Едно е да си човек, друго е да си личност

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseUp
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
3
Локација
Skopje
Да сите сме ние луѓе кои живееме на оваа наша ''идеална планета '' меѓутоа многу малку од нас прераснаа од човек кој претставува смао бројка во личност. Што е тоа што човекот треба да го поседува за да прерасне во личност . Пред се треба да има свое ''ЈАС'', да има морална одговорност, како пред својот сопствен суд така и пред опшеството. Треба да е одговорен за својте постапки , да ,да биде со крената глеава во опшеството,да се труди и да влијае во опшеството во кое живееме, да не се смета себеси како дел од некој си број , да претставува индивидуа со свое размислуваење.Да не поптаѓа под туѓите и ефтини личности .
Колку од вас се сметаат за ЛИЧНОСТИ .
 
Кога сите ќе дојдеме до тоа ниво на духовност и свест, нема ни да постојат државите. Нема да има македонци, грци, американци, германци, јапанци. Само земјани. Парите ќе исчезнат и многу работи што сега се чинат дека никогаш нема да бидат искоренети и се дел од човековата природа. Секако на тоа му претходат епохи на еволуција, смена на општествени уредувања (или варијации на постоечки) и ослободување од егото.
Да придонесеш за колективитетот во вистинска смисла не е лесна задача, а е ипак во нашата природа на постоење. И да го имаш светот во твои раце, ако не го промениш-не си придонел ништо (ништо за пошироката заедница, егото секако дека си го потхранил).
 
Јас сум јас зошто не си ти.А ти не си јас ниту пак ќе бидеш колку јас што ќе бидам ти.
Значи јас сум свое ЈАС.
 
Сите сме личности, различни, свои, дури и кога некој копира копира на свој начин..како и да е човек си ако имаш срце, чувстава, разбирање...има една мн убав порака: Постојат многу луѓе но ретко се наоѓа човек :)
 
Развојот на личноста се одвива низ повеќе фази:
  1. атенатален - од зачетокот до раѓањето,
  2. новороденче,
  3. доенче,
  4. детство,
  5. адолесценција,
  6. зрелост и
7. старост.
Секој е личност, но ретко кој е човек
 
Сите сме личности, едини што не се личности се бебињата бидејќи не се оформени немаат карактер немаат свое ја. Откако ќе се родиш првите што влијаат врз твоето градење на личноста се врсницити, фамилијата, медиумите и др.
 
Мислам дека поентата е да се укаже на трансформацијата од личност во лик а ликови имаме од романи до филмови и за жал...во реалниот свет.
 
А постои некој кој не се чувствува како личност? Туку само како бројка?
Кои сме ние да кажеме дека другиот „за џабе тежи на Земјата“?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom