадете Вашата помош за овие четири дечиња.
200001425395689 Стопанска банка,Ванчо Попов.
 
ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА СТОРИЈАТА ВО ВЕЧЕР


Четирите братчиња од Слп добија бесплатни билети за воз


Генералниот директор Оливер Деркоски, откако ја прочитал сторијата, одлучил Игор, Спасе, Никола и Филип Попови да добијат бесплатни месечни карти до крајот на годинава


По објавувањето на сторијата за маката на четирите деца од велешкото село Слп на страниците на Вечер, голем интерес пројавија поголем број хумани луѓе. Но сепак најзначајно е што Македонски железници - Транспорт реши овие деца да имаат бесплатен месечен возен билет.

Генералниот директор Оливер Деркоски, откако ја прочитал сторијата, одлучил Игор, Спасе, Никола и Филип Попови да добијат бесплатни месечни карти до крајот на годинава. Таткото на децата денеска од МЖ во Скопје ќе ги подигне картите", телефонски не информираше Моника Стефановска од Македонски железници.

До Редакцијата на весникот Вечер и до таткото на четирите деца, Ванчо Попов, пристигнаа поголем број понуди за помош. Хумани луѓе од сите краишта на Македонија се понудија да им ги скратат маките на децата кои секое утро од својот дом во селото Слп, пеш одат до железничката станица ЌРајко Жинзифов" од каде со воз патуваат до Велес да посетуваат настава во осумгодишното училиште ЌВасил Главинов".

Пари, облека, храна ми понудија поголем број поединци и фирми. Ми се јавија од Скопје, Струга, Битола, Тетово, Куманово, Струмица. Ми се јавија од секаде. Срцево ми трепери. Имало добри луѓе што сакаат да им помогнат на моите деца. Не знам како да им се оддолжам на сите нив што сакаат да ги скратат маките на моите деца. Им упатувам едно големо Благодарам. Тоа го имам", со треперлив глас и насолзени очи ни рече таткото Ванчо Попов.

Помош за децата од велешкото село Слп ќе пристигнува и во наредниве денови. Преку социјалните мрежи веќе се формирани групи кои за викендов најавуваат хуманитарни активности, а потоа она што ќе го соберат ќе го предадат на семејството на четирите деца. И тие разговарале со таткото Ванчо за тоа што на децата им е најпотребно дали облека, храна или училишен прибор.

Доколку хуманите луѓе сакаат да контактираат со таткото или пак со Игор, Спасе, Никола и Филип можат да го сторат тоа на телефонот 077 846 037.

(С.А.)
Извор
 
Македонската Медицинска Студентска Организација ( ММСА) во соработка со Невладината Млади за љубов Ве поканува на Хуманитарната забава организирана за собирање на средства за четирите братчиња од Велешкото село Слп. Би ни било драго доколку учествувате во оваа акција.. Поздрав

http://www.facebook.com/events/270231243073249/

..574849_3591823167268_1624063091_2911301_1811763561_n.jpg
 
Сакам да им помогнам барем некако. Каде се наоѓаат?
 
Дојди на забавата и ќе помогнеш... Инаку селото е недостапно за пат, па минатиот пат средствата се однесоа со магариња... секој кој е во можност да донира нека го стори тоа, нека дојде на забавата каде ем ќе помогне ем ќе се забавува...воедно има отворено и жиро сметка
200001425395689 Стопанска банка,Ванчо Попов
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom