NelTu
Coffee addict
- Член од
- 1 август 2011
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 7.013
Ако ангелите горат е првата книга која е една од седумте книги во кои е раскажана приказната за даркините.
Александра Келер е најбрилијатниот реконструктивен хирург од Чикаго. Еден ден добива необична понуда од некој Французин што живее во Њу Орлеанс. По понудата се гледа дека е некој милионер кој е навикнат сè да добива сервирано на златна тацна. Откако Александра ја одбива неверојатната понуда на Французинот (4 000 000 долари за една операција) тоа ја доведува до нејзино киднапирање.
Александра е одведена во вилата на Мајкл Сиприен (Французинот). Уште кога првпат го виде почувствува нешто кон Мајкл. Но тој не е обичен човек на кого му треба реконструкција на носот или слично. На него му треба реконструкција на целото лице. А да биде уште полошо тој е вампир (Darkyn). Таа оперира врз неговото лице и го прави најсексиот маж во Њу Орлеанс (барем според неа). Нејзиниот престој во вилата е пропратен со многу емоции, романса, љубов и еротика (која секогаш е тука и ќе ве прати низ целата книга).
Во меѓувреме се следи и животот (од постанувањето на свештеник па натаму) на Џон Келер, братот на Александра. Тој е свештеник кого го мачи минатото. Иако е свештеник и е заколнат на целибат тој силувал девојка (или таа го силувала него). Сега како свештеник треба да помине тест за да се придружи на Бретрените (друштво составено од свештеници кои ги ловат, измачуваат и убиваат вампирите).
Џон не е свесен дека и сестра му станува вампир. Не е свесен дека неговата единствена сестра станува суштество против кое тој толку умешно се бори.
Ме интересираше кои се другите 6 книги? Се пребарав и неможам да ги најдам. Ако некој ги има читано нека кажи.
Темата ја сместив во литература, бидеќи појма немав каде на друго место. Ако не е за овде нека ја преместат модераторите.