Косовска битка

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.
Историски околности

Периодот непосредно пред битката е исклучително важен и за Србија и за Османлиите. Српската држава прераснала во најсилна на Балканот, така што во 1345 кралот Стефан Душан се прогласува за „цар на Србите и Грците“. Но по смртта на Душан во 1355, неговиот син и наследник Урош I не бил способен да го одржи унитарниот карактер на Царството иако никој не му ја оспорувал титулата. Со неговата смрт царството дефинитивно престанало да постои (воедно Урош не оставил наследник), а месните велможи станале суверени господари над своите територии. Така дошло до раздробување на српската држава и опаѓање на нејзината моќ. Најпознати владетели на вака настанатите формации биле браќата Мрњавчевиќ, Волкашин (срп. Вукашин), владетел на западна Македонија со престолнина во Прилеп, и Јован Углеша (срп. Јован Угљеша), деспот на егејска Македонија со престолнина во Сер, Вук Бранковиќ, господар на Косово и Метохија, и кнезот Лазар Хребелјановиќ, владетел на Рашка и денешна централна Србија со престолнина во Крушевац. Од сите нив Лазар имал најголем авторитет, но останатите не му биле потчинети што дополнително довело до тоа војничката моќ на српските војски во непосредната битка уште да опадне.
Османлиите, пак, уште од многу поодамна постепено ја потиснувале Византија. Во 1352 го освојуваат своето прво упориште на европска почва, а во 1365 веќе имаат освоено толку територија на Балканот што султанот Мурат I ја пренесува престолнината од Бурса во Едрене (Адрианопол, тур. Edirne).
Првите судири меѓу Србите и Османлиите се случиле уште во времето на царот Душан, кој прв ја согледал опасноста од османлиската држава како сила во подем[2]. Но, по неговата смрт во 1355, па сѐ до 1371, Србите не презеле никакви конкретни чекори за справување со Османлиите, чија држава непрестојно јакнела. Токму таа 1371 година браќата Мрњавчевиќ се решиле на своја рака да преземат борбени мерки - директно целејќи кон османлиската престолнина: Едрене, искористувајќи го фактот што султанот Мурат заедно со поголемиот дел од војската војувал во Мала Азија. На 26 септември 1371, Османлиите кај местото Черномен на реката Марица целосно ја уништиле седумдесет илјадната српска војска, благодарение на изненадувачкиот ноќен напад и супериорната тактика. Оваа битка позната во историјата како Маричка битка го означува всушност почетокот на долгиот српско-османлиски судир. По битката Србија е војнички осакатена што силно ќе се чувствува до Косовската битка.
По Маричката битка Турците-Османлии вршеле само повремени пљачкања низ поранешното српско царство. Наскоро потоа Византија и Бугарија станале османлиски вазали. Со погибието на Балша II, господарот на Зета во битката на Саурското поле, Османлиите ја потчиниле и денешна Албанија, а започнале и со напади на Босна. Меѓутоа се случувало и османлиските напади да завршат со нивен пораз; најпознати вакви примери се турските порази во битките кај Плочник (1386) и Билеќе (1388)[1].
Околу ова време ситуацијата за решавачки судир веќе била созреана и било само прашање на време кога и каде ќе дојде до пресудна битка.
Движењето на војските и почетниот распоред



Почетниот распоред на силите пред битката


Кнезот Лазар Хребелјановиќ
Лазар како главен заповедник на српската војска очекувал турско настапување, но не знаел од каде. Мурат, од друга страна, во пролетта 1389 ја концентрирал главнината на својата војска во Пловдив (грч. Филипополис). Движејќи се преку Ихтиман и Велбужд (Ќустендил), извесно време задржувајќи се во Кратово, преку Куманово ѝ пришол на Лазаровата територија од југ.
Српската војска најверојатно била првично распоредена во околината на Ниш (долините на Нишава и Јужна Морава), очекувајќи напад од правец на Средец (Софија). Иако за српското движење има оскудни податоци, може да се претпостави дека кога Лазар дознал за настапувањето на турската војска, преку Плочник и Бела Црква (Куршумлија) и на 14 (27) јуни 1389 пред мрак избил на Косово Поле северно од Приштина каде се влогорил. Изборот на Косовското поле за боиште бил правилен заради неговата стратешка и поволна географска положба.
Српската војска била распоредена на левиот брег на реката Лаб. Центарот на војската се состоел од трупите на Лазар, десното крило од трупи на Вук Бранковиќ, а левото од босанските трупи на Влатко Вуковиќ. Првите борбени редови биле од коњаници кои српската војска ги имала неколку илјади, а и неколку стотини модерни, тешки коњаници.
Турската војска се распоредила спроти српската. Центарот - најквалитетните турски трупи, бил под команда на султанот Мурат, десното крило (европските трупи) под команда на Муратовиот наследник Бајазит, додека левото крило (азиските трупи) под команда на Муратовиот помлад син Јакуб. Турскиот почетен распоред, за разлика од српскиот, ги имал пешаците во првите редови, додека коњаниците во позадина. Дополнително, турската војска имала и одреден број стрелци.
--- надополнето: 17 април 2012 во 21:59 ---
При разгледувањето на текот на Косовската битка, важен и неминовен е еден настан: убиството на турскиот султан Мурат I. Општо прифатен е фактот дека убиството се случило пред почетокот или, барем, пред решавачкиот момент на битката. Сите извори се согласни дека бил убиен со измама: српски благородник под изговор дека пребегнува на страна на Турците бара да биде примен од Мурат, кога всушност и успева да го убие, чин по кој и тој самиот е убиен. Во српското народно творештво овој лик е познат како Милош Обилиќ или, поретко со презиме Кобилиќ. Не е утврдено дали ова убиство било планирано од српското благородништво или пак е самоиницијативен чин. Но, секако, ова имало за цел да ѝ даде барем некаква предност на српската војска:


колку оваа битка била пресудана за Османлиите за нивни натамошен продор на балканот и Европа. ???
 
Во оваа битка се имаат за прв пат употренени кучињата од расата СОП(Српски одбрамбен Пас)
 
Па оваа битка мање више мислам дека најважна за продорот на Балканот бил падот на Цариград ...
 
И на кого му е гајле во Македонија за Србите и Турците?

Уште Цеца фали да запее во темата, рањен кад бих био, крви би ти дала...
хехехехх хехеееееееееееееееее хехехехехехх хееееее ххухуух хааааааааааа хехехехехехехехе хеххеееееееееее будал4е ни едно досетливо хехе
 
- со големо внимание го прочитав овој текст, за оваа битка
досега знаев само 2-3 реченици,но такви битки има многу
во светот па и попознати и потрагични во изминативе 7 века.
- Нам треба да не интересираат, нашите битки од нашата
историја посебно оние со кои ја почнавме онаа борба за
(конечна) слобода на македонскиот народ и самостојна
држава со име МАКЕДОНИЈА. За кој борби оваа наша нова
млада Рамстор-Веро генерација не ни чуле и малку знае.
На пример борбата кај „Ножот“ или борбата на „Буковиќ“
и во двата случаи-борби загинаа сите наши борци-херои.
 
Од општа култура, ако не од друго убаво е да се прочита, никој не ве тера да го научите за петка или да ве приморува да го учите пред да знаете Македонска историја....

Интересна битка, со исто значење за србите како онаа на Марица 1371 за Македонците. Интересно ќе биде да се додадат информации за српската страна, мислам дека читав некаде за поделби меѓу војсководците, дека не застанале сите заедно, имаа и една изрека, касно стиже марко на косово поље, ако знае некој нека стави некој повеќе информации, овака е опфатено само до почеток на битка минимален дел.
 
Карактеристично за оваа битка е што во неа животот го загубиле Мурат I и Лазар.
Отоманскиот престол го наследил Бајазит, кој го убил својот брат Јакуп. Бајазит се оженил со Оливера, ќерка на Лазар. А наследник на Лазар станал Стефан Лазаревиќ, син на Лазар и брат на Оливера.
Стефан бил сојузник на својот зет Бајазит. Во битката кај Анкара, во која е заробен Бајазит од Монголите, учествувал и Стефан, борејќи се до последен момент до него.
Поради овие факти, има историчари кои мислат, дека ова битка е всушност заговор на синовите против татковците.
 
Форумот се вика “Историја“, а не “Македонска Историја“. Според тоа било која историска тема, ако се постави, дури и за Јапонија, според мене е прифатлива, вклучително и Косовската битка која е исто така значајна и за Македонците.
А Крале Марко мислам дека на Првата Косовска Битка не стигнал воопшто, најверојатно затоа што не сакал да војува против своите какви-такви роднини и христијани (иако тие не му укажале помош на неговиот татко во Маричката битка, што на некој начин му дава морално право и да војува против нив). Затоа тој, на некој начин претпоставувам, ја ескивирал битката.
Освојувањето на Турците потоа, мислам дека било на некој начин прашање на чест заради убиството на нивниот султан, но и освојување на една исклучителна стратешка точка од Балканот. Поради тоа и на тие простори населуваат од падините на Кавказ, Албанци, кои што биле докажани како суров планински народ, и кои со таквиот нивен карактер биле гаранција за одржување на Турската супремација на овој дел од Балканот.
 
Форумот се вика “Историја“, а не “Македонска Историја“. Според тоа било која историска тема, ако се постави, дури и за Јапонија, според мене е прифатлива, вклучително и Косовската битка која е исто така значајна и за Македонците.

Така е, но за чудо, темата не се однесува за историјата на Јапонија, туку за Српската историја, и тоа баш за еден настан на кој Србите го градат митот за себе како јунаците на Балканот. Сите знаеме од поновата историја што произлезе од тој мит.

И сега треба да сметам дека е општа култура да знам еден куп Српски и Турски имиња поврзани со тој настан?
 
Така е, но за чудо, темата не се однесува за историјата на Јапонија, туку за Српската историја, и тоа баш за еден настан на кој Србите го градат митот за себе како јунаците на Балканот. Сите знаеме од поновата историја што произлезе од тој мит.

И сега треба да сметам дека е општа култура да знам еден куп Српски и Турски имиња поврзани со тој настан?

a sto e losoto ako se spomena edna bitka eden mig od istorijata na balkanot moment koj ako pobedele srbite ce im se stavelo kraj na turcite.
nemoj da mislis deka ovaa tema ja staviv od nacionalni pobudi nekoj si , tuku naprotiv makedonec sum i jas kako tebe ali motivo borbata i pozrtvuvanosta na srbite vo taa bitka me fascinira.
--- надополнето: 18 април 2012 во 20:27 ---
- со големо внимание го прочитав овој текст, за оваа битка
досега знаев само 2-3 реченици,но такви битки има многу
во светот па и попознати и потрагични во изминативе 7 века.
- Нам треба да не интересираат, нашите битки од нашата
историја посебно оние со кои ја почнавме онаа борба за
(конечна) слобода на македонскиот народ и самостојна
држава со име МАКЕДОНИЈА. За кој борби оваа наша нова
млада Рамстор-Веро генерација не ни чуле и малку знае.
На пример борбата кај „Ножот“ или борбата на „Буковиќ“
и во двата случаи-борби загинаа сите наши борци-херои.

pisi slobodno be prijatele namesto da citiras ovde otvori tema ce citame i nie (y)
 
Има и теории дека завршила нерешено но како и да е веќе било касно за некакво спречување на османлискиот продор на Балканот. И да победеле Србите на Косово ќе имало нова османлиска инвазија.

Клучните грешки се направени кога на Марица никој од околните балкански држави не пратил војска за помош и што се дозволило да падне Константинопол.

Османлиите ги освојувале балканските држави една по една додека овие биле зафатени со мислата нека му умре државата на комшијата а мојата може со чудо ќе се спаси ама не се спасила ниту една.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom