Does It Hurt? - The First Balkan Dogma

  • Креатор на темата Креатор на темата Штрудла!
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Забранети коментари на ЈуТубе 3 милиони гледаност, и ништо посебно на форумов на тема Боли ли ? прва балканска догма.. Ми излезе така случајно на Ју Тубе додека правев пауза од читање - Игор Џамбазов Прирачник за Анти антиАлкохоличари.. и за момент не го замислував повеќе Игор од книгата, сега го гледав ин лајв.. За Анета Лесниковска немам коментар.. очекувам вие да кажете што има да кажете..
тие што не го гледале повелете..
 
Интересно филмче го гледав лани летото. Голем впечаток ми остави глумата на, за жал прерано починатиот Бошко Бозаџиевски, фантастичен лик. Во филмот ја има една од најдобрите секс сцени во нашиве филмови. Игор во филмов е бетер од книгата, добар впечаток остава и Дејан Лилич.
 
Некако имам измешани импресии, ама тоа може да била и целта на филмов.
Од една страна е многу интересен пристап за снимање на филм, интересни глумци што на крај ме тераат да се запрашам дали овие глумат или се сериозни.
Од друга страна, ме нервира она балканското... МОРАЛО да се има експрилицитни секс сцени во секој еден филм. Не можам да сватам зошто мора во секој балкански филм да го има тоа.
Јас би му дал на филмов оценка 8, поен загуби поради секс сцената, и поен општо како целина.
 
се сложувам со тоа дека те тера да се запрашаш дали е глума или е реално.. и покрај тоа што го гледав неколку пати сеуште се двоумам.. а јас иначе му давам 10ка на филмов :)
 
Филмов е глеан преку 17 милиони пати...Пааааа.Секоја чест.
 
скоро 18 милиони ќе фати, дали е ова наjгледаното македонско видео на YouTube?
 
Интересен филм ,мене повеќе ми личи како да го снимале онака не дека сакале да биде ова филм
 
Некако имам измешани импресии, ама тоа може да била и целта на филмов.
Од една страна е многу интересен пристап за снимање на филм, интересни глумци што на крај ме тераат да се запрашам дали овие глумат или се сериозни.
Од друга страна, ме нервира она балканското... МОРАЛО да се има експрилицитни секс сцени во секој еден филм. Не можам да сватам зошто мора во секој балкански филм да го има тоа.
Јас би му дал на филмов оценка 8, поен загуби поради секс сцената, и поен општо како целина.
Морало,затоа се вика The First BALKAN Dogma.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom